Прочистувачи на воздух

  • Креатор на темата Креатор на темата Druggy
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 јули 2012
Мислења
103
Поени од реакции
67
Возраст
36
Прочистувачи на воздухот се уреди кои го прочистуваат воздухот во просторијата.
Еве неколку од Zepter кои се нудат во Македонија:

http://mk.marketkonekt.com/mk/therapy-air-?productid=w8a

http://mk.marketkonekt.com/mk/therapy-air-plus?productid=x8a

http://mk.marketkonekt.com/mk/therapy-air-ion?productid=y8a

Дали некој користел ваков тип на уреди и какво е неговото искуство?





Поради ситуацијата во која се наоѓа Скопје, а и другите градови, сериозно размислувам да купам ваков уред доколку навистина има ефект.
 
Па ќе помогне нормално, јонизатор е ќе ги прима нечистите честички, ако е со филтер ќе треба многу ретко да го мењаваш.
Им се смеевме на кинезите што купуваа конзерви со воздух, сега кај нас е десет пати полошо...
 
Јас не сум користел, но пребарував малку по интернет за тоа.

Јонизатор не би зел, затоа што според некои истражувања, едните од јоните (позитивни или негативни, заборавив) што ги прави уредот предизвикуваат рак. Потоа на тие истражувања се надоврзуваат деманти, дури и од америчка влада, дека тоа не е така и/или уредите што ги прават тие јони се застарени и не се произведуваат веќе (ама ај биди сигурен дека во оваа вукојебина нема да стигне таков). Друго, повеќето (сите?) јонизатори имаат мана што исфрлаат честички во воздухот, т.е. прават постојните што ги има да се лепат едни за други и за предметите/ѕидовите. Тест: ѕидот наспроти јонизаторот со време поцрнува. Извини, сево ова ми е во бледо сеќавање, може нешто сум помешал, но како што реков, на времето пребарував и воопшто не бев задоволен од работата на јонизаторите и ги прешкртав во глава.

Прашав и во темата за клими, за пречистување на воздух во просторија со клима (од пушење) и исто овој метод не изгледа ветувачки. Обична клима (т.е. со филтри и чуда) го зема воздухот во просторијата и го враќа назад, па филтрите брзо се затнуваат и треба многу често да се чистат. Прозорска би била добра, зашто таа го исфрла воздухот надвор, но тешко се наоѓа кај нас. Можеби кога ќе се исфрли пушењето од равенката, ситуацијата е нешто подобра, но не знам...

Она што би го зел јас (но се уште не сум го зел) е прочистувач со хепа филтер. Можеби има некој и меѓу овие на Цептер, но генерално немам поверење во Цептер затоа што ми изгледаат прескапи, а и се понашаат ко некоја секта (кријат цени, гледаат да те уловат во нивната „мрежа“ итн.). Се сомневам (или прочитав некаде) дека резервните делови за нив се изгор. Јас секогаш ги заобиколувам, можеби и грешам.

Уште една слична фирма, од каде што гледав потенцијални кандидати, е Конрад Електроник. Тие барем играат отворено, иако и тие се прескапи. Од неколкуте модели во потесен избор ми влезе овој, иако:

1. мислам дека е стар модел, ама друго слично кај нас не најдов
2. има јонизатор, се надевам може да се исклучи
3. барав на сајтот на Конрад, не најдов резервни филтри за него. Не сум бил да прашам.
4. еве сега гуглав и стварно ја претерале со цената (или во странство паднала). 1 2 3

Е сега се разочарав, не знам ни јас што да барам. :(
 
Јонизаторот ако си одалечен од него повеќе од 50цм нема корист (така барем сум прочитал ) Најубаво е кога врне или само што ќе престане прошетај па ќе се наполниш со негативните јони или напрај си Водопад дома и етети природен јонизатор :cool: .

За прочистувачите еден комшија има 2 дома, и стварно не осеќам разлика од кај него дома и од кај мене :confused: Подобро парите потроши ги за да се качиш на Водно/Побожје поседи 1-2 ч па иди дома .
 
За пречистување на воздухот, само вентилација со хепа филтри, ништо друго. Незнам само дали постојат самостојни уреди со кои може да се направи тоа или треба да се има канали за довод и одвод на воздухот, како што е изведено во деловните згради, болници, трговски центри и останати големи објекти со централна климатизација и вентилација.
 
Нема шанси јонизаторот да е штетен и да предизвикува рак, тоа се глупости. Јонизатор има во климата, не гледам некој да се пожалил за него.
Може не е толку ефикасен пошто е мало апаратче со оглед на загаденоста која што е преголема, но сепак во мала просторија може да помогне.
 
Принципот на работа на овие уреди е да воздухот во просторијата кој е измешан со честичките прашина (од најразличен дијаметар т.е. големина во микрони) го ушмукаат низ своите филтри и ги задржат честичките прашина со што на излезот искача 99% чист воздух со честички прашина со најмал дијаметар. Тотално 100% нема да го исчистат но дека ке го подобрат тоа сигурно доколку е асолен уредот. Ако уредот има и јонизатор тој го магнетизира воздухот на излезот со што честичките прашина добиваат на маса па како потешки пагаат ниско на подот наместо да летаат повисоко во воздухот кој и го дишеме.
Ја сум алергичен на прашина од пред 5-6години, поминав една цела година по клиникиве примав и вакцини против алергија и со тоа и прекинав со лечењето иако баш и не се излечив :).
Земав и таков прочистувач/јонизатор. Прочистувачите на Цептер, ако сеуште не си се јавил да прашаш пред 5-6год беа 400евра, преценети како да се златни како и се друго кај нив.
Квалитетни јонизатори може да се најдат и за 30евра но нормално не кај нас.
Ја земав Gorenje AP-150 за 7000денари од тука, има тајмер, HEPA филтер(собира најситни честички) и јонизатор, филтерот тука го менувам во сервисот на горење за 500денари.
658493-0.jpg

Јонизаторот врши голема улога а вака дека нагло ке осетиш нешо дека е променет квалитетот на воздухот нема да осетиш, дури и ке си мислиш дека за џабе си фрлил пари за уредот:) но на подолг период користење имаат ефект по здравјето. Ако си земеш од цептер, нивните модели имаат плус мирисчиња за освежување на воздухот па одма ке осетиш промена :)
Битно е ко ке купуваш да прашаш дали има јонизатор и колкав обрт на воздух има m3/h...што поголем волумен на воздух ке сврти на час тоа подобро. За 400евра мислам дека цел клима уред може да се најде со сите можни филтри и ионизатор, ем ке чисти ем ке лади.
Еве и едно видео каде со мерач на честички во воздухот се тестира овој тип на уреди, нешто што мора да го има во спецификација секој пречистувач.
 
Фала на сите што се заинтересираа за проблемот. Навистина добив корисни информации.
Во меѓувреме најдов и некој други решенија дел поскапи, дел поефтини.

Daikin
Daikin
Јонизатор со ХЕПА филтер (too good to be true)

9x
Конрад Електрик
Конрад Електрик

Се сомневам дека јонизацијата предизвикува рак (не сум научник). HEPA филтер очигледно е must ако сакаш квалитетен воздух.
 
Фала на сите што се заинтересираа за проблемот. Навистина добив корисни информации.
Во меѓувреме најдов и некој други решенија дел поскапи, дел поефтини.

Daikin
Daikin
Јонизатор со ХЕПА филтер (too good to be true)

9x
Конрад Електрик
Конрад Електрик

Се сомневам дека јонизацијата предизвикува рак (не сум научник). HEPA филтер очигледно е must ако сакаш квалитетен воздух.
Daikinot се топ башка е фирма на која може да и веруваш според тоа што све има од климатизација измислено, во бугарија гледам се околу 400евра што можда изгледа многу но пак се за поголема квадратура од 45м2 односно јак обрт на воздух имаат. У секој случај ако се двоумиш мегу 2 модела (кои и да се) земи го оној кој има филтри со поголема површина.
 
Во техномаркет има Самсунг за 9500 денари.
Hmmm....оба ти е булшит играчка за 150evra...помалку би се заебал кога би го платил пречистувачот од топ-шоп(тој барем е 3пати поефтин)....кој филтер може да има нешто вакво што е големо колку кригла пиво....тешко дека ова може и просечен шпајз да го држи чист не па дневна од 20м2 или више м2.
 
Самсунгов е чист јонизатор... Зар не ги гледаш вирусите како експлодираат внатре? :tapp: Или се јоните што се создаваат? :pos:
Такви (обични јонизатори) имам гледано кај нас за 2-3 илјади.

Се јавив во продавницата на Горење да прашам дали имаат... „Пречистувач? Јонизатор? Што е тоа?“ :rolleyes:
 
Hmmm....оба ти е булшит играчка за 150evra...помалку би се заебал кога би го платил пречистувачот од топ-шоп(тој барем е 3пати поефтин)....кој филтер може да има нешто вакво што е големо колку кригла пиво....тешко дека ова може и просечен шпајз да го држи чист не па дневна од 20м2 или више м2.
Ова лечи сида пошто гледам тепа вируси,и кај се клава ако лечи :).
Туку мајтапот на страна, веќе ако толку сте загрижени за вашето здравје, купете еден аспиратор кој има филтер со активен јаглен. Обично се става кога аспираторот нема можност воздухот да го спроведе надвор, па со активниот јаглен се апсорбираат непријатните мириси. Уште кога ќе го земиме фактот дека активен јаглен има во секоја гасмаска која ве штити од бојни отрови, воздухот во собата има да ви биди чист, почист здравје.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom