Пријателство со желба за повеќе...

  • Креатор на темата Креатор на темата Маwечко
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Има личност со која сте многу добри пријатели,нема нешто што не знаете за неа и обратно,но...се случува да се заљубите во неа.Таа одбива да бидете пар,но сепак сака да продолжи вашето пријателство.Дали го прифаќате пријателството со надеж дека некој ден и таа ќе ви ја возврати љубовта?Дали мислите дека вашето срце може да го толерира тоа пријателство кое се надевате дека ќе прерасне во нешто поголемо?
 
зошто да не? би го прифатила пријателството и на тој начин би имала повеќе шанси да го освојам отколку да не бидеме ништо и да немаме никаков контакт...треба да продолжи тоа пријателство...зарем мислиш дека твоето срце би го толерирало фактот веќе ако не може да бидете пар па да го загубиш и како добар пријател ??
подобро нешто отколку ништо :toe:
 
Tender Girl напиша:
зошто да не? би го прифатила пријателството и на тој начин би имала повеќе шанси да го освојам отколку да не бидеме ништо и да немаме никаков контакт...треба да продолжи тоа пријателство...зарем мислиш дека твоето срце би го толерирало фактот веќе ако не може да бидете пар па да го загубиш и како добар пријател ??
подобро нешто отколку ништо
:toe:

Ама дали пријателството ќе биде исто откако ќе му кажеш што чувствуваш?Како ќе ти биде кога ќе го гледаш со друга и ќе посакуваш да си на нејзино место,а всушност...си само пријателка и ништо повеќе?
 
M@wEcK0 напиша:
Ама дали пријателството ќе биде исто откако ќе му кажеш што чувствуваш?Како ќе ти биде кога ќе го гледаш со друга и ќе посакуваш да си на нејзино место,а всушност...си само пријателка и ништо повеќе?

Se soglasuvam so ova. Eve najednostavno razmisli kako ce ti bide, da bidesh postojano do nego, a da nemozesh da go imash onaka kako shto sakash da go imash... Toa spred mene e najteshko, da go gledash ona shto najmnogu go sakash pokraj tebe, a da nemozesh da go imash :toe: :pipi:
 
Не можам да бидам таков пријател. Или ќе бидам во врска со него, или ништо друго. Не сакам да се задоволувам со нешто половично, и нешто што нема апсолутно никаква допирна точка со она што јас го сакам. И јас имам чувства, кои ако не ми се возвратени, немам намера да ги жртвувам и "негувам", кога јас ќе излезам повредена од тоа. А, да се надевам дека еден ден тоа ќе прерасне во љубов... Тоа еден ден може да е (и ќе биде) предоцна. Не сакам така.
 
Зошто некој би бил пријател со девојка ако не за нешто "повеќе"?
Мислам седнете и размислите, кој би сакал да трпи некоја да му го тапи, на теми кои се сосема различни од негов интерес.
Жена се знае за што е, за муабет сигурно не е.
 
Никогаш не се меша пријателство и љубов - барем според мене ! Едноставно ако се заљубиш во некој/а што ти е многу добар пријател , после тоа нема се да биде исто како порано !
 
Emma напиша:
Не можам да бидам таков пријател. Или ќе бидам во врска со него, или ништо друго. Не сакам да се задоволувам со нешто половично, и нешто што нема апсолутно никаква допирна точка со она што јас го сакам. И јас имам чувства, кои ако не ми се возвратени, немам намера да ги жртвувам и "негувам", кога јас ќе излезам повредена од тоа. А, да се надевам дека еден ден тоа ќе прерасне во љубов... Тоа еден ден може да е (и ќе биде) предоцна. Не сакам така.
Е тука не се согласувам...Нејќам исти коментари да давам само ќе кажам оти мислам исто как Tender Girl..
 
M@wEcK0 напиша:
Ама дали пријателството ќе биде исто откако ќе му кажеш што чувствуваш?Како ќе ти биде кога ќе го гледаш со друга и ќе посакуваш да си на нејзино место,а всушност...си само пријателка и ништо повеќе?
ако тој е со друга...ти ќе го гледаш со неа и кога ќе му бидеш и кога нема да му бидеш пријателка...тоа е нешто што не можеш да го спречиш..и во двата случаи ќе ти биде тешко и ќе посакуваш да си на нејзино место:smir:...сепак, мислам дека е подобро да останам пријателка со него..не гледам зошто тоа пријателство да се растури...за мене е потешко да го гледам (без разлика дали е со друга или не) а да не можам да бидам покрај него ниту барем како пријателка...тоа е тоа што ми се случува моментално и едноставно така се чувствувам...(тој не сака да бидеме ниту пријатели:nesum:)
 
Подобро нешто, него ништо. Оти да не останеме пријатели ? Немам што да изгубам, можам само да добијам. Можеби нема да биде исто, но ќе го имам покрај мене. Ако го немам, нема ни шанси дека некој ден тоа ќе прерасне во љубов.

Еве споредба :

Остануваме пријатели - Заедно сме. Не како што сакам, но барем е покрај мене. Имам надеж дека можеби некој ден ќе ме погледне поинаку.

Не остануваме пријатели - Се губи секаква врска, губиме секаков контакт, а јас па го сакам. Шанси никакви. И што сеа ќе чекаме времето да ме излечи или баба Милојка, кој ? Или да чекам милост од Бога ? Да чекам некој друг да ми најде, а ?

Што е подобро, да се надевам и да бидам барем малку среќна што го имам покрај себе тој што го сакам, или да си ја трескам главата, да сечам вени и да чекам ВРЕМЕТО да покаже, а знаете ВРЕМЕТО е зезната ствар, може утре да умрам ... :helou:

Едит : Иначе Ема ти си секако повредена, вака или така ... Подобро е да се надеваш дека еден ден тоа ќе прерасне во љубов него да се надеваш дека некој ден ќе засакаш друг(уште си ја трескаш главата по ''другарот''), ќе се сврти тркалото или шта ти ја знам ...

Повеќе надеж гледам во првото, искрено ... :smir:
 
Prijatelkata vredi poveke od ljubovnicata, zatoa ne se vljubuvam vo prijatelki.
 
Emma напиша:
Не можам да бидам таков пријател. Или ќе бидам во врска со него, или ништо друго. Не сакам да се задоволувам со нешто половично, и нешто што нема апсолутно никаква допирна точка со она што јас го сакам. И јас имам чувства, кои ако не ми се возвратени, немам намера да ги жртвувам и "негувам", кога јас ќе излезам повредена од тоа. А, да се надевам дека еден ден тоа ќе прерасне во љубов... Тоа еден ден може да е (и ќе биде) предоцна. Не сакам така.

е како можеш да кажеш дека пријателството нема "апсолутно никаква допирна точка" со она што ти го сакаш т.е. со љубовта...па нели во една врска партнерите најпрво треба да бидат другари (пријатели)...ако нема таков однос меѓу нив џабе им е љубовта :toe:

чувствата не се возвратени-тоа е факт, без разлика на понатамошниот развој на ситуацијата...ако немаш намера да ги жртвуваш и негуваш-па не го ни прави тоа...ама сеуште нема причина да се растури пријателството :smir:

надевањето не зависи од тоа дали ќе останеш или не пријателка со него....тоа зависи од тебе, односно ти можеш и да го растуриш пријателството а сепак потајно во себе да се надеваш дека еден ден...
 
Да, би прифатила да останеме другари, затоа што на тој начин ќе бидам до него и сепак има поголеми шанси и тој да почне да го чувствува истото како и јас, отколку воопшто да не се гледаме..
Но сепак, да го гледаш со друга, а ти да не можеш на направиш ништо околу тоа е најгадната работа во целава ситуација... Ама, надежта последна умира :) Јас сеуште имам надеж дека ќе бидам со него.. Sue me:toe:
 
Чек Он Ит напиша:
Не остануваме пријатели - Се губи секаква врска, губиме секаков контакт, а јас па го сакам. Шанси никакви.

Ако повеќе не сте во контакт после извесно време ќе го заборавиш,нели?И така ќе биде полесно,кога ќе го заборавиш и ќе најдеш друг отколку да му бидеш пријателка и да ја трпиш болката.:smir:
 
Абе и јас така мислев на почетокот, па го избегавав...ама не ми успеа, и плус бев принудена да го гледам секој ден у школо,па сега сме подобри другари отколку на почетокот...беља работа:nesum:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom