Професори кои ни предаваат, предаваат и приватни часови на истите ученици... за пари!

Ништо ново, давале и ќе даваат. Исфрустрирани интелектуалци со високо образование работат за мизерна плата. Па и тие луѓе пред се‘ треба да преживеат, па понатаму да бидат професори и ментори.
Проблемот е во целиот систем на образование, кој очигледно е никаков.
 
Добро бе девојче шо се секираш?...Остај ги они шо сакаат нека си праат,имало и секогаш ке има такви професори,па колку сака нека не е дозволено.Да,можда е малку тешко кога гледаш дека ти учиш напорно за да добиеш 5,а некој си ја плака оценката и не се замара,ама утеши се со тоа дека на пример отпосле ти ке бидеш таа која ке знае многу повеке до тој некој и многу полесно ке се снаогаш низ животот...:smir:
 
Па секогаш е така. Кој може - си користи. Дека не е коректно - не е, ама што можеме тука ? Ништо, и никој нема право да му забрани на професорот или на детето да не бара/дава приватни часови.

Ако некој нема друга работа, ќе си ја треска главата во ѕид и ќе се прашува зошто онаа што два збора незнае да склопи има 5ка, а јас 2ка. Ама да точно е има и такви кои се реални при оценувањето дури и да ти давале приватни часови.
 
За 400 денари од час би ја продале и мајка си. Пола генерација оди на вакви часови, и пак вади 2 и 3 на тестови. Ако им е убаво, пак нека одат.
 
ги имало и ќе ги има...само барем да држеа приватни часови на деца што не можат да го сватат тој материјал па да им помогнат, а не да не предаваат како што треба на часови во училиште, и да ставаат послаби оцени и со тоа да не принудиваат да одиме кај нив на приватни часови па дури да знаеме за оценка само...:nenene:
 
Изреволтирана од она што се случува по денешниве училишта ја отворам темава!

Вака сега првин да прашам- Дали е дозволено професор кој ти предава на училиште, да ти предава и приватно (дома) ?

Тоа според мене значи дека ученикот кој оди на такво спремање, го плаќа професорот исто и предметот. Имам милиони примери . . .

Исто така професорот зема една огроОомна сума на пари (пример по биологија професорката која предава во мојата гимназија зема по 500 денари од училишен час. Е сега ако има 3 ученици зема 1500 денари од САМО еден час, а да земиме во предвид и дека одвај можи да се најди место за да појдиш-значи има редици+значи дека заработува повеќе од една просечна плата) И со такво одење на час, таму ти пишува за што ќе те скорни, ти ги кажува прашањата, ти ги пишува одговорите и фактички си го плаќаш предметот и имаш 5 и + професорката те „сака“ најмногу во класот(бидејќи им го полниш џебот се разбира). Плус на тест те гледа кај шо вадиш ливчиња а4 формат за препишување и едноставно тебе ти „замижува“ на тоа а на другите им пишува 1 ?!

Исто така за ова сите знаат, бидејќи секој втор професор е таков, а и едно друго ме изненади што и директорот е запознаен со ова и едноставно и тој им „замижува“, кое за мене е еден голем престап.

Е сега ме интересира вашето мислење за ваквото нешто? Дали ова се случува и во вашето училиште? Дали и вие сте биле дел од ваквите предавања? Дали можи да се превземи нешто или мора да се помириме со тој факт?

И да напоменам дека за сите други спремања надвор од училишните (мислам со други професори) ги почитувам и знам дека не се престапни.
Скрос иста ситуација имаше и во мојата гимназија ама се најде некој паметен ја пријави типката и сега не спрема ама не пишува поголема оцена од 3ка...
 
Многу е педерско да се согласиш да ти држи приватни часови професорот/ката што ти предава во школо...Голем број од нив не сакаат да држат часови на деца што им предаваат затоа што другите деца,соученици ќе почнат да оговараат...Као демек му попушта и слично
 
Нема што да се бара приватни часови од истите професори кои ни предаваат, ако сакаме нешто од нив повеќе, тоа е дополнителна или додатна настава во училиштето. Мислам дека дополнителата ја посетуваат учениците со слаби оценки (во нашиот клас Биологија правеше вакви часови), а додатната за одличните кои сакаат уште повеќе информации.
 
Во основно натавникот математика ме тераше да идам кај негов пријател во пензија.Тој живееше дури во Порта Влае.И морав секоја недела да идам инаку ке ми оставеше тројка за крај година.Од тогаш мразам математика.А овој мојот наставник после секој час заедно со овој кај што бев си делеа парите по пола.ШУПАЦИ
 
Значи сепак можиме да кажиме дека за овој проблем, можеби најмногу крив е ученикот?


Абе ученикот ке си побара ако си добие крив е професорот.Да побараш не е злодело да дадеш е злодело казниво со закон.
 
баш се сеќавам вака правеше професорката по математика во основно, дека имавме од работната 10 теста и намерно немаше да ни ги објасни за после да идеме кај неа дома и да и платиме 200 денари од час.
јас си немав проблеми тоа време со математиката затоа не ни идев
 
Учениците што ги плаќаат наставниците за дополнителни часови .:

- Или заостануваат по предметот, па сакаат да надополнат ..
- Или сакаат да научат повеќе од тоа што го знаат, ако се напредни по тој предмет ...
- Или ако врска немаат, барем да се стекнат со основни знаења за во средно, факултет ..

Ретки се тие што ги плаќаат за да имаат подобра оценка или што ти ја знам ...

А, тоа што има многу такви ученици, и што наставниците си заработуваат +, нивно право ...
 
Јас како прво не знам зошто децава идат на приватни часови а не идат на дополнителна. Јас сум послаба со успехот едноставно по хемија и ги користам дополнителните часови, најчесто сум сама јас со професорката и се` ми објаснува, за 45 минути што сум седела со неа ќе извадам 4 а некогаш и 5.
Само што на таа возраст на децава се` друго освен школо им е поинтересно и нивните им плаќаат приватни, а притоа не гледаат на кој професор ќе ги дадат парите.
 
Глупости, тоа не треба да го има. Се знае професорот што ти предава каде може да ти држи часови. Таму каде што го плаќаат.
Јас додека учев го немаше ова. Ако сакаше некој приватни часови, си се информираше кај професор кој не му предава по тој предмет. Не е во ред.
 
Pa ima vakvi raboti i na fakultet.Za konecnata matmatika mi trebase pomos i nemorav da baram zasto od ka padnavme skoro site na prviot kolokvium profesorkata sama se ponudi da ni odrzi nekolku privatni casevi.
No gledajte ja dobrata strana na seto toa kako i da e tia pari ke si gi dademe i na drugi luge za pomos a vaka licno profesorkata ne ucese i za cudo site sto bevme na casevi kaj nea polozivme :)
za drugite sto bea kaj drugi na casevi ne polozija zasto ne rabotele po nejziniot princip a zadacite im se tocni svarno glupa rabota,i svakate so e rabotata neli ne polozija samo od sto ne bile kaj nea na casevi
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom