Прилеп и Мариово

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Секаде е така во Прилеп. Најдолното, да не речам „калта“ од општеството е пикнато по кафичи келнери да работат. Недајбоже четирицифрена сметка да направиш... еднаш тројца келнери во Вирус се собраа и не знаеја три фискални да ги соберат вкупно колку коштаат и на крај ни побара 100 денари помалку отколку шо требаше да платиме. Атер што бевме фини, па му објаснивме на тој орјатот дека на зијан ќе биди, па му дадовме точно. Настрана и други пати, се случувало немиени чаши да ти донесат, да ти се издери келнерот небаре таткаму си го отепал... Мене ако ме прашаш, најгнасното место ми Вирус. Не дека другите се нешто подобри...
Единствено Сити Паб држат некое ниво, „ниво“ како за Прилеп да се речи „ниво“...
Ако прајме муабет за кафичите, амбиентот, услугата во Прилеп... можи 3 тома книги да напишам од кои што една страна пофална дали ќе има.
и комшиине нивни не се поарни.....(ди каприо)
распукана шоља...батките најдоа да местат прозорец (на трети кат) баш јас ко си бев со другарки....
потоа се дознав дека се врткале околу мојата другарка...тапа се...човече...
 
Некако не ми е нешто посебно ова кај димо наредникот, незнам дали немале толку вкус луѓето дали колку ради реда е ставено ама не е ништо посебно.
За прилеп имам замерка за кафитериите и келнери келнерки што кур и да се ставени внатре, онака, ладно понашање, као да си му пошол дома, па со сила сака да те избрка, ретко кажуваат фала, повели, насмеани или било што. Седам еднаш во еден кафич кај катната и келнерката ја нема едно 30 минути и викам добро што направи досеа и вика : Ебаго де че почекаш не сум на трки јас за сите да трчам. Ја прашувам шо кафиња имаат да понудат ми кажува нескафе, врапе, и викам неќам врапе, дај нешто поинтересно пошто демек по тоа ми го препорачаа кафичот, и ми крева тон вика “Ако ти се пија пиј едно макијато да ти бапнам“
И ред други кафитерии има кај шо трескат глупости од памет, ладно макијато порачувам носат топло во чаша за ладно, викам топло е макијатово и најјакиот извадок: “Остај го 5 минути че излади ебаго“

Е досеа па не ми текнало да го пофалам Калипсо, да се црцнам на името, али кафичот е во ствано екстра стил, прашајте било кој од прилеп него го препорачуваат како врв на шемата во прилепската околија, и стварно е добар иако има една маана, мало ве-це на 2000 души една шолјичка, ама се трпи некако.
си се бувнал во кејк барот 100 % сум сигурен, тие ја имаат најлошата услуга, таа женската е незз поим за сељачана. еднаш каде што бев на пракса имаше една германка дојдена и ја викнала другарка е да ја прошетаме во Прилеп. и влеговме во тој кафич. и таа се караше со еден гостин. тој порачал вода и таа го заборавила да му донесе. овој пак ја замолил али оваа пак не не донесе вода. се пожалил лично на женската и таа му вратила : "ене ти ја фонтанана напиј се колку сакаш " :pos:
тука тие најпросто место. во азур немам влезено, ди каприо и останатите кафичи ми се мех, и така и така. во Сидро пробај досега не ме разочарале а и добра атмосфера има :)
 
хах, го усрамивме прилеп за век и на век, кој дебил треба да си човече, да му речиш, ене ти ја фонтаната напиј се колку сакаш.....:tapp::tapp::tapp:

Точно кејк барот беше.Јас ја прашувам какви кафиња имате и ми се ѕвери ко да ја прашав со кого изгуби невиност..
 
Јас ко бев сеа брзо само заприметив дека се здрвени, друго не. Ама изглеа газдите беа тука затоа. Сеа ме интересира новата Апореа каква че биди. Замислете, газдите од Апореа ВЛОЖИЈА:vozbud:
 
по 30 години РАДОСТ ВО ИСПУСТЕНОТО ПРИЛЕПСKО СЕЛО
Во Беловодица пак заплака бебе
Прва крштевка по три децении доживеа прилепско Беловодица. Радосни се сите во селото. Најсреќни во семејството Трајковски се родителите Митре и Ангелина, како и десетината старци, кои заборавиле кога последен пат чуле бебешки плач во селото, во кое с` помалку чадат оџаци, а камбаната во црквата најчесто се слуша за умирачка.

На веста дека семејството Трајкоски добило новороденче, градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, ги охрабри родителите што успеале да се одржат на родната грутка на Митрета, а на мајката, Албанка, и посака во прегратка да има уште неколку деца. Ристески на семејството им однесе повеќе подароци и им подари штедна книшка со 10.000 денари.

Педесет и тригодишниот Митре не ја крие радоста што му се родил наследник. И мајката Ангелина е возбудена што Бог ~ даде син, по претходната неуспешна бременост. Среќа се распосла во куќата на семејството Трајкоски.

- Господ ми даде да го дочекам посакуваното. Ми се роди здрав син. Неизмерно се радувам. Ми доаѓа да го честам цел Прилеп и цело село - вели таткото на новороденчето.

Вредниот Митре работи како обезбедување во блискиот рудник. Вели задоцнил со домаќинлакот, доцна се оженил, но не се кае.

- Се оженив и не згрешив. Барав и касметот го најдов во Лежа, во Албанија. Ангелина е жена-домаќинка. Се грижи за домот, сега и за малиот. И арно и лошо делиме со љубов. Имаме разбирање - вели Митре.

Триесет и деветгодишната Ангелина три години е беловодичка снаа. Со Митре ги поврзале стројници. Можеби судбоносно било, што и сестра ~ била мажена во Прилеп. Kажува дека не ~ било лесно оти не го знаела јазикот.

- Дојде Митре и ме виде. За неколку часа го дадовме зборот. Радосна сум што Господ ни даде дете. Цел ден сум по него, а Митре е на работа - со возбуда зборува Ангела.

Не се жали, вели дека ~ е арна живејачката. Понекогаш ја мачи осаменоста оти останува само со лаежот на селските кучиња кога сопругот е на работа, но ~ помагале старите кумови.

- Убаво ми е сега. Не стасуваат пари, ама ќе прегрмиме. Се снаоѓаме да купиме вештачко млеко - вели Ангелина.

Митре сонува нова рожба, но и да дочека да го ожени Андреј.

- Господ, ако сака, пак нека ми даде син или чупе. Сеедно. Убаво е Андреј да има братче или сестричка - се смее Митре.

Ангелина и Митре веруваат во подобро утре оти Андреј ја турка прашината од куќата и ја расчистува пајажината низ распаднатите камени домови на Беловодица.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=C358B6AAE797004BA50B31F5A718E24E
Нека е со среќа,да се раѓат уште многу деца.
 
Леле Апореа човече, конечно им текна. Само малку ќе ми недостига шмекот и духот на старото место, израснав таму.:(
Ама во секој случај, мораа да направат некоја ваква промена, можи не мораше локацијата, али тие си знаат најмногу.
Леле ко ќе му појдам на Биџо има да падни добар ремет.:icon_lol: Си знај тој зошто.:icon_lol:
 
Нојчниов живот е катастрофа,според мене или пак тоа е затоа што има многу кафичи,а малце лујџе?Пошо кај и да појдиш таму 50 души се вртка,пола празен кафичо...Иначе според мене најдобро е морнар,али најчесто таму се сите под 18 години,секој петок/сабота има некоја добра журка,еве баш вечерва ќе бидат Д'Хаундс...ако има некој шо че оди вечерва,нека ми се јави че се запознајме :P
 
по 30 години РАДОСТ ВО ИСПУСТЕНОТО ПРИЛЕПСKО СЕЛО
Во Беловодица пак заплака бебе
Прва крштевка по три децении доживеа прилепско Беловодица. Радосни се сите во селото. Најсреќни во семејството Трајковски се родителите Митре и Ангелина, како и десетината старци, кои заборавиле кога последен пат чуле бебешки плач во селото, во кое с` помалку чадат оџаци, а камбаната во црквата најчесто се слуша за умирачка.

На веста дека семејството Трајкоски добило новороденче, градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, ги охрабри родителите што успеале да се одржат на родната грутка на Митрета, а на мајката, Албанка, и посака во прегратка да има уште неколку деца. Ристески на семејството им однесе повеќе подароци и им подари штедна книшка со 10.000 денари.

Педесет и тригодишниот Митре не ја крие радоста што му се родил наследник. И мајката Ангелина е возбудена што Бог ~ даде син, по претходната неуспешна бременост. Среќа се распосла во куќата на семејството Трајкоски.

- Господ ми даде да го дочекам посакуваното. Ми се роди здрав син. Неизмерно се радувам. Ми доаѓа да го честам цел Прилеп и цело село - вели таткото на новороденчето.

Вредниот Митре работи како обезбедување во блискиот рудник. Вели задоцнил со домаќинлакот, доцна се оженил, но не се кае.

- Се оженив и не згрешив. Барав и касметот го најдов во Лежа, во Албанија. Ангелина е жена-домаќинка. Се грижи за домот, сега и за малиот. И арно и лошо делиме со љубов. Имаме разбирање - вели Митре.

Триесет и деветгодишната Ангелина три години е беловодичка снаа. Со Митре ги поврзале стројници. Можеби судбоносно било, што и сестра ~ била мажена во Прилеп. Kажува дека не ~ било лесно оти не го знаела јазикот.

- Дојде Митре и ме виде. За неколку часа го дадовме зборот. Радосна сум што Господ ни даде дете. Цел ден сум по него, а Митре е на работа - со возбуда зборува Ангела.

Не се жали, вели дека ~ е арна живејачката. Понекогаш ја мачи осаменоста оти останува само со лаежот на селските кучиња кога сопругот е на работа, но ~ помагале старите кумови.

- Убаво ми е сега. Не стасуваат пари, ама ќе прегрмиме. Се снаоѓаме да купиме вештачко млеко - вели Ангелина.

Митре сонува нова рожба, но и да дочека да го ожени Андреј.

- Господ, ако сака, пак нека ми даде син или чупе. Сеедно. Убаво е Андреј да има братче или сестричка - се смее Митре.

Ангелина и Митре веруваат во подобро утре оти Андреј ја турка прашината од куќата и ја расчистува пајажината низ распаднатите камени домови на Беловодица.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=C358B6AAE797004BA50B31F5A718E24E
Нека е со среќа,да се раѓат уште многу деца.
Многу убаво место е Беловодица, многу е посетуван тамошниот манастир. Мислам дека патот не беше нешто многу добар, али сепак живнува малце.
 
Ghazanin спомнуваше за нова автобуска во Прилеп.Еве го рендерот.Во позадина улицата би требало да е за накај Витаминка и патот за Крушево.
Avtobuska%20stanica%20Prilep%20SLIKA2.jpg

Трет обид за нова автобуска станица во Прилеп

Нова објава на Министерството за транспорт и врски за давање под долготраен закуп на земјиштето на кое треба да никне градска автобуска станица во Прилеп. Земјиштето со површина од 4.267 метри квадратни и почетна цена од 2.133.500 денари (500 денари за метар квадратен) се дава под закуп од 40 години. Парцелата е опфатена со урбанистички план УАЕ бр. 21, дел урбан блок 21/2. Објектот треба да биде висок 7,2 метри и со површина од 413 метри квадратни, а ќе се гради непосредно до постоечката железничка станица, со што ќе се заокружи транспортниот центар во Прилеп.

Најповолниот понудувач се обврзува дека во рок од 6 месеци од солемнизирање на договорот, ќе обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект, а истиот ќе го изгради во рокот предвиден согласно одредбите од Законот за градење, од денот кога одобрението за градба станало правосилно. Пријавите за учество можат да се доставуваат најдоцна до 07.04.2010, а јавното наддавање ќе се оддржи на 14.04.2010. Во првиот обид, општината не успеа да го реализира проектот преку јавно-приватно партнерство, а не беше успешен ни минатогодишниот обид на министерството, под исти услови како сегашниот.
 
Ова треба да е ливадата до пожарната или само така ми се чини... Ако е таму некако ерндеров ми е нелогичен ама нема врска, се што било на почеток едно излегло сосема десетто на крај во ова прилепов наш :D
 
Kaко и да е, автобуска и железничка на едно место е топ идеја, ти заминал возот, фаќаш автобус и обратно, ни пари за такси ни додатни чекања..ни ништо.
 
Ова треба да е ливадата до пожарната или само така ми се чини... Ако е таму некако ерндеров ми е нелогичен ама нема врска, се што било на почеток едно излегло сосема десетто на крај во ова прилепов наш :D
И мене ми е некако чуден рендерот, али ај.Во секој случај подобра градба ќе е од моменталната автобуска.Само малку поголемо кружење ќе е за автобусите шо ќе идат од влезот од Битола, уште поголемо од страната од Плетвар.
 
a бе не е големо кружење (буквално).
Од плетварскоџаде право само , солидност, театар, бончејца , покрај димо наредникот и кај 11-ти фабриката десно покрај терминал и ете си на пожарна...
Од Битола на бончејца наместо право, вртиш лево, димо наредникот , 11-ти, терминал пожарна
од кичево по обиколницата покрај млекара , жито прилеп тука си за минута ...
Е сега ако некој вози низ центар од плетвар до автобуска го фаќаат 5 семафори со доста големо чекање ако ги фати на црвено плус... но меѓуградските автобуси не се такси така да јбг ако некој е со товар има да си плати или нека влечка по улици торбиците :D
 
Тоа со автобуската кај пожарна веќе 4 години ја тупат :)
туку да не им се одземи местото за тренинг на пожарникарите....колку пати батките таму си играат фудбалче :)
 
Во очекување на новата Апореа :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom