Немам некој пријател во реалниот живот со кој се дружам постојано а е од странство..
Но, летово, запознав еден дечко од Израел..
..Седиме друштво на плажа во Струга, славевме роденден на другарка, пиење еден куп купено, вотки, пива, вина и тако даље...Си лежиме на лежалките, се зезаме се смееме, и од еднаш забележуваме едно типче со суканици, боси нозе со алки на нив, бајаги беше чудно облечен па и уше се глеа дека нешо витка у ризла..некако тапа ми падна да го глеам сам како седи, а ние тука на 10 метра од него пиеме, викаме, се смееме, и му се приближувам и му викам: Еј бате [демек стружанец сум -.- сељачиште xD] а тој ми враќа "English?!"

Одма укапирав дека е странец, си почнав да си праам муабет со него, шо, како, ми се представи човекот, чудно име -.- го заборавив, слаб сум со памтење имиња.. ми рече дека е од Израел, кога го прашав со што се бави и шо бара тука, ми вика дека на улица прави fireshows и со тоа заработува за храна, и со тие малце пари сака да го прошета светот, и после неколку години да се врати во Израел

Човече, каков тип, колкави јајца треба да имаш за да напраиш нешто такво..да си го ризикуваш животот за тоа патешествие..
И така, си правевме муабет како му иде, кај спие, дали му треба нешто помош, ми кажа дека се знае со Скази и дека со него се шетал во израел на улица, си има муабет праено..у глобала, стварно интересно типче..
П.С: Е! Да, и тоа шо го виткал у ризла, не е маријана, туку е тутун, тобако од турција, грција, па сега кога дошол кај нас, ќе си земе и од кај нас, бидејќи несака да пуши купечки цигари
