Primera División 2010/2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2010/11 во Primera División?

  • Вкупно гласачи
    310
Статус
Затворена за нови мислења.
Стварно бе каков тим на деценијата е овој а го нема еден од најдобрите играчи кои постоеле :) Зидан...па и Роналдо...и Ривалдо!!

Вака место Бараха стај го Зидан...место Валерон стај го Ривалдо....и во нападот одлучете вие кој треба да се тргне многу тежок избор :)

Чекај бе, има време за Роналдо. Нема завршено уште со играњето во Шпанија, може ќе го стават таму за нареднава деценија, 2010 - 2020. :)))
 
Да се стави Валерон пред Зидан треба да си благоретардирана особа или личност со посебни потреби..каква глупост од тој новинарот на Гуардиан (или како и да е).....за Роналдо и Ривалдо разбирам донекаде бидејќи изборот во нападот е тежок..па и лепотанот во средината Бараха го чукна ко небаре немало подобри играчи од него во оваа деценија на таа позиција....одбраната кога ќе ја видам ''уби боже''.....виситнски дебилизам од страна на тој новинарот!
 
Седи бееее, ги направи Валерон и Бараха како да се некои инвалиди или членови на старачки дом Панада :tapp:
Кажи ми кој друг би го ставил на местото на Бараха???
Ти текнува која екипа царуваше во Шпанија во тие години???
Или фудбал почна да гледаш откога Шпанското првенство стана најдебилска лига во која освен барса и Реал другите служат колку да попунат календар....
Тоа што го покажа Бараха во минатата деценија дефинитивно му носи место во првите 11 во Ла Лига. Човекот ја носеше Валенсија до сите титули во Шпанија, и никој неможе да го тргне од таа листа.
Ривалдо играше во првите две години од минатата декада па сигурно неможе да влезе во тимот за целата деценија :toe:
За Зидан донекаде си во право зошто го нема во составот, но тука сигурно треба да го има и Валерон. Не дека сум фан на Депортиво, али Валерон беше предводник на екипа која никогаш во својот состав немала ѕвезди а до 2006 секогаш беше при врвот на Примера :smir:
Многу е полесно кога имаш соиграчи какви што имаат другите во Реал и барселона, тешко е да си ѕвер а играш во тогашните Депортиво и Валенсија, кои и тогаш имаа за класи послаби тимови од Барса и Реал па одлично се дршеа секоја сезона. Заслужено се и двајцата на овааа листа. Да не правам муабет што и двајцата ги изиграа сите 10 години од минатата декада, а тоа што во последните неколку сезони не беа на највисоко ниво е резултат на старост, и повредите на Валерон, кои го одалечија од теренот цели две години :wink:
За одбраната не коментирам :)
Во нападот конкуренцијата е огромна, но мислам дека изборот е донекаде реален. Ја би го додал и макај или Форлан, али добро е и вака :icon_mrgr

--- надополнето ---

Првиот меч заврши со 0-0 и се играше во Валенсија, а вториот одигран во Виља-реал заврши со резултат 4-2. :smir:.
Фала на исправка, сум ги измешал брзините нешто :icon_mrgr
 
Значи прочитајте те ја статијата прво, не е само 11 души ставени во формација, има убаво типот објаснето што како зашто. Се е ок.

Кој би играл место Бараха ??? Кој подобар ЦМ, кој ги изиграл оследниве 10 години би ставиле таму ? Значи се гледа влијанието кое го имале во цела декада. Не е ова состав на најдобрите играчи кои заиграле во Примера... Ако беше така Роналдо (Луис Назарио) е боље од Ето и Виља, ама Ето и Виља имаат многу повеќе од него постигнато во Примера... Друго се е објаснето во текстот.
btw неколку дена пред ова имаше и тимови на Барса и Реал од оваа деценија од истиот тип.
 
Следнава сезона Малага зајакнува, Хекуелес уште повеќе, Валенсија ќе си ги задржи играчите и ќе купи нови, Севиља да се врати во форма, незнам шо праи Депортиво до кај се, Виљареал, Реал и Барса и ќе биде уште појака Примера. Кај има најатрактивен фудбал ќе има и доста покомпетитивен.

--- надополнето ---

^ Тука се и Атлетико и Еспањол да не ги заборам.
 
Чекај бе, има време за Роналдо. Нема завршено уште со играњето во Шпанија, може ќе го стават таму за нареднава деценија, 2010 - 2020. :)))

За оригиналот зборувам! :)
 
Дојдоа времиња копиите да бидат поскапи од оригиналите. :icon_lol:

Па сега на копиите им стават иста етикета како на оригиналите...ама брзо се расипуваат...џабе плаќаме толку! :)
 
Следнава сезона Малага зајакнува, Хекуелес уште повеќе, Валенсија ќе си ги задржи играчите и ќе купи нови, Севиља да се врати во форма, незнам шо праи Депортиво до кај се, Виљареал, Реал и Барса и ќе биде уште појака Примера. Кај има најатрактивен фудбал ќе има и доста покомпетитивен.

--- надополнето ---

^ Тука се и Атлетико и Еспањол да не ги заборам.
Депортиво е до никаде. Се додека висат долговите Депоритво нема да се засилува со посилни играчи. Ако тимот после 5 години сеуште е во Примера, тогаш конечно ќе почне градењето на нов тим кој треба да се бори за Европа. Значи во следниве 4 години планот е само да се опстои во лигата и да се поништат сите долгови. Е ако тимот испадне во втора лига, тогаш иднината на Депортиво ќе биде слична како онаа на Овиедо, Саламанка, Лас Палмас, Рајо Ваљекано...
Депортиво воопшто и не купува играчи, туку се потпира на неколку ветерани, на позајмици од млади играчи од посилните тимови и на играчите кои доаѓаат од фабрил (вториот тим на Депортиво)...
 
Оваа сезона се засиливте со 7-8 играчи, од кои половината се на позајмица, а другата половина се ветерани, со завршен договор, донесени без пари. :toe: Само да остане овој тим, да не си заминат Гвардадо, Рики, Ласад и сл. не би требало да се преселите во Сегунда.
Него, како стоите со финансии не ми е јасно? Кој е сопственик, претседател, нема ли некои појакки спонзори???
 
Оваа сезона потрошивме само 150 000 евра и тоа за играч кој го носи дресот на фабрил, Стопира кој дојде од втората Португалска лига.
Дојдоа играчи на позајмица Рубен Перез (2 годишна позајмица од Атлетико и воедно нашиот можеби и најдобар играч сезонава), Урета (дојде на позајмица од Бенфика но најверојатно уште сега ќе замине а во поголем дел од времето беше повреден), Мичел (на позајмица од Валенсија, повреден уште од стартот и тоа на 6-7 месеци) и Риндерој (дојде како позајмен од Молде и ако задоволи би требало да го земеме, иначе е лев бек и искрено ја не би го земал ни за без пари...). "Купивме" само 3-ца играчи. Откако станаа слободни агенти ги земавме Морел (лев бек кој истотака е повеќе повреден него ли што игра), Саул (екс играч на Елче, десно крило, солиден играч но далеку од вистинско засилување) и омилениот мој играч Десмаретс (играч кој никогаш не играл повисоко од втора португалска и трета Француска лига, има 32 години а до 26-тата годиуна бил шофер на автобуси :)).
И се ќе поминеше без проблеми, да не беа постојаните повреди на играчите. Освен одбраната (да не ја заречам) скоро од сите делови имаме по некои повредени на огромни периоди. Гвардадо откако е во Депортиво 55% од времето е повреден. Рики е истотака постојано повреден. Во средината постојано барем два-тројца се повредени во исто време на долги периоди...
Долговите беа (и уште се) огромни, но со текот на годините ги смаливме на 103 милиони, притоа беа покриени сите долгови кон останатите Шпански клубови. Се очекува истото да го сторат и они и да ги вратат 8-те милиони кои ги должат. Главно овој долг се поништува од продажба на играчи. Во моментов освен од Гвардадо од другиве тешко дека би земале некоја сума која побрзо би го елиминирала долгот, а и оние кои малку од малку вредат ќе не напуштат летово и тоа за без пари.
Може Депортиво ќе се одржува во живот и во наредните две сезони, али после тоа многу тешко...
Инаку истиот претседател е откако влегоа во Примера во почетокот на 90-тите, Августо Цезар Лендоиро :)
Спонзор е Амансио Ортега, сопственикот на модната куќа ЗАРА, но тој нема скоро никаква улога во тимот, освен што треба да ги плаќа играчите. Лендоиро не го дава клубот на никој, и ситуацијата нема да се промени во брзо време...
За илустрација лани им беа скратени платите, а истите не ги ни добиваа редовно, туку земаа по некој процент а остатокот им беше исплатен откако заврши сезоната :)
 
^
Не било лесно и фудбалер да бидеш:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom