Продавам бизнис план!

  • Креатор на темата Креатор на темата TrajkovskiN
  • Време на започнување Време на започнување
Како можи море така. Ако не, дај ми мене 100 евра јас че ти кажам бизнис план. Насади тутун 30 декари. Ете го планот.
Еве сакам пример да видам за што станува збор, па ако ме бендиса че вложам, ако не, не сум будала да фрлам 7000 евра така...
Кажи од прилика за што се работи..
Да ти кажам ова ти иди исто... за тој тутун ако го работиш со аргати+ се останато би потрошил околу 500-600 евра по декар а би извал 300-400 кила по 3 евра продажно однос 1/2 , значи кој има услови ете му раздаботен (не лично ама докажано во многу прилики ) план ...

Ај сега по 10 евра сите што ме прочитавте :D
 
Да ти кажам ова ти иди исто... за тој тутун ако го работиш со аргати+ се останато би потрошил околу 500-600 евра по декар а би извал 300-400 кила по 3 евра продажно однос 1/2 , значи кој има услови ете му раздаботен (не лично ама докажано во многу прилики ) план ...

Ај сега по 10 евра сите што ме прочитавте :D
Не се прај на будала, јас прв го кажав бизнис планов :)
 
Доволно ми беше да ја видам темата, и да знам какви мислења ќе читам.
Многу е едноставно, ако не ви се допаѓа, не читајте, ако имате нешто конструктивно, кажете.
На луѓе им пропаѓале илјадници евра зашто некој дечко во сако и со добро смислен говор му кажал дека ќе ги школува децата или ќе купи куќа. Пропаѓале цели заштеди само поради добро осмислени планови за придобивање на луѓето, а вие сите што го напнавте човекот сигурно би паднале на тоа.

Понатака, никој не ви гарантира лесни пари, човекот рече 50% заработувачка, секој бизнис бара да си го испотиш газот на почетокот додека ти тргне, после други за тебе ќе го потат, вие сакате лесни пари а не сакате да ризикувате.

500 евра е ништо, еве владава дава 5.000 евра, сигурно имате дома уште 2.000 евра и впуштете се во ризик, на крај краева, можно е доколку сакате да го прекинете бизнисот да си ги вратите вашите 2.000 евра преку продажба на она што ви претставувало основно средство. Лупам од памет зашто не знам што е бизнисот и што се условите за кредитот од Владата.

Јас не би идел на оваа варијанта, зашто сум аверзичен на ризик, али ако не најдам работа 1-2 години, сигурно нема да седам дома и да мрчам на луѓе по форуми што барем направиле бизнис план...
 
Najiskreno se nadevam deka ke se javi nekoj avanturist i ke mi pomogni da ja realizirame ideata pa potoa ke vi napisi na temava kako mu se smenil nacinot na zivot ... Nov prihod ;)
Кај најде да бараш(правиш) пари и тоа на форумот на Кајгана? Па овде луѓето идат да дознаат нешто за џабе а ти ќе вадиш пари од нив,кога ќе видам и дека профилот ти е непотполн(без слика и не ти е од вчера,туку од денес) почнува да ми личиш на рибар кој само што фрлил мамка и чека да се упеца нешто(тешка наивчина кој има вишок пари за фрлање).Еден искрен совет од мене,немој да бараш пари од форумџии од калибарот на Кајганџиите,затоа што по постовите ќе видиш дека овде поприлично итри и интелигентни "деца" кои тешко дека ќе ги насамариш.Се надевам исто така дека си искрен во намерата,па ако навистина сакаш да направиш добар бизнис,тогаш можеме да се сретнеме во живо и да ја разработиме идејата,еве јас ќе ти најдам 7000 евра,поздрав :)
 
Јас би рекол бегајте од ваквите.. Ако планот е успешен никој нема да го продава.. ќе бара кредит да си го реализира не бидете толку наивни..ќе позајмува пари од роднини ќе штеди итн итн..
 
Ama da znaes ti ako imas kes za vlozvajnje ke svatis i ke pocnis da rabotis !!!

Друже јас сум заинтересиран за бизнисов....од мене имаш 5000евра за да го започнеш бизнисот...и ти оставам година дена за да ми вратиш 10.000евра(максимум 15месеци за да ми ја исплатиш оваа сума)....после тоа си останува твој бизнисот,немаш никакви обврски кон мене.

Ама уловот,е на Нотар да дадеш изјава,дека одговараш со целиот твој имот(т.е ако немаш ништо на твое име....тогаш да се потпише твој родител)...и дека рокот на враќање на средствата(во износ од полната сума: 5000евра),ќе треба да ми ги вратиш заклучно со завршувањето на 7миот месец од датумот на потпишувањето на изјавата.


Ако си заинтересиран пиши по ПП ќе поразговараме.
 
Уште еден бизнис ми фали кај така не можам да постигнам :tapp:.
 
ајде од почеток сега.
не се продава кола на невидено.
кој ке ти се нафати да ти купи кола ако имаш на рекламата продавам кола, супер е, петка е нема мана. 500 евра.
можеби е фичо, можеби е пегла, можеби е мотокултиватор, можебие само шасија од кола. значи малце од малце , марка гориво година километри така основни работи.
овде можеби се работи за одгледување марихуана или шверц на дрога или бело робље, или пак имаш планови за да ограбиш некоја златара, 500 евра за информацијата другите 7000 за комбе, фантомки и друг материјал кој ти е потребен за да обиеш една банка или златара. мислам дека се разбираме:).
а за биснис планот голема работа, бизнис планој има на секој чекор , доволно е да прошеташ низ чаршија и ке ти текни еден. пари се нема пријателе пари.
а и кога ке го реализираш тој твој толку таен бизнис план, одма ке ти го копираат така да тоа што викаат не се кажува добра идеја не држи вода. секогаш ке се најде некој појак со пари кој ке те копира. ова важи и за другите демек не се кажувало добра идеја.
како да не, чим ја реализираш одма ке се накотат еден куп со такви идеи.
 
Продавам шпорет на дрва со комплет бории и 3 кубици бука цепена од ланските што ми останаа.
 
продавам полу-автоматска мотика ..
ти ја дигнеш, она падне ..

со труд, ќе вратите 1000000000% од уложеното за неполна недела ..

фала :*
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom