Па кој плаче? Да не беа детските коментари од твоите никој немаше ништо да пише. Ама очигледно гледате само кога ќе му се досуди нешто на Реал во негова корист. Кога нема да му свирнат чист пенал, кога им поништуваат голови во чисти ситуации заради офсајд, зошто тогаш не викате ехх гледај го оштетија Реал?? Сите признаваат дека немаше офсајд, ама да речеш дека намерно судијата судеше офсајд и дека намерно го гураат Реал да биде шампион, по малку дегенски ми се тие коментари.
Гледам му се смееш на Мурињо, му дал ливче на Пепе. Па што? Искрено мене нема да ме чуди доколку му лупнат казна сега на Мурињо, зошто он не смее ништо да напрае. Ќе извадат и ново правило сега, не смее со ливчиња да им кажуе на играчите кој каде да се постави.
Ти можеш да му се смееш на Мурињо, а и останативе кои коментираат, ама тоа што Мурињо денеска го напрае, ретко дека друг тренер би имал муда. Второ полувреме го играше со крајно офанзивна формација, со тројца бекови и со само еден задњи везни. Озил, Кака, Каљехон, Роналдо, Бензема и Игуаин, тоа ти се 6 офанзивни играчи.
И за крај, Реал играл слабо бла бла бла. Да, Реал играше и премногу слабо денеска. Ама ќе ве потсетим дека одлика на големите клубови е да тепаат и кога играат лошо.
Толку од мене, а вие продолжете со тоа дека на некој му било мака од Барса па годинава Реал МОРА да земе титула.