Јесте да е малку глупо, ама ќе се обидам да ти доловам една споредба.
За година-две Реал минува низ тежок период, не освојувате ништо, завршувате 4ти, го бркате Анчелоти на клоци. Доаѓа Раул Гонзалес Бланко тренер на Реал. Во првата сезона ги освојува сите можни 6 титули, а во наредните 3 сезони освојува уште 8 и станува најуспешен тренер во историјата на Реал(настрана што и како играч е легенда). Во цел свет започнуваат приказни како тоа Раул го создал најмоќниот тим на сите времиња. И после кога он си заминува, по некое време станува тренер на рандом екипа од друго првенство. Реал отпаѓа од 1/4 финале од ЛШ, а во полуфинале се наоѓа екипата на Раул која игра против Барселона. Дали ќе ти биде чудно ако Марка или АС напишаат статија со наслов: 'Vamos Raul'? Мене искрено нема да ми биде чудно.
А, точно е дека статијата на Спорт изгледа и малку очајно, пред се заради ситуацијата во која се наоѓа тимот(нарушената атмосфера во клубот).