Primera División - Liga BBVA 2015/2016

Кој ќе биде шампион ?

  • Вкупно гласачи
    180
  • Гласањето е завршено на .

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Роберто Солдадо со гол и асистенција и Седрик Бакамбу со два гола му донесоа победа со пресврт на Виљареал на Ел Мадригал откако гостите од Барселона го отворија резултатот со голот на Каиседо во почетните минути.

Реал Сосиедад и Спортинг Хихон одиграа нерешено на еден натпревар каде средината од теренот имаше најголем протагонизам. Со овој резултат и двете екипи останаа без постигнат гол по две кола во Ла Лига сезонава.

Ни Меси, ни Нејмар, ни Суарез, туку Томас Вермален и донесе 3 бода на Барса против повторно незгодната Малага на Камп Ноу каде блескаше голманот Камени.

По киксот на Молинон, Реал Мадрид покажа дека не му е тешко да постигнува голови. Со разиграните Хамес и Бејл, машинеријата на Бенитез :D го прегази слабиот синоќа Бетис.

Нолито постигна два гола и го предводеше нападот на Селта против ослабениот Рајо, каде во 8-та минута голманот Тоњо доби црвен картон. Третиот гол за домашните го постигна Фонтас.

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.259
Поени од реакции
21.499
  • Еибар 2-0 Билбао.
  • Играчот од средината Адриан постигнува 2 гола во 2 натпревара за Еибар. Претходно, пред да дојде во Еибар има постигнато 5 гола на 154 натпревари во Примера.
  • По постигнувањето на гол(овите) против Билбао, Еибар нема постигнато погодок уште против 3 екипи од Ла Лига: Барселона, Ла Коруња и Реал Мадрид.
  • Билбао победил само на 1 од последните 11 натпревари против баскиските екипи (6 натпревари против Сосиедад и 5 против Еибар).
  • Селта и Еибар се лидери на табелата на Ла Лига моментално, со по 6 поени и идентична гол разлика 5-1.
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Баш пристојно изгледа стадиончето на Еибар со доградувањето на трибината. Барем не се гледаат зградите веќе. :D Билбао запеза. :tapp:
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.259
Поени од реакции
21.499
Севиља дефинитивно најдобри навивачи :cuc::cuc::cuc::cuc:[DOUBLEPOST=1440961715][/DOUBLEPOST]Севиља-Атлетико многу јака утакмица. (y)
Валенсија некако многу млако, како да се чуваат, не смеат да нападнат?!
 
Последно уредено:

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Јака навална линија пак склопи наркоманов, ќе видиме како ќе ги ухода. Ако физички го среди Виетто ко Гриезман лани, и го приспособи Хаксон Мартинез на лигата, конечно комплетна четворка за ротирање напред. Нешто што лани ги јебеше.
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923

Битно средина цела сезона ќе му држат Габи и Тиаго :icon_mrgr:

Овој па Конопљанка на клупа го чува, за да му игра Рејес...
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Битно средина цела сезона ќе му држат Габи и Тиаго :icon_mrgr:

Овој па Конопљанка на клупа го чува, за да му игра Рејес...
Габи им е институција бе, клучен играч, Тиаго... :D

Тоа ми е чудно, зашто не земаа уште некој за у центарот. Ај офанзивно Оливер Торрес, Коке, Караско, Саул, Гарсија се океј. Ама ваму замена за Суарез ми се чини не земаа, освен овој копиљов од Аргентина што е на клупа.

Глеам Стефан Савич го платиле 20 милиони, не беше лош ни у Сити, после у Фиорентина кој го видел...
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин

Супер беше и у Виола, добар играч е Савиќ.
12 плус Марио мислам дека беше договорот со Виола.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.772
Ќе видиме како ќе се наметне во Атлетико кај Чоло. Во Арсенал беше на проба уште пред да оди во Партизан, а беше окарактеризиран како неталентиран. На Сити и Фиорентина баш и не им верувам во изборот.
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Габи им е институција бе, клучен играч, Тиаго... :D

Тоа ми е чудно, зашто не земаа уште некој за у центарот. Ај офанзивно Оливер Торрес, Коке, Караско, Саул, Гарсија се океј. Ама ваму замена за Суарез ми се чини не земаа, освен овој копиљов од Аргентина што е на клупа.

Глеам Стефан Савич го платиле 20 милиони, не беше лош ни у Сити, после у Фиорентина кој го видел...
Кој копиљ на клупа? Краневитер го земаа, ама ќе остане на позајмица до декември мислам. Страшен потенцијал е на ФМ, месар ала Маскерано :cool:

Jackson SI!
 
Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.509
Поени од реакции
7.602
Аууу Атлетико страшни се , пак склопија топ тим.
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.259
Поени од реакции
21.499
Со ова што го видовме вечерва, Валенсија отпаѓа од првите три места (Атлетико, Реал и Барселона се пресилни за Валенсија). Помина трансфер-периодот(утре ако не купат некој), а немаат средина НИКАКВА, дури мислам дека можно е Севиља да заврши пред нив, а Валенсија да не избори пласман за ЛШ.
Потрошија премногу пари, веројатно допрва ќе се воигруваат, ама екипа без средина, само со добра одбрана, крила и шпиц, нема што да бара во Шпанија. Така може да се игра во Англија, не и во Ла Лига. Многу поени ќе изгубат Валенсија со екипи како Депортиво, Рајо, Селта, Гранада, па и Еибар.
Од друга страна, Атлетико секоја чест. Моќен Атлети, рамо до рамо со Барселона и Реал, исто како пред 2 сезони имаме три рамноправни конкуренти за титулата.

Сепак, муабетот го правиме во второ коло, може се да се случи(повреди, пад на форма....), ама ако останат работите вака како што се, Валенсија и Севиља ќе заостануваат доста зад Атлетико, Барселона и Реал.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom