Мразам кога некој ќе ми дојде во 5 до 12 да му пакувам подарок, се брза, а автоматски ме брза и мене, после кога ќе излезе грдо јас сум крива. Имаше една случка со една госпожа, никогаш во животов нема да ја заборавам, влегува во цвеќарата сета во брзање, ќе била кума, ќе одела во друг град автобусот ќе и избегал, да и правам бовча и тоа огромна. Значи неможе да очекува дека за половина час ќе ја направамн, т.е. ќе ја направам ама каква ќе биде тоа не гарантирам. Прво треба да ја видам, да ја наредам, па да видам како ќе ја правам... За тоа се закажува, или си иде порано. Што ако јас во моментот имам друга работа, и неможам одма, што ако некој друг во моментот чека? Значи толку ме изнервирала, до степен што почнав да плачам. На крај, па и не го бендиса, кај незнае, нон стоп ми се мешаше како сакала да биде, што е неизводливо, значи и во пакувањето има правила. И уште ми вика незнам кај те вработиле тука, врска немаш, и сето тоа пред други муштерии кои чекаа. Работата е што несмеев да и вратам, нели купувачот е секогаш во право, а на работ бев да ја набркам, толку безобразно суштество немав видено во животов. И и кажав на газдарицата, уште еднаш ако влезе истата во цвеќарава, јас ќе ја избркам и не и се нафаќам ни под точка разно.

Уште нешто... Мразам кога некој душмански го фаќа цвеќето, ако го купи ок, што сака нека му прави ако сака и од земја нека го тресне, ама не купува а чепка по цветовите, колку малку му треба за да се оштети, а јас треба да го продадам.
И ценкаџии колку мразам уф

Едит, јас од обратната страна се изјаснив
