Primera División 2013/14

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14 во Primera División?


  • Вкупно гласачи
    195
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Утре ние играме реми со Билбао,а Атлетико губи 0:1 од Сосиедад дома и сите по 54 поена. :vozbud:
 
Токму патетико има да ве исфрлат од трката за титула

dfca774e4ea405479492d546b2ed61ab251584.gif

icaykVTPb4mfE.gif

iW3vDzzL0fQ5g.gif


Коа ќе ми текне дека на последната и корнер доби:pos:

Колкава еуфорија глеам табела пак трети да ти биле

Eве ти ретроспектива од твоите паметни постови, полни со анализи и тактики

Ова ти е исто како она со зајакот и магарето за ушите
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Замисли жител си на Компостела или Овиедо , 40 годишен неоженет маж кој живее сам . Работиш и во сабота до 5. Патуваш до дома 45 минути.
Денес си стигнал дома околу 5:50 . Си го испуштул мечот меѓу Барса и Валенсија 2:3. Решаваш да надополниш со следните два меча и 4 саата да уживаш во домашното фудбалско првенство . 4 саата поминуваш пред телевизор без да видиш ниту еден гол . 10 часот е . Никој не ти се јавува да излезеш со него . Си легнуваш да спиеш...
 
Eве ти ретроспектива од твоите паметни постови, полни со анализи и тактики

Ова ти е исто како она со зајакот и магарето за ушите


Тоа ти е факт дека сте трети на табела, гифојте се факти а првиот пост е сопствено убедување за нешто што тек следува додека другарот тресе глупости за нешто што веќе поминало каде што тимот на Барса долги години газеше особено го газеше тимот за кој вие навивате
 
Пике „црната дупка“ во поразот од Валенсија


Ако се анализираат само головите, одвоено, време е Пике да добие „заушка“ и да почне да се концентрира на играта. Лесно е со Елче и со Алмерија (иако и тие максимум даваат) но да бидеш изгубен случај против Валенсија и да паднат сите голови само поради дезориентираност на централниот одбранбен, е премногу.
Второ, грешката е и со Алексис. Неговата амплитуда на „лош и добар“ се менува од натпревар во натпревар, а тој секогаш е „титулар“ што би рекле овде. Е не може. Очигледно и не смее. Инаку нема веќе враќање на првата позиција.
А ако разгледуваме „дефокус“ прашање е и што се случуваше со Валдес?
Да не беа во карантин, ќе ви кажев дека сурфал, па претерал... Но, повеќе од сигурен сум дека синоќа не беше дома, барем ги видов жена му со децата сами. Значи, наместо дефокус како денешниот требаше барем да биде тој „на висина на задачата“. А тој беше и повеќе од „аут“, од што некогаш сме очекувале дека можеме го видиме. Останува сепак на крај пак да прашам „што ли правел сношти Виктор, каде бил и кога се вратил“? (во карантинот).

Меси? Да не беше рамото кое го свирнаа како пенал (очигледно погрешно) којзнае ли каде ќе го баравме!? Дали тоа се чувствува фрустрираноста „кон ривалот“ која две години ја чувствуваше Кристијано во обратна насока?
Чави... и останатите, хмм... помалку од Пике, но и тие се вклопија. Како и тие да беа опседнати од новиот спот на жена му, па заборавија дека имаат важен натпревар против Валенсија. А некои од нив не ни заслужуваат коментар, бидејќи и скоро ништо да не покажаа со што ќе направеа разлика на терен. (а она што Тата го спомна како изговор на Пресот, нема ни да го споменам, срам ми е, бидејќи така ни како мал не се правдав кога ќе доцнев на часови, со „се заглавив во лифт“)
Успат, уште еднаш. Пике е дефинитивно „црната дупка“ од овој пораз кој може да биде многу опасен во перидот кој следи, бодовно. А „црната дупка“ (ама ептен „црната“ денес) можам само да претпоставам дека беше Ријана. Токму за тоа години наназад збореше Пеп, го казнуваше со седење на клупа и не дозволуваше ФКБ да биде потпрена на неговата недисциплина. (веќе утре, 2 феруари, и двајцата со Шакира можат да си го прослават роденденот, Пике 27, Шак 37, а на гости и да си ја викнат и другарка им, за да не бидат „залудно загубени“ трите бода)
И последно, Тата е тука токму затоа, да ги изменаџира нештата и кога одат и кога не одат. Посебно, кога тешко одат, за да тргнат. Во тоа се разликуваат добрите од лошите менаџери. А Тата очигледно дека е на средината. Барем според покажаното, бидејќи одличен е кога на екипата и оди добро, но скоро никогаш не може да се снајде кога нешто ќе трокира, а посебно кога ќе откажат повеќе делови.
И затоа Чоло е оној кој оваа сезона, за жал на сите симпатизери на ФКБ, ќе го држи долго време првото место а веројатно и ќе ја има на крај титулата в раце.

Солидно спотче, I must admit.:love:
 
Ајде мадридисти дојде денот што со нетрпение го очекувавте....нека ви е среќен празникот!

:ROFLMAO:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom