Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Меси никогаш не влага у фрка како што тоа го прави Роналдо, колку само често го фаулираат Меси, колку го влечат Меси од позади коа си видел да скока ко мајмун, или да му се нафрли на противничкиот играч, да прави иронички фаци/гестикулации, да му се нафрли на судијата дека треба жолт за противникот. Последниот натпревар против Валенсија ти е посвеж пример, неколку пати го фаулираа од позади, де со влечење де со клизач ама дечкото си стануеше и ја местеше топката за слободен удар. Не се занимава со прортивниците или судијата. И да разликата ја прави тоа што Меси не е дајвер како што е Роналдо, ако паѓа Меси тоа е фаул пошто не сака да изнуди фаул, со сите сили секогаш се обидува да остане на нозе и да продолжи кон голот.
лол, брат мора да ме заебаваш.
Да не сум го видел немаше да пишувам. Разликата ја правело тоа што Меси не би дајвер? Дупло лол, па нема играч од нападот на Барса кој не е дајвер. Исто ко што нема ни таков „чист“ во нападот на Реал. Па и во нападите на 90% од тимовите, разликата е само во фрекфенцијата на „дајвањето“, во што не се разликуваат овие двајца многу.
И пак ќе напоменам, ти сликава за Роналдо што ја имаш е од 2010 година. Тој Роналдо од 2007-2010 и овој после тоа се сосема различни. Ти самиот го имаше критикувано Меси многупати сезонава и претходната, не знам како сеа моеш да го имаш овој став.
Е сеа ти мора да ме заебаваш кога пишуваш дека Меси бил дајвер, самиот знаеш дека Меси не паѓа лесно и затоа и ја сеа не знам зашто го напиша ова. Роналдо е дајвер при што изнудува фаули зошто знае дека може да погоди од таму а на Меси тоа не му е јака страна а и воопшто не паѓа за џабе пошто му се свиѓа да влага со топка у гол, и самиот го знаеш ова ако си објективен.
Сликата пак за Роналдо не ми е таа старата, точно е дека се смири ама пак го има тоа идиотскиот темперамент кој ете експлодираше пак. Додека Меси сум го критикувал ради други работи, а не за ова што го дискутираме сеа.
Меси дајвер, мислим дај...
Нема фудбалер од навалната линија кој е чист. Ја не ти викам дека Меси е дајвер ко Алба, Ди Марија или Нејмар, но тоа не е ни Роналдо. Меси е подисциплиниран од Роналдо па колку сакате скокајте. Ако сакате гледајте црвени, жолти, гледајте надвор од терен..
Иако се сложувам дека кај Роналдо има големо подобрување.
Зошто не игра Иско, повреден е или тоа е тактика на Карло?
