Причини за кои сте раскинувале со партнерите?

  • Креатор на темата Креатор на темата BabyGirL
  • Време на започнување Време на започнување
opsesivnost, posesivnost, plitkost, neverstvo...
 
Никад не сум раскинал на која девојка. Причина зашто они ми раскинале е бидејќи ме сакаат како таков што сум пред да бидат со мене, а после посакале да сум друг. Комплицирано е, последниве 8 години со мене. Не дека не ми се битни девојките со кои бев, ама не бев секогаш тука за нив. Они ме сакаа да сум целосно посветен само на нив. Ако бидам како што они посакуваат, се губат моите квалитети и тоа више не сум јас, тоа биднува обична, класична, досадна врска.
 
Оние причини кои јас сум ги наведувала за раскинување врска најчесто биле:

*лага (онаа константна која преминува во патолошка,

*неверство (во поширок контекст),

*одсуствување од многу важни моменти во мојот живот, (или мигови кога ми е највеќе потребен) со глуп изговор

*препознавање карактерна особина преку која неможам да поминам ,

*недоразбирање кое произлегува од разлики во размислувањето и начинот на пристап кон проблемите ..

*А највеќе се ужасувам кога некој неможе да ме прифати мене како личност, туку цело време се обидува нешто да смени кај мене

Е сум се наоѓала и во ептен неблагодарни ситуации, кога партнерот едноставно не сака да ги чуе причините заради кои сакам да раскинам, туку упорно, очајно, некогаш и агресивно настојува врската да продолжи.
Мое мислење е дека во тие моменти најдобро е да се замине без многу објаснувања, бидејки воглавном кај некои луѓе нема да дојдеш на ред да си ги изјасниш причините и ставовите и нема да успееш да кажеш `крај`...
Многу врски баш поради тие причини прават скини-заврзи, и никако да раскинат. Врската се претвара во агонија и опстојува само затоа што некој во врската сепак сака да `си оди`но другиот упорно навалува да останете заедно, да почнете од почеток по стоти пат и едноставо не прифаќа `не` за одговор. Е таквите врски се најболни!
 
Завршила љубовта.
 
ех, тоа не е доволно

Додека ја има,се може да се помине и неверство и опсесија,љубомора,бокс меѓу очи :)Но кога ќе исчезне и промената на времето надвор може да биде сериозна причина за крај.
 
Додека ја има,се може да се помине и неверство и опсесија,љубомора,бокс меѓу очи :)Но кога ќе исчезне и промената на времето надвор може да биде сериозна причина за крај.
тоа е доволно :)
 
Љубомора..љубомора..љубомора..колку само ово не можам да го поднесам :lud::zid:
 
Недостаток на интелигенција и зрелост.
(глупача)
 
Љубомора
На неговата мајка не и се допаѓало моето презиме :tapp::tapp::tapp: хахаха
 
Додека ја има,се може да се помине и неверство и опсесија,љубомора,бокс меѓу очи :)Но кога ќе исчезне и промената на времето надвор може да биде сериозна причина за крај.

Делумно се согласувам, освен делот со неверството. Ма кој сака нека е, и да го сакам безрезервно....ако изневери -КРАЈ е без никакви аргументи!
 
Делумно се согласувам, освен делот со неверството. Ма кој сака нека е, и да го сакам безрезервно....ако изневери -КРАЈ е без никакви аргументи!

Никогаш не вели никогаш.Ќе наполниш уште некоја година,ќе се заљубиш до небо и тоа ќе го голтнеш без никаква драма...
 
Никогаш не вели никогаш.Ќе наполниш уште некоја година,ќе се заљубиш до небо и тоа ќе го голтнеш без никаква драма...

Секогаш е пријатно кога девојка прави муабет за голтање:)
Причина за раскинување? - Премногу време сме заедно.
 
Љубомора
На неговата мајка не и се допаѓало моето презиме :tapp::tapp::tapp: хахаха

јас на моите женки ниту им ги знам презимињата.Ма ни имињата не им ги знам. На сите им викам ЗЛАТО
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom