Јас сум гледал затворен фудбал, ама да се браниш и да чекаш на контра. А, да се браниш со 11 играчи и да те боли ташак за тоа што треба да играш фудбал е нешто ретардирано. И целта на ова затварање е да се примат само 4, а не 5 гола??:nesvest:
Ова е бетер и од Интер на 28 април 2010.
Лол, а како сакаш ти Депортиво да се спротистави на Барселона кога повеќето од средниот ред изостануваат од екипата ???
Ако сакаш да знаеш Депортиво на овој меч излезе и со поофанзивна формација 4-2-3-1, за разлика од стандардната 5-2-2-1, која во последните 9 кола (без денешното) не прави третата најуспешна екипа во Примера, зад вас и Реал.
Депортиво не е екипа во која има замени за секоја позиција. Екипите во Шпанија се такви што кога ќе се повреди најдобриот играч на некоја позиција, се што е замена е за сто класи послаб квалитет.
Го имаме Гвардадо, кој во средината ни е алфа и омега. Единствениот кој дрибла, единствениот кој знае да додаде, единствениот кој може да ја раздвижи играта. НО НЕГО ГО НЕМА ДВА МЕСЕЦИ (рачунај дека тоа ти е како Барса да го нема Меси, или Реал да го нема Роналдо, а при тоа сите други замени се на рангот на играчи од македонска лига....). Сакаш да знаеш кој е играч од централната средина во Депортиво??? НЕМА НИЕДЕН, затоа што Мичел е повреден на 6-7 месеци, а Валерон истотака има повреди во серија, и после 120-те минути во средата неможеше да издржи два меча во ред. Се играше со Хуан Домингез момак кој беше повреден до пред две недели, и тоа повреда која го одалечи од теренот скоро цела прошла сезона, и дел од оваа, значи одново се работи за младо момче, прозивод на Депортиво, кое во две години повреден е 75% од времето...
Еден од нашите деструктори и некој кој исто така може да поврзе нешто со средината и нападот е Хуан Родригез, КОЈ Е СУСПЕНДИРАН...
Идеме на крилата. Имаме единствено брзо крило кое треба да донесе квалитет во ваквите мечеви, Урета, НО И ТОЈ Е ПОВРЕДЕН.
Значи од цела средина, имаме недолечен играч чија природна позиција е ДМ, двајца деструктивци на позиција ДМ, и две крила Саул (кој дојде без пари од Елче, втора Шпанска лига)и Десмаретс кој цел живот не мрднал погоре од Трета Француска и Втора Португалска лига и кој до 26 години бил шофер на автобуси....
И ти очекуваш дека Депортиво треба да ја добие битката на средината со Барса???
За мене резултатот е солиден, а како што гледам Депортиво изиграл солидно прво полувреме...
Да се надоврзам и на нападот. Ни отсуствува Рики, единствениот корпулентен напаѓач, а денес Адријан не беше во форма...
Тоа се премногу играчи кои отсуствуваат, а тим со буџетот на Депортиво, ни на сон неможе да најде квалитетни замени.
Колку и да сака Депортиво да се спротистави, во моментов е светлосни години зад Барса и Реал, како и сите други екипи во Примера, и овие мечеви скоро и да не ги перцепирам, него ми е повеќе како испробување на нови тактики

И споредуваш со мечот со Интер???
Знаеш колкави се можностите на тој состав на Интер и овој на Депортиво???
Кукавички е да се браниш и да ја умртвуваш играта кога противникот е послаб или на рамниште со тебе, а не кога тој е светлосни години подобар од тебе. На крај краева се е тактика, нормално е дека се игр на резултат пошто тој е најбитен, а не кој како изиграл.
Депортиво во моментов е најслабиот тим во примера, и јас сум презадоволен од бодовната ситуација, пошто единствената цел е ОПСТАНОКОТ, а не престиж со барса и останатите големи тимови.
Ќе си се насочам на следните средби :tv:
Се додека има екипи кои на домашен терен се бранат со 11 играчи, во Шпанија ќе се играат подосадни утакмици и од Серија А. :uvo:
Се додека некој зема 140 милиони од ТВ права, а друг 18 милиони, ќе гледаш пролив лига :salut:
Кога ви викав јас колку се досадни дуелите на Депортиво вие не верувавте. Лажна слика се дава за Шпанското првенство пошто цело време се вртат дуелите на Барса и Реал па луѓе си мислат бог знае колку се квалитетни другиве утакмици. Да гледате пет меча на Депортиво со екипи од негов ранг, ќе видите колкав е всушност квалитетот на остатокот од ла Лига...