Оваа сезона се засиливте со 7-8 играчи, од кои половината се на позајмица, а другата половина се ветерани, со завршен договор, донесени без пари.

Само да остане овој тим, да не си заминат Гвардадо, Рики, Ласад и сл. не би требало да се преселите во Сегунда.
Него, како стоите со финансии не ми е јасно? Кој е сопственик, претседател, нема ли некои појакки спонзори???
Оваа сезона потрошивме само 150 000 евра и тоа за играч кој го носи дресот на фабрил, Стопира кој дојде од втората Португалска лига.
Дојдоа играчи на позајмица Рубен Перез (2 годишна позајмица од Атлетико и воедно нашиот можеби и најдобар играч сезонава), Урета (дојде на позајмица од Бенфика но најверојатно уште сега ќе замине а во поголем дел од времето беше повреден), Мичел (на позајмица од Валенсија, повреден уште од стартот и тоа на 6-7 месеци) и Риндерој (дојде како позајмен од Молде и ако задоволи би требало да го земеме, иначе е лев бек и искрено ја не би го земал ни за без пари...). "Купивме" само 3-ца играчи. Откако станаа слободни агенти ги земавме Морел (лев бек кој истотака е повеќе повреден него ли што игра), Саул (екс играч на Елче, десно крило, солиден играч но далеку од вистинско засилување) и омилениот мој играч Десмаретс (играч кој никогаш не играл повисоко од втора португалска и трета Француска лига, има 32 години а до 26-тата годиуна бил шофер на автобуси

).
И се ќе поминеше без проблеми, да не беа постојаните повреди на играчите. Освен одбраната (да не ја заречам) скоро од сите делови имаме по некои повредени на огромни периоди. Гвардадо откако е во Депортиво 55% од времето е повреден. Рики е истотака постојано повреден. Во средината постојано барем два-тројца се повредени во исто време на долги периоди...
Долговите беа (и уште се) огромни, но со текот на годините ги смаливме на 103 милиони, притоа беа покриени сите долгови кон останатите Шпански клубови. Се очекува истото да го сторат и они и да ги вратат 8-те милиони кои ги должат. Главно овој долг се поништува од продажба на играчи. Во моментов освен од Гвардадо од другиве тешко дека би земале некоја сума која побрзо би го елиминирала долгот, а и оние кои малку од малку вредат ќе не напуштат летово и тоа за без пари.
Може Депортиво ќе се одржува во живот и во наредните две сезони, али после тоа многу тешко...
Инаку истиот претседател е откако влегоа во Примера во почетокот на 90-тите, Августо Цезар Лендоиро

Спонзор е Амансио Ортега, сопственикот на модната куќа ЗАРА, но тој нема скоро никаква улога во тимот, освен што треба да ги плаќа играчите. Лендоиро не го дава клубот на никој, и ситуацијата нема да се промени во брзо време...
За илустрација лани им беа скратени платите, а истите не ги ни добиваа редовно, туку земаа по некој процент а остатокот им беше исплатен откако заврши сезоната
