Primera División 2011/12

Кој ќе биде шампион во сезоната 2011-12 во Примера Дивизион?


  • Вкупно гласачи
    123
  • Гласањето е завршено на .
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.193
Поени од реакции
1.083
Сакам да гледам отворен натпревар, сакам да гледам нова фудбалска ноќ за паметење, сакам да има отворен фудбал без калкулации, без притисок, иако последната работа која ја спомнав тешко дека ќе се исполни со оглед на толку големиот ривалитет ....

На Барса и одговара само позитивен резултат од Бернабе, Реал има простор за се, за кикс , за победа , за нерешено .... Победата и нерешениот резултат му одговараат и те како .... Доколку изиграат нерешено, останува огромната предност во полза на нив, додека победат мислам дека не само победа, туку веќе треба да мислиме да честитаме титула на ривалот после цели 3 години доминација ....

Но, дали Му ќе има храброст да игра на се или ништо, или пак ќе гледаме ново уништување на фудбалската игра, иако мора да го има во предвид тоа дека , доколку се постави така, со исклучок на Копа Дел Реј, ГУБИ !!!!!

Шпанскиот Пол, веќе типуваше , останува да видиме што ќе се случи веќе во сабота .....

П.С Неделата пред Ел Класико поминува најбавно во годината, барем за нас навивачите на Барса и Реал ....
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Сакам да гледам отворен натпревар, сакам да гледам нова фудбалска ноќ за паметење, сакам да има отворен фудбал без калкулации, без притисок, иако последната работа која ја спомнав тешко дека ќе се исполни со оглед на толку големиот ривалитет ....

На Барса и одговара само позитивен резултат од Бернабе, Реал има простор за се, за кикс , за победа , за нерешено .... Победата и нерешениот резултат му одговараат и те како .... Доколку изиграат нерешено, останува огромната предност во полза на нив, додека победат мислам дека не само победа, туку веќе треба да мислиме да честитаме титула на ривалот после цели 3 години доминација ....

Но, дали Му ќе има храброст да игра на се или ништо, или пак ќе гледаме ново уништување на фудбалската игра, иако мора да го има во предвид тоа дека , доколку се постави така, со исклучок на Копа Дел Реј, ГУБИ !!!!!

Шпанскиот Пол, веќе типуваше , останува да видиме што ќе се случи веќе во сабота .....

П.С Неделата пред Ел Класико поминува најбавно во годината, барем за нас навивачите на Барса и Реал ....
Пол умре, овој демек наследник му бил. Ај да видиме што ќе испадне, ако погоди и овој да потќинe :D
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Ваков аматер имаше и лани кој го одбра Реал ...и погреши. Се надевам дека и овој е фејк и дека циганите ќе го лапнат машки.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Мислим дека ова ќе биде најдобро Ел Класико у последниве години. Да нема груби фаули, да нема драми и глумења, судијата да воспостави авторитет и контрола на теренот за да гледаме добар квалитетен фудбал.. (y)
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Da ne postoese Buskec kako covek, mozebi i za barsa ke navivav, ama vaka... + Ramos mi e eden od najomilenite igrachi ever.

Inaku sakam da gledam golovi, otvoren fudbal i pred se, neizbezna tepacka :D

Fudbalerite na real vakva samodoverba nemale nikogas, duri i so Zidan, R9, Figo-Shmigo vo timot. Od druga strana fudbalerite na barsa opravdano se naj cocky igrachi koi nekogas igrale fudbal.

Mislam deka real ke tepa, so 2+ razlika i so maksimum 1 primen gol. Isto taka mislam deka crven ke ima, moze i poveke. Pepe ne dobiva crven pa sto saka neka bide, ke dobijat igrachite na Barsa prvi crven karton.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.610
Поени од реакции
14.462
НЕМА ШТО ДА КРИЕМЕ, ОЧИГЛЕДНО „САБОТА„ ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛ!

(преписка која за првпат ја пренесувам, а беше меѓу мене и мојот другар и брат, зад „затворени врати„, додека не сфативме и двајцата дека нема што да криеме, можеби за првпат сезоната и да не не прашувате што мислиме...до сабота. Ова го мислиме и токму сега го делиме со вас, а како понатаму, е тоа е друга приказна)

Igor Filevski:
Кажи дали си подготвен за нерешено или пораз?

Бетмен велит:
Спремен, ама се си мислам дека имаме простор за чудо. Иако знам дека Жозе ќе игра преку ќотек до минимум реми... Имаме играчи за чудо, имаме тренер кој ако не му е до рамо на Жозе, тука некаде е...

Igor Filevski:
Имаме тренер кој веќе е се полош и полош , според неговите лоши и веќе „одвратни„ настапи за мене и мојот вкус. Барселона пополека го губи Пеп со своето однесување кое се пренесува надолу. Да видиш тренинг, да видиш атмосфера, не е веќе тоа тоа. Верувам дека сеуште ќе им проработи мигот и ќе победат, но реалноста е друга. Мадрид живее во многу поубави услови, атмосфера и кренат адреналин. Овде ги убија поразите. Меланхолијата се чувствува насекаде. Лошо, братче, а јас знаеш дека не грешам. Реал ќе игра неверојатно да знаеш. Без прљавштини. 100%.

Бетмен велит:
Јас уште се надевам дека „лошото“ шо го гледам и јас е - затишје пред бура. Некој новитет со кој шо ќе не изненадит сите... Ама, не е дека сум слеп... :( А белите фантоми се баш расположени и гладни до бола. Искрено се надевам дека ќе изгорат во желбата, мада имаат искален психолог на клупа кој знае да ги подготви. А после суперкупот се изгледаше поинаку...

Igor Filevski:
Брат, криво ми е што изминативе две недели не си тука, да го видиш сето тоа во живо. Страшно е. Премногу позитивна енергија од Мадрид се движи секојдневно дури и ваму. Премногу страв почна да се влева меѓу навивачите овде. Малку повеќе на сила се билда ситуацијата дека „ќе биде газење„. Нема. Јас сакам и 5:0 пак да победи Барселона ама , нема... Моу ја стегна екипата како лани Пеп. Моу стана Пеп, а Пеп стана Моу. Пеп стана толку дрзок на последните 4 прес конференции по прашањето „состав„ што не разбесни сите кои го слушавме. Дури и оние најзакоравените каталонци блаугранисти. Пеп почна да глуми ѕвезда каква не сме научени да гледаме овде. Пеп нема што веќе да му понуди на Моу ,а овој да не го знае тоа. Малку сме веќе научена приказна за него. Јас пак се надевам на тоа „чудо„ за кое и ти го имаш во себе, но реалноста не ми дава да бидам толку сигурен овојпат...Сакам и ќе се надевам, ама ќе бидам задоволен и со нерешено...ситуацијата е лоша.... Бензема е кренат во адреналинско совршенство, Чаби Алонсо никогаш не бил постабилен. Кристијано почнува да прави надминување на својата експлозивност, Пипа согорува многу споро но ефективно, ја чека сабота за да полета. Кај нас, Меси е сигурен дека ќе даде барем 2 гола. Чави скоро и да не коментира ништо, сем дека ќе биде се ок. Пујол не го интересира премногу што ќе се случи бидејќи знае дека нема да загуби во Мадрид. Пике ќе настрада поради финтата со жолтиот, знаеш како, се се враќа, се се плаќа. Ние бевме и сеуште се трудиме да бидеме најфер и најпоштената екипа на планетата, но, гледаш? Чувствуваш? :-/

Бетмен велит:
Не го фатив моментот „Пеп ѕвезда“... А со нерешено нема да бидам задоволен. Ако не победиме, адиос титула. Знам дека е декември, и секој кој ќе ми го рече истото ќе го правам луд, од навивачки причини, ама знам дека ќе е така... Тие се во топ форма, не би сакал да замислам како би играле подобро од ова, а ние.... Виља е мртов, повреди ту и тамо (Пике и Пујол не заиграле заедно), Алексис е неадаптиран, Сеск не е лош, ама му треба уште шлиф... Ти си таму и осеќаш подобро. Јас чувствувам само дека ќе е многу пеколно. Како финале во ЛШ.

Igor Filevski:
Токму така... Ќе биде пеколно. Ајде јас сакам 3 бода, а што ќе биде ќе видиме во сабота.

Бетмен велит:
Ако Иниеста е во форма, победуваме. Верувај ми.

Igor Filevski:
Ајде, ќе ти верувам...

Бетмен велит:
Лео е секогаш расположен за Реал, Чави е многу многу важен, ама... Андрес мислам дека ќе е пресудниот.

http://www.facebook.com/notes/igor-filevski/нема-што-да-криеме-очигледно-сабота-ќе-биде-пекол/10150401616481630

:cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc:
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Конечно и од најтрврдокорниот навивач на Фарса да има некаква непристрасност :vozbud:
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.831
Поени од реакции
10.242
Конечно и од најтрврдокорниот навивач на Фарса да има некаква непристрасност :vozbud:
Ако е на ТВ не значи дека е најјак навивач на Барса. Just saying, инаку го почитувам Филе премногу. А и се сложувам со неговите дилеми за она што следува викендов, но сепак во мене има повеќе оптимизам. Барса е Барса, истите оние играчи што растураат последниве години. Реал сеуште не е подобра екипа, ниту индивидуално ниту тимски гледано. Реал е гладен за успеси и одмазда, Реал се мотивирани до бескрај - нешто што играчите на Барса очигледно го загубија и тоа е разликата сезонава.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Абе т од тема нема за утакмицава.
Инаку ќе биде весело, Мурињо мислам дека ќе нападне за (скоро па) сигурно да си ја осигура титулата, оти 9 бода ќе бидат тешко достижни.
Пеп исто мислам дека ќе напаѓа, едноставно натпреваров мора да се победи, за д асе остане во игра.
Очекувам многу голови, шанси, без испади на Пепе и Марсело и без Холивуд стајл на Бускетс.
Нека има фудбал каков што гледавме во Суперкупот и нека победи подобриот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom