Prison Break

  • Креатор на темата Креатор на темата DarkAvenger
  • Време на започнување Време на започнување
и третата и четвртата сезона да не ги направеа ќе се трпеше некако ... Фајнл Брејк беше капак на се ...
 
Не, да не го направеа the final break ќе се трпеше некако, вака ... why God, why ? :nesvest:

Да да, Фајнл Брејк е интересна ама многу лоша е смртта на Мајкл:jaj: Овака пред да ја изгледам Фајнл брејк мислев дека умрел од тумор на мозокот ама :toe:
 
Пред се` да кажам филмчево/серијава влезе број еден кај мене..

Мислам дека од сите останати серии, оваа е најблиску до совршенство..

Прва сезона беше право луууудило.. Секоја ама буквално секоја епизода имаше зошто да се гледа.. Една пропуштена епизода може да направи хххх работи да не ти се јасни од каде дошле и зошто е баш така..

Втора сезона е Ок.. Забелешка имам само за тоа што преголем дел е изгубено за сите да се сретнат на исто место.. И помал е бројот на непредвидени работи.. Но воопшто не е лоша..

Трета е доста слична на прва, но сепак многу различна.. Забелешката е што крајот на третата се очекуваше, односно се знаеше дека ќе избега, и ќе ги ослободи повеќето со него.. Но сепак имаше измени.. На пример не ги зеде сите пред се`.. И да.. Начините на договори во третиот затвор беа исто лудило.. Штета што не беше долга..

Додека пак четврта сезона е нај нај.. Сега веќе ги гледаме сколфиловци во добро светло.. Не само што не се бегалци, туку напротив.. Се возат и во супер џипови, со пари и тн и тн.. Меѓутоа во четврта сезона мислам дека и два пати со ред да изгледаш, пак ќе има работи кои нема да ги запомниш.. Има прееемногу дешавања.. Тоа е и врвот на филмот..

За крајот? хммз.. тој е.. посебен... Искрено мислам дека и подобро е вака.. Се покажа пред сите.. Па.. во ред е и славно да загине.. Во спротивно ќе требеше и друга сезона :)

Тоа е тоа накратко.. И да.. Освен историјата, случките и слично, глумците се одбрани пре перфектно.. Па дури и статистите си одговараат на улогата..

Секоја чест за креаторите.
 
А некој да не има информација до каде стаса таа серија шо требаше да претставива како продолжение на Призн Брејк, со сите оние ликови кои преживеаа??
Наназад неколку страни се зборуваше за неа, ама одтогаш никој ништо нема кажано:toe:
 
Да да, Фајнл Брејк е интересна ама многу лоша е смртта на Мајкл:jaj: Овака пред да ја изгледам Фајнл брејк мислев дека умрел од тумор на мозокот ама :toe:


A aко забележиш на крајо, во видеото шо Мајкл им го остава, и во тоа документите, ќе забележиш дека и онака туморот не му бил излечен, па за некое кратко време ќе беше мртов.
 
А некој да не има информација до каде стаса таа серија шо требаше да претставива како продолжение на Призн Брејк, со сите оние ликови кои преживеаа??
Наназад неколку страни се зборуваше за неа, ама одтогаш никој ништо нема кажано:toe:
Цк, не продолжуваат ликовите шо преживеаја, туку нови ликови, ама некои екс затвореници. Ај, ај, исти пенис. xD
Па, мислам дека почнаа кастинзите, прочитав пред некои недела-две такво нешто, само не знам каде беше.
 
хммз..Порано се ширеа муабети и дека децата од сите главни ликови ќе продолжат со нешто ама.. сумљам..

Во секој случај мислам дека нема да го има истиот ефект како овие 4 сезони.. Не ни сумљам дека секоја епизода ќе е интересна и различна, туку напротив. Знам дека и следната приказна ќе воодушевува ама... Штознам.. Ајде .. времето ќе покаже.
 
A aко забележиш на крајо, во видеото шо Мајкл им го остава, и во тоа документите, ќе забележиш дека и онака туморот не му бил излечен, па за некое кратко време ќе беше мртов.
Абе добро тоа, ама пред да ја гледаш Фајнл Брејк ти знаеше ли дека Мајкл умрел поради тоа шо ја спасувал Сара од затвор или веднаш си помисли дека е поради туморот???
 
Абе добро тоа, ама пред да ја гледаш Фајнл Брејк ти знаеше ли дека Мајкл умрел поради тоа шо ја спасувал Сара од затвор или веднаш си помисли дека е поради туморот???


Нормално дека незнаев :)
 
Prison Break returns!!!!!незнам што и како и зошто но на фејсбук групата само што истакнаа дека од 19 овој месец се враќаат со нови епизоди,проверив и на официјалната на п.б. точно е!
 
Prison Break returns!!!!!незнам што и како и зошто но на фејсбук групата само што истакнаа дека од 19 овој месец се враќаат со нови епизоди,проверив и на официјалната на п.б. точно е!

Не се враќат со нови епизоди, туку почнуваат од почеток да ги прикажуваат на Si TV. Некоја од тие шпанско/аргентинско/мексикански телевизии мислам беше.

Sí TV is an English-language cable network that caters to the bicultural Latino population.
 
Ќе има ли продолжение на овие шо ги даваа на сител?
не сум ги гледала сите, може некаде да ги даунлоадирам?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom