Јас не сум користел, но пребарував малку по интернет за тоа.
Јонизатор не би зел, затоа што според некои истражувања, едните од јоните (позитивни или негативни, заборавив) што ги прави уредот предизвикуваат рак. Потоа на тие истражувања се надоврзуваат деманти, дури и од америчка влада, дека тоа не е така и/или уредите што ги прават тие јони се застарени и не се произведуваат веќе (ама ај биди сигурен дека во оваа вукојебина нема да стигне таков). Друго, повеќето (сите?) јонизатори имаат мана што исфрлаат честички во воздухот, т.е. прават постојните што ги има да се лепат едни за други и за предметите/ѕидовите. Тест: ѕидот наспроти јонизаторот со време поцрнува. Извини, сево ова ми е во бледо сеќавање, може нешто сум помешал, но како што реков, на времето пребарував и воопшто не бев задоволен од работата на јонизаторите и ги прешкртав во глава.
Прашав и во темата за клими, за пречистување на воздух во просторија со клима (од пушење) и исто овој метод не изгледа ветувачки. Обична клима (т.е. со филтри и чуда) го зема воздухот во просторијата и го враќа назад, па филтрите брзо се затнуваат и треба многу често да се чистат. Прозорска би била добра, зашто таа го исфрла воздухот надвор, но тешко се наоѓа кај нас. Можеби кога ќе се исфрли пушењето од равенката, ситуацијата е нешто подобра, но не знам...
Она што би го зел јас (но се уште не сум го зел) е прочистувач со хепа филтер. Можеби има некој и меѓу овие на Цептер, но генерално немам поверење во Цептер затоа што ми изгледаат прескапи, а и се понашаат ко некоја секта (кријат цени, гледаат да те уловат во нивната „мрежа“ итн.). Се сомневам (или прочитав некаде) дека резервните делови за нив се изгор. Јас секогаш ги заобиколувам, можеби и грешам.
Уште една слична фирма, од каде што гледав потенцијални кандидати, е Конрад Електроник. Тие барем играат отворено, иако и тие се прескапи. Од неколкуте модели во потесен избор ми влезе
овој, иако:
1. мислам дека е стар модел, ама друго слично кај нас не најдов
2. има јонизатор, се надевам може да се исклучи
3. барав на сајтот на Конрад, не најдов резервни филтри за него. Не сум бил да прашам.
4. еве сега гуглав и стварно ја претерале со цената (или во странство паднала).
1 2 3
Е сега се разочарав, не знам ни јас што да барам.
