Prison Break

  • Креатор на темата Креатор на темата DarkAvenger
  • Време на започнување Време на започнување
13 епизоди ке има 3та сезона

Ќе имат пауза после 13-тава епизода, но не е официјално крај на сезоната.


Едит: И официјално последна епизода од оваа сезона :nesum:. Под знак прашалник е дури и сезона 4 па можно е оваа епизода 13 да биде и последна . :nesum:

Според пишувањето на официјалниот форум на Prison Break -за 13-тава епизода велат: "Tonight was amazing...":), да не ви откривам детали уживајте во сите 45 мин. кои останаа после ќе прајме муабет.
 
здраво...2 пати ја спуштив 13 епизода ама никако не се отварат..бара некој domplayer ама секаде каде процитав то е некое вирусно срање...торентите сите се такви...знае ли некој повеке..поздраффффффф
 
Многу добра епизода. Колку ли само е паметен Скофилд.
А сега не ни останува ништо друго туку да чекаме долго, долго......

ПС: Торентите се срање. Линк за download на 13 епизода ---> тука
 
Добра епизода, греота Сукре.
Не е спојлер за никаде беше и во минатата:)
 
јас ја имам веќе трета сезона он вика втора јас ја имам трета сега треба да излезе 13 и 14 епизода и така
 
Добра епизода,посебно финтата со музејот и метал детекторите :)

Сега ја чекаме одмаздата на Мајки , другарчињата во Сона итн итн.
 
wow. Ди Арт оф Дил
Интересна епизода ама искрено послаба ми беше од претходната. Добро барем остави интересни прашања за уште епизоди, сезони или што и да се ...

1. Одмазда за Сара. (по муабето на махон и вистлеринтересно ќе биди да видиме шо се случило(освен дека актерката била бремена))
2. Кога веќе сме кај овие двајца. Прво за поедноставниот: Црно му се пиши на Махон. (пс. што ли е дооговорот меѓу него и вистлерот?)
3. Покомплицираниот ВИСТЛЕР. Кој е овај тип? Каква врска има со компанијата? Очигледно координатите беа маска.
4. Теодоро. Типот не се прај никаков заштитник на затворениците. Добра маска за да биди лидер. Сеуште според мене најјакиот лик во серијата (да појак и од мајкл)
5. Папито Сукрито. Зошто мораше да заглави бе... ццц Сега е ред на мајкл шо ќе прај за да го спаси него.
6. Белик. Заслужи да остани в затвор. Тркалото се врти, треба да си ги исплати гревовите за фокс ривер.
7. Уф. Фемили Буровс (линк,лџ,софиа) хев а најс лајф ат д карибеан.
8. Лечеро. Бај Хоуми.

Искрено не забележав сизн финале во епизодава. Шо треба да значи? дека е мидсизн финале? Ако излези некој трач кажвајте еј.
Епизодата си заврши така нормално како припрема за следна целина.
 
Чекај сега малку.
Ако сфатив јас убо од муабетот на Махон и Вистлер, Сара е уште жива. Махон му рече на Вистлер дека кога тогас Мајкл ќе ја пронајде (претпоставувам дека мислеше за Сара)
Ај некој нека појасни
 
Па веројатно главата била маска. Видов негде дека актерката била трудна па ќе се вратела занекое време. (освен ако не се врати како дух и мајкл да почни да се губи)
Муабетот на овие двајцата е интересен да .. останва да видиме како ќе се развива дејството.
 
Ако навистина Сара е жива, тогаш продолженијата ќе бидат многу добри. Одвај чекам да почнат пак
 
Чекај сега малку.
Ако сфатив јас убо од муабетот на Махон и Вистлер, Сара е уште жива. Махон му рече на Вистлер дека кога тогас Мајкл ќе ја пронајде (претпоставувам дека мислеше за Сара)
Ај некој нека појасни

Муабетот на Махон и Вистлер беше дека ако Сузан стварно ја убила Сара како што тие мислат, Мајкл ке ја најде Сузан и тогаш тешко нејзе. Значи уште не држат во неизвесност дали Сара ќе се врати или не.
 
(освен дека актерката била бремена))
1.Точно е дека Сара заради бременоста се откажа од серијава, а дали ќе се врати т.е. дали ќе ја оживеат :) тоа :toe:

Муабетот меѓу Вислер и Махон ( Махон му рече на Вислер дека кога тогаш Мајкл доаѓа по Гретчен да се освети за Сара, а ако е така тогаш и тие двајца ќе го папаат :pos2:покрај нејзе)
најјакиот лик во серијата (да појак и од мајкл)
4.Секоја чест кон Ти-Бег, но овде станува збор за вкус, а мое мислење е дека Мајкл е мозокот во серијава, знам дека ќе речете дека тој е главен лик , но најгенијалните потези ги влечи токму тој.

5. Можна е и друга варијанта на новава сезона т.е. Мајкл повторно да се врати во Сона по Сукре, па после уште едно де жа ву да гледаме како бегаат :vozbud:лудило ќе бидит одвај чекам.


дека е мидсизн финале?
Дај боже да е така ко шо велиш ама јас не вервам
 
1.Точно е дека Сара заради бременоста се откажа од серијава, а дали ќе се врати т.е. дали ќе ја оживеат :) тоа :toe:

Муабетот меѓу Вислер и Махон ( Махон му рече на Вислер дека кога тогаш Мајкл доаѓа по Гретчен да се освети за Сара, а ако е така тогаш и тие двајца ќе го папаат :pos2:покрај нејзе)
4.Секоја чест кон Ти-Бег, но овде станува збор за вкус, а мое мислење е дека Мајкл е мозокот во серијава, знам дека ќе речете дека тој е главен лик , но најгенијалните потези ги влечи токму тој.


5. Можна е и друга варијанта на новава сезона т.е. Мајкл повторно да се врати во Сона по Сукре, па после уште едно де жа ву да гледаме како бегаат :vozbud:лудило ќе бидит одвај чекам.


Дај боже да е така ко шо велиш ама јас не вервам

1. За Сара изгледа јас неубо ги слушнав (плус имав негде читано за ова) Глуп јас си го расипвам значи филмот. Во секој случај јасно е дека мајкл оди да ја одмазди Сара сега.
2.Никој не рече дека мајкл не е мозокот на серијата. Точно целото дејствие го носи тој. Меѓутоа Мајкл ми е = Призн Брејк па не го осеќам како лик. Плус Т-Бег го спомнав поради сите муабети, снаодливост едноставно чоекот и покрај то шо е расипан криминалец е јак. ОЧекував таква реакција :)
3. Враќање на Мајкл по Сукре во Сона и му беше на ум претходниот пат кога пишав дека Мајкл ќе го спасва Сукре. Ама сепак мислам дека ќе биди малку претерано на двапати да ги прај будали. (така ќе премини во доменот на шпанските сапуници). Ќе треба да го стават во посебен кафез и да вработат специјално 10 стражари него да го чуваат. :)
4. Засега ништо не е официјално соопштено. Веројатно се чека да се одлучи. СЕгде кај шо гледам обично за следните епизоди нема ни трага од следна епизота. Одбројувачот до следната епизода на официјалниот сајт не работи :(
Како и да е ајде сакам малку акција. Сите други серии можат да му носат вода на пб.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom