Проблеми при надградба

  • Креатор на темата Креатор на темата SteF
  • Време на започнување Време на започнување

SteF

I love this Kich
Член од
19 март 2006
Мислења
2.183
Поени од реакции
1
Има една многу мала СТВАР што на ПРСТ ја ставаш а за ГУША те стега.
и еве една од многуте поплаки.

:ija: Проблеми со надградба од Дечко 5.0 на Маж 1.0:ija:

До техничката поддршка:

Почитувани !

Минатата година извршив надградба од Дечко 5.0 на Маж 1.0 и приметив дека новиот програм почна да врши неочекувани промени на софтверот за книговодство, жестоко лимитирајќи го пристапот на апликациите за гардероба, цвеќе и накит кои совршено функционираа под Дечко 5.0. Во упатството за тој производ немаше напомена за тој феномен. Исто така, Маж 1.0 врши деинсталација на многу други значајни програми како што е Вечера и танц 7.5, Крстарење 2.3 и Кино/театар 4.1 и инсталира нови, непосакувани програми како што се Покерска вечер 1.3, Фудбал 5.0, Алкохол 2.4 и Неред насекаде 4.5. Програмот Разговор 8.0 повеќе не работи, секој пат кога ќе го употребам, ми се руши системот. Ни под ниедни услови не сака да изврши наредби од програмите Менување на пелени 14.1 или Чистење на станот 2.6. Пробав преку употреба на Караница 5.3 да го поправам Маж 1.0, ама овој повеќенаменски програм (utility) на Маж 1.0 има ограничена ефикасност. Ве молам, дали можете да ми помогнете!!!

Искрено Ваша, "Анонимна"

>Одговор од техничката поддршка:

Драга "Анонимна"


Ова е многу чест проблем на кој се жалат жените, но воглавно настанува како резултат на заблуда. Многу жени вршат надградба од Дечко 5.0 на Маж 1.0 незнаејќи дека Дечко 5.0 е само пакет за ЗАБАВА. Меѓутоа, Маж 1.0 е ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ и е проектиран на тој начин да извршува што е можно помалку апликации. Значи, не можете да го избришете Маж 1.0 и да се вратите на Дечко 5.0, затоа што Маж 1.0 не е проектиран со таа можност. Не е возможно да се изврши деинсталација, бришење или чистење на програмските фајлови од системот, кога тие се веќе еднаш инсталирани. Било кој нов програмски фајл може да се инсталира еднаш годишно, затоа што Маж 1.0 има ограничена меморија. Пораките за некои грешки се чести и претставуваат нормален дел од Маж 1.0 . Во очајничките обиди да стартуваат некои од своите омилени стари апликации, некои жени се решаваат да ги инсталираат Швалер 1.0 или Маж 2.0. Меѓутоа тие жени на крај имаат многу повеќе проблеми отколку што имаа со Маж 1.0. Погледнете во прирачникот кај предупредувањето: Разводи/Алиментација. Ќе приметите дека тие програми не се финансиски исплатливи, а плус тоа со нив заедно оди и програмот Скршено срце 1.3. Предлагаме да го задржите Маж 1.0, и да едноставно ги научите чудата на овој необичен и нелогичен систем. Бидејќи и ние самите ( жени ) имаме инсталирано Маж 1.0 Ви предлагаме да го прочитате цел оддел за Општи Грешки во Заедницата – ОГЗ. Тоа е прекрасна опција на Маж 1.0 , која е тајно инсталирана од програмерите така да е составен дел од целиот оперативен систем. Маж 1.0 ќе ја превземе ЦЕЛАТА одговорност за СИТЕ грешки и проблеми, без разлика на причината. За да би се активирала таа прекрасна опција, внесете ја командата C:\mislev deka me sakas. Понекогаш заедно со таа команда мора да се извршува и програмот Солзи 6.2. Маж 1.0 тогаш би требало да ги изврши скриените апликациите Извинување 12.3 и Цвеќе/бомбоњера 7.1.
Совет: Избегнувајте го пречестото користење на оваа опција. Тоа може да предизвика додатни и поозбилни ОЗГ, и на крајот ВИЕ ќе треба да ја извршите командата C:/se izvinuvam . Претераната употреба, исто така може да предизвика да Маж 1.0 ја изврши и апликацијата Мрзлива тишина 2.5, или пак уште полошо, Пиво 6.0 кој е многу лош програм кој предизвикува правење фајлови ‘Дебел стомак’ и ‘Гласно р’чење’ кои се бришат многу тешко.
Спасете се самите себеси од неволји и послушајте го овој технички совет! Само запаметете! Системот ќе функционира глатко, и ќе ги превземе сите кривици за ОГЗ, меѓутоа поради тие фини карактеристики само повремено може да ги извршува сите апликации кои ги извршуваше Дечко 5.0. Маж 1.0 е одличен програм, само што има ограничена меморија и нови апликации не може многу брзо да учи. Размислувајте за дополнително купување на додатен софтвер за подобрување на перформансите. Ние препорачуваме Топла храна 3.0 , Долен веш 5.3 и Трпение 10.1. Кога се користат заедно, тие програми и Маж 1.0 работат без грешка. После неколку години употреба, Маж 1.0 ќе стане близок и ќе пронајдете многу вградени карактеристики како што се Поправи ги скршените работи 2.1, Галење 4.2 и Најдобар пријател 7.6.
Финална опомена!!! НИКАКО, ни под било кој услов, не го инсталирајте програмот Свекрва 1.0. Таа апликација не е поддржана, и ќе предизвика селективен Shut Down на оперативниот систем. Маж 1.0 ќе ги извршува само Ловење риба 9.4 и Спорт 5.2 се додека Свекрва 1.0 не се деинсталира.
Се надеваме дека овие напомени ви помогнаа. Благодариме што избравте да го инсталирате Маж 1.0 и ние овде од Техничката поддршка ви посакуваме многу среќа во наредната работа со системот. Веруваме дека ќе научите да уживате во овој производ!

Техничка поддршка
Ви благодариме Однапред, а и од Одзади. lol
 
:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

Се згаѕив од смеење и да знаете дека програмот Маж 1.0 е многу заебан не кликајте да го инсталирате се додека не сте сигурни дека е без вируси ....:star:
 
Еј, а кај можам да најдам информации за Надрадба на Девојка 2.5 во Сопруга 1.0?
 
За тоа ти треба Храброст 10.1 и добар крак за да би немал проблеми при самата инсталација на Сопруга 1.0.
 
Хехе, закон оперативен систем. :)
 
Храброст иам верзија 8.2 не е проблем да се надгради на 10.1 али кај да најдам КРАК?? може крак од ѕвездата од знамето на СФРЈ??? Иам пет дома (краци мислам).
 
Идеава ти е добра. Што пвеке краци имаш т.е. што повеке ѕвезди симнеш (download-ираш) за Сопруга 1.0 би било уште полесно при инсталацијата кога ке дојде до главниот дел "Accept LICENSE AGREEMENT" дали ке биде " Yes " или " No ", пошто за овакви програми ке ти треба обострана подршка.
 
Сакам да надградам од ДЕВОЈКА на МОМЧЕ. Проблеми.
:)
 
Сајберка, не верувам дека некој досега се сретнал со таков проблем. Ти си една од првите корисници на ваква надградба. За жал ќе добиеш нетестирана верзија, што подразбира миљон багови и ерори.
Ти како компјутерски писмена личност, би можела да дадеш личен придонес во креирањето на оваа комплицирана надградба, и подоцна своето искуство да го пренесеш со останатите луѓе кои ќе бидат заинтересирани за овој вид на надградба.
Бест Лак. Тончи.
 
Instaliraj si SVALER 1.001.033 Beta1. Ke raboti paralelno so MAZ 1.0 A mnogu podobro od nego. Posle nekoe vreme mozes da instaliras uste eden SVALER od ponova verzija najverojatno Final Edition treba da izleze za nekolku meseci taka da izdrzi so beta verzijava a posle so final-ot nema da imas nikakvi problemi. Sakam da ti kazam ti koristi si go MAZ 1.0 on nema da primeti deka imas instalirano Svaler 1.00../ . PROBAJ VAKA MISLAM DEKA SUPER KE TI BIDE SISTEMOT:kafe:
 
Само пазете на вирусот Швалер 1.0 зашто он сто посто има можност да пенетрира длабоко во системот на Девојка 2.5 и после да ви ја превземе контролата. Најбоље решение е еден многу стар програм што се користи до ден денес...Ќотек 6.0. Ако овој програм не работи правите систем шат даун и инсталирате нов систем на Девојка во бета верзија и се логирате само на кратко кога сакате да пристапите во фајлот C://program files/seks или пак можете и вие да си направите свој вирус Швалер кој ќе го користите на туѓи системи.:pos2::bip:
 
Сакам да надградам од ДЕВОЈКА на МОМЧЕ. Проблеми.
:)

За да го надоградиш програмот девојка 2.5 во момче 0.5 ке ти бидат потребни програмите Пари 3.0, Пенис Донатор 11" како и апликацијата доктор 4.6, која може и да ја кракнеш за да не плаќаш за оригинал, но тогаш по надградбата може да се јави нестабилност на системот.....
 
Сакам да надградам од ДЕВОЈКА на МОМЧЕ. Проблеми.
:)
Удри формАт на Вагина 1.2 и инсталирај Пенис 2.0 полезетски е да си пенис.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom