При посета на света земја

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Христијаните „мета“ на ерусалимскиот синдром
(но,исто и евреите и муслиманите http://en.wikipedia.org/wiki/Jerusalem_syndrome)

Нарушувањето почнува со вознемиреност и несовладлива желба да се види градот без придружба, а завршува со потребата да се облече тога и да се одржи проповед на светото место

200px-JeruSynd.png

Со наближувањето на Божик, христијаните од целиот свет почнуваат да мислат на Светата земја и на важните ликови од Библијата. За многумина што одат таму на аџилак, религиозната енергија е доволна за да ги натера да почнат да рецитираат стихови од Библијата по улиците или да тврдат дека се кралот Давид или Исус, јавува Ројтерс. Овој феномен е познат како „ерусалимски синдром“. Психијатрите не се согласуваат околу тоа дали синдромот може да ги „нападне“ и здравите луѓе или само оние што имаат предиспозиции за психози во кои веруваат дека го виделе Месијата. Полицијата формирала посебна единица во градот - кој е свето место за Евреите, муслиманите и за христијаните, која треба да се справи со поединците што секоја година се појавуваат тврдејќи дека се ликови од Библијата, а болниците имаат посебни одделенија за лекување на заблудените туристи.

Туристичкиот водич Ави Грин се сеќава како по една туристичка прошетка низ стариот град на Ерусалим во 2003 година, 19-годишен американски турист тврдел дека камењата од Ѕидот на плачот - едно од најсветите места на јудаизмот, се отвориле и од зад нив му се појавил Месијата. Потоа туристот имал привиденија, станал насилен и морало да биде хоспитализиран.

Од 30 до 40 туристи секоја година се хоспитализирани поради слично однесување, вели д-р Грегори Кац, шеф на одделот за итна медицинска помош во центарот за ментално здравје „Гиват Шаул“. Од нив, само кај неколкумина е дијагностициран „вистинскиот“ ерусалимски синдром.

- Нарушувањето е екстремно ретко. Можеме да кажеме дека станува збор за вистински ерусалимски синдром само ако личноста претходно немала психички проблеми. Тој обично се јавува на првото патување во Светата земја, кога личноста го гледа спојувањето на реалниот со Ерусалим од Библијата - вели Кац.

Повеќето пациенти се средовечни луѓе со силно религиско воспитание кои потекнуваат од малите градови во САД или во Скандинавија. Тие обично доаѓаат со организирани тури со религиозните групи и кај нив се развива чувство на екстаза кога ќе ги видат светите места споменати во Библијата.

- Додајте ги на тоа истоштеноста и ненаспаноста поради долгото патување и тие почнуваат да се идентификуваат со библиските ликови. Можете да ги видите облечени во бело како проповедаат на светите места. Тоа може да биде опасно однесување - вели тој.

Кац ја опишал прогресијата на синдромот во британскиот „Психијатриски журнал“. Нарушувањето почнува со вознемиреност и несовладлива желба да се види градот без придружба, а завршува со потребата да се облече тога и да се одржи проповед на светото место. Тој го опишал случајот на една 35-годишна жена од христијанска религиозна група која по три-четири дена неспиење почнала да верува дека е Богородица. Жената излегла од својот хотел завиткана во бел чаршав и почнала да проповеда против гревовите. Ваквите „епизоди“ траат неколку дена, по што пациентот не се сеќава на ништо. Кац раскажува и како пред неколку години жена стара 60-ина години исчезнала на Пасха кога нејзината група го посетила Ерусалим. Нејзиниот преплашен сопруг ја повикал полицијата.

- Ја најдовме следното утро во Витлеем близу до гробот на Рашела. Старицата ноќта пешачела сама девет километри. Таа ни рече дека не се сеќава на ништо освен дека добила знак - вели тој.

Други психијатри велат дека ерусалимскиот синдром не е нарушување само по себе, туку манифестација на други психози.

- Ексцентричното однесување и бизарните настапи на овие шаренолики, но бизарни посетители станувале драматично јавни кога ќе стигнат во Светиот град: географската точка во која се наоѓа „центарот на светот“ на нивните религиозни убедувања - запишал Моше Кали-ан, обласен психијатар во Ерусалим.

izvor
 
ајдееееее.. првпат слушам за ваков случај,, али па од друга страна и не ме чуди...
Ме изнасмеа брат посабајлечки.. цццц
Ноу комент за женава..
 
ајдееееее.. првпат слушам за ваков случај,, али па од друга страна и не ме чуди...
Ме изнасмеа брат посабајлечки.. цццц
Ноу комент за женава..

искрено и јас прв пат прочитав за ова синоќа на руски сајт-:eek: сакав денес да пишам за него, но среќа го најдов ова и на македонски-што ме спаси од преведување:)
 
искрено и јас прв пат прочитав за ова синоќа на руски сајт-:eek: сакав денес да пишам за него, но среќа го најдов ова и на македонски-што ме спаси од преведување:)

Знаеш, кога ќе размислам вака, кога сета таа психоза и мотивација за да се стори такво нешто, биде само пренасочена во нешто креативно и полезно, могу боље би фунционирале тие луѓе....
 
Знаеш, кога ќе размислам вака, кога сета таа психоза и мотивација за да се стори такво нешто, биде само пренасочена во нешто креативно и полезно, могу боље би фунционирале тие луѓе....
можеби....
но, интересно исто така(бар за мене:pos:) е што некои....откако го посетиле Ерусалим веќе по враќањето сакаат/пробуваат коренито да се изменат- се’ е екако вештачки, сосила,а и невозможно
па и она додавката ХАЏИ- кон презимето- (пр.со пејачката Благица Павловска)
Фолкерката Благица од неодамна Аџи-Павловска
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=71C1FC95FF5E64428F0248C4F49C55FE
 
Катастрофа еј... мизерија...а и муслиманиве не се нешто подалеку од тоа..Вртат околу најобична карпа (метеорит да бидеме попрецизни) и тоа во толкава гужва, старо и младо, па годишно мислам кога одат на аџилак обавезно мора некој да биде прегазен во таа ѓурултија...
 
немам ништо против одењето и посетата на верски свети места.
и јас сум верник, но не фанатик - и мислам за се’ треба усул.
многу ме иритира токму онаа додавка на презимето
вистинското значење не го знам- и колку и каде е тоа допустливо(во смисол- дали секој еден кој бил таму може своеволно да изврши корекција на постоечкото, дали сепак нетреба некој тоа заслужно да го добие- навистина ми е непознато)
но,пред некое(скоро) време разговаравме во друштво и имаше една госпоѓица која исто го посетила местово и цело време додека разговаравме се уфрлаше и на неколку пати кажа како она сега треба да си додаде Хаџи- кон презимето:cenzura:
 
Види јас не сум верник, но не ми пречи ако некој е, ми пречат глупости, а и затоа веројатно овие што се фанатично настроени не можат да го разберат тоа, но не е важно..
А ова за додавката „хаџи“, ми звучи као нешто ориентално, значи пак потекнува негде од тој крај, арабија и израел.. и веројатно има врска нешто со поклонство пред бога т.е. пред светецот. така да веројатно и таа група која што се одлучила да оди на аџилак, се смета за поблиска до Бога.. па веројатно и одтука доаѓа и називот на тоа „Хаџи“ - во таа смисла...
А интересно, на англиски па ко шо знаеме е pilgrimage -pilgrim.
--- надополнето: Dec 4, 2011 10:59 AM ---
Да не должам многу.. отворив сеа ова ова практикумот по Римско право хаха.. е добро е што уште го чувам, интересно книгиче..
Pilgrim - pilgrimage испаѓа дека потекнува од латинскиот збор Peregrinus, а што во суштина означувало одреден статус во Римската империја во времето од 1 век пр. н.е до 3 век од н.е. (време на Републиката), и тоа била одредна група на населеници на Римската империја која немала статус на Граѓани на Рим, па за да добијат морало да се конституира constitutio Antoniana, па со тоа и биле укинате Перегрините. А иначе Перегрините биле најбројни во Римската империја (веројатно тоа е и поради тоа што Рим освоил голем број на територии, а најчест случај бил и миграцијата помеѓу тие територии), а зборот Перегрин значи - странец или оној кој што е од надвор - од далеку, па веројатно и одтука дошла и смислата за - Патувач и патување, а со оглед на тоа дека подоцна истиот збор ги означувал оние кои што патувале од и кон светата земја.
А за ова Хаџи - ах . пак сум на мислење дека е некој арапски збор..ли од таму, хебрејски ваљда шо го знам..
 
немам ништо против одењето и посетата на верски свети места.
и јас сум верник, но не фанатик - и мислам за се’ треба усул.
многу ме иритира токму онаа додавка на презимето
вистинското значење не го знам- и колку и каде е тоа допустливо(во смисол- дали секој еден кој бил таму може своеволно да изврши корекција на постоечкото, дали сепак нетреба некој тоа заслужно да го добие- навистина ми е непознато)
но,пред некое(скоро) време разговаравме во друштво и имаше една госпоѓица која исто го посетила местово и цело време додека разговаравме се уфрлаше и на неколку пати кажа како она сега треба да си додаде Хаџи- кон презимето:cenzura:

Аџија - Аџи - Хаџи , е само варијација во македонија.Правилната форма на зборот е Хаџ , Хаџија или придавката на презимиња- ХАЏИ. А потеклото му е арапско, од зборот حج‎ (хаџ, eng: hajj)
Некој го нарекуваат како патување на душата, соединување со светилиштето, има многу варијации а не се сомневам во тоа да го има истиот збор или малку поизменет во еврејскиот јазик поради што арапски и еврејски имаат зборови што им се преклопуваат, само не знам еврејски:)
 
Тоа е све ради тешките thought forms што се створени таму, по било кои свети места. Секој што отишол додал на истото и после векови и векови тој thought form станува се посилен и влијае на психата на луѓето - посебно оние кои што се отворени кон тоа. Тоа е слично и како кога некој ќе влезе во некоја стара црква или манастир и се осеќа малку другачие.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom