Причина за живеење...

  • Креатор на темата Креатор на темата PrincezZ
  • Време на започнување Време на започнување
Прочитав како некој напишал дека такви депресии биле нормални за млади од 15 до 20 години. Жива невистина. Јас никогаш не сум доживела нешто слично тогаш. Ако тоа мене не ми се случило, сигурно има уште некој таков, па апсолутно не е точно дека е морална таа појава за таа возраст. Секој човек има различен живот и животни искуства од сите останати, па секој во различен период доживува различни работи. .

Не мислев дека е морална појава туку дека е вообичаена,поради тоа што тогаш се оформуваме и сеуште сме неискусни и незрели па така повеќето (не сите) лесно се случува да бидеме поразени...

Факт е дека секој човек си има свои периоди али во некој моменти од животот ние луѓето си имаме слични или исти проблеми..

како во периодот во педесетата година на пример.поз:helou:

http://www.idividi.com.mk/Zdravje/Medicina/592199/index.html
 
Токму тоа што не можеме да ја најдеме причината за живот е самата причина. Ако од претходно ја знаеме крајната цел, тогаш можеби не би ни се допаднала и би одбиле...да живееме.
Само совршениот баланс помеѓу добрите и лошите работи не одржува како свесно битие, секојдневните баналности се само дела на човечката природна алчност кај некои луѓе.
 
причина за живот е сложена работа... секој си има своја причина.. дури и тие што мислат декак немаат причина сепак ја имаат само неможат да ја сватат или несакаат.. треба труд.. за се нешто има причина па така и со животот...
 
Дасе радуваш на се околу тебе, на насмевките на внуците ,да правиш работи кој ќе ги насмеат направат радосни луѓето со кои животот те споил, да ги сакаш, ама тоа да е искрено ,да се радуваш на природата цветовите и да ги бркаш мислите кои го нарушуваат ова , се завршува со мислата а неа можеме да ја промениме .
 
Јас живеам бидејќи сакам. Живеам за да го видам денот утре. Живеам за убавите моменти кои доаѓаат секогаш (порано или подоцна). Живеам, бидејќи животот ми е даден и бидејќи сакам да уживам во него. Не постои друга причина :)
 
Сигурен сум дека сите сме си го поставиле тоа прашање. Која е поентата на животот. Што следува после.. Дали има некаква цел нашето живеење?
Порано многу често си го поставува тоа прашање но веќе престанав... Често луѓето кога се разочарани од нешто во животот помислуваат на самоубиство...
Замислете го животот како една игра, во која не смееш да се откажеш, во спротивно ќе изгубиш. Сите оние кои се самоубиле, си го одзеле животот.Ја напуштиле играта. А играта ја напуштаат само кукавиците. Оние слабите, кои дошле тука за да победат а ќе заминат со пораз....
 
Колку повеке ја бараме причината за живеење сфакаме дека нештата кои порано ни значиле многу и не правеле срекни сега го губат тој сјај, и дека животот уствари е многу победен отколку што си мислевме.Затоа живеј го секој ден како да ти е последен и не размислувај многу за причини-колку помалку филозофираш и психоанализираш посрекен си.
 
Причина за живеење...
„Ако оставиме да бидеме водени од своите емоции,односно да го правиме она што ни причинува задоволство ќе бидеме среќни.“

=> Причина за живеење е задоволството.Во се.
 
Причина да живеам?И покрај се,ќе кажам..Јас сум среќна.Јас живеам бидејки:
Кога работите ќе тргнат потполно на друга страна и не се онакви какви што сум очекувала или кога едноставно ќе станам на погрешна нога, си припомнувам на зборовите од една поема од Вилтон Хил. Дозволете ми да ви ги кажам во целост:
"Денеска во автобус забележав прекрасна девојка со златна коса. И позавидов. Сета блескаше, па посакав и јас да бидам толку убава. Кога се подигна за да тргне забележав дека оди на една нога и се потпира на штаки. Но, кога помина покрај мене, ми се насмевна. Господе, прости ми кога плачам! Јас ги имам двете нозе и целиот свет е мој. Подоцна, додека чекорев по улицата, здогледав детенце со сини очиња. Стоеше на страна и ги гледаше другите деца како си играат. Застанав и го прашав зошто не си игра со нив. Не изговарајќи ниту збор гледаше пред себе и тогаш сватив дека е немо. О, Господе, прости ми кога плачам! Јас ги имам двете уши и слушам. Целиот свет е мој. Со нозете кои ме водат, со очите со кои го гледам руменилото на зајдисонцето, со ушите со кои слушам, полна сум со благослов и целиот свет е мој. Секој ден е божји дар. Уживајте во него."
 
девојко, не е убаво така да размислуваш. јас вака гледам на животот. не верувам дека има задгробен живот, или дека една душа живее бесконечно, менувајќи го своето тело по смртта на претходното. мислам, ми нема логика тоа. не верувам во господ. верувам едноставно дека ова е природа и јас сум се родила и имам (просечно земено) околу 70 години живот, и треба да ги искористам на свој начин. според мене нема некоја цел зашто сме се родиле сите, зашто живееме. едноставно така е. сме се родиле зашто нашите родители имале односи и татковците ни ги оплодиле мајките. ете тоа е причината за нашето раѓање. и те сфаќам тебе, сите имаме моменти кога сме безволни, мрливи, ништо не не интересира, ништо не ни се прави.... тоа е депресија. или едноставно нерасположение. во тие моменти едноставно ни треба нешто да се случи, да не разведри и да продолжиме со животот...
јас мислам дека ти не се чувствуваш нешто ужасно лошо или безнадежно или нешто... само имаш еден од тие моменти. и ти треба малце поттик и поддршка. тоа е се. пошо ако некој сварно мисли дека животот нема смисла, не отвара теми на кајгана за смислата на животот, туку едноставно го притиска чкрапалото и ја завршува бесмисленоста на животот. ама ти ете не си таа личност. сепак бараш смисла. имаш надеж. се надевам наскоро ќе ја пребродиш кризава. поздрав :)
 
уште нешто се сетив :) сите ние имаме омилена музика, песни што не раздвижуваат... па обиди се најди некоја од нив, некоја ретро денс песна откачи се по дома! играј, забавувај се сама! така најдобро ќе дознаеш дека си вредна за живот и без другите да ти го докажуваат тоа.
можеш да вежбаш јога. тоа е многу добро. имам пробано и многу помага, релаксира и опушта. а ако те болат мускулите после вежби, и тоа е добро пошо барем знаеш дека нешто си направила. најди прирачник отиди до книжара. има добри книги. ако сакаш ќе ти препорачам Јога Основи и почеток. обемна е и детална. убаво е се објаснето, и како делува, се се ти пишува.
можеш да читаш книги. порано јас бев една од оние плиткоумни што викале дека книгите се глупости, дека потсеќаат на школо, а тоа замара. ама како растев и се соочував со книгите сфатив дека има многу добри книги што ќе те расположат, ќе те одвлечат од лошо расположение, ќе те однесат во друг свет.
оди на кеј, вози ролери (или точак). трчај, троши енергија. штом си западнала во ваква депресија значи ништо не ти се прави и имаш време за се. дозволи си да ја пронајдеш среќата. дозволи си да си покажеш сама на себе дека си вредна и единствена.

има многу опции, се е на тебе. само треба да одбереш колку сакаш да експериментираш и да истражуваш. ако си спремна на авантура... имаш многу опции. може ќе помислиш дека јогата или читањето книги или трчањето не се некоја авантура... ама не е сосема така. пробај, ќе видиш. ќе се почувстуваш исполнето кога ќе знаеш дека нешто се обидуваш да направиш. обиди се. ако паднеш пробај пак. и пак и пак. ќе успееш еднаш. ќе видиш. не очајувај :)
со среќа :)
 
Причина за живот сум си јас самата, пред се. Сакам да учам, да созревам, да испитувам, да вложувам во себе, да растам. Имам прифатено дека е во ред и да паднам и да се искачам, да се борам за себеси. Ко што реков, причина за живот сум си јас.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom