@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Христијаните „мета“ на ерусалимскиот синдром
(но,исто и евреите и муслиманите http://en.wikipedia.org/wiki/Jerusalem_syndrome)
Нарушувањето почнува со вознемиреност и несовладлива желба да се види градот без придружба, а завршува со потребата да се облече тога и да се одржи проповед на светото место
Со наближувањето на Божик, христијаните од целиот свет почнуваат да мислат на Светата земја и на важните ликови од Библијата. За многумина што одат таму на аџилак, религиозната енергија е доволна за да ги натера да почнат да рецитираат стихови од Библијата по улиците или да тврдат дека се кралот Давид или Исус, јавува Ројтерс. Овој феномен е познат како „ерусалимски синдром“. Психијатрите не се согласуваат околу тоа дали синдромот може да ги „нападне“ и здравите луѓе или само оние што имаат предиспозиции за психози во кои веруваат дека го виделе Месијата. Полицијата формирала посебна единица во градот - кој е свето место за Евреите, муслиманите и за христијаните, која треба да се справи со поединците што секоја година се појавуваат тврдејќи дека се ликови од Библијата, а болниците имаат посебни одделенија за лекување на заблудените туристи.
Туристичкиот водич Ави Грин се сеќава како по една туристичка прошетка низ стариот град на Ерусалим во 2003 година, 19-годишен американски турист тврдел дека камењата од Ѕидот на плачот - едно од најсветите места на јудаизмот, се отвориле и од зад нив му се појавил Месијата. Потоа туристот имал привиденија, станал насилен и морало да биде хоспитализиран.
Од 30 до 40 туристи секоја година се хоспитализирани поради слично однесување, вели д-р Грегори Кац, шеф на одделот за итна медицинска помош во центарот за ментално здравје „Гиват Шаул“. Од нив, само кај неколкумина е дијагностициран „вистинскиот“ ерусалимски синдром.
- Нарушувањето е екстремно ретко. Можеме да кажеме дека станува збор за вистински ерусалимски синдром само ако личноста претходно немала психички проблеми. Тој обично се јавува на првото патување во Светата земја, кога личноста го гледа спојувањето на реалниот со Ерусалим од Библијата - вели Кац.
Повеќето пациенти се средовечни луѓе со силно религиско воспитание кои потекнуваат од малите градови во САД или во Скандинавија. Тие обично доаѓаат со организирани тури со религиозните групи и кај нив се развива чувство на екстаза кога ќе ги видат светите места споменати во Библијата.
- Додајте ги на тоа истоштеноста и ненаспаноста поради долгото патување и тие почнуваат да се идентификуваат со библиските ликови. Можете да ги видите облечени во бело како проповедаат на светите места. Тоа може да биде опасно однесување - вели тој.
Кац ја опишал прогресијата на синдромот во британскиот „Психијатриски журнал“. Нарушувањето почнува со вознемиреност и несовладлива желба да се види градот без придружба, а завршува со потребата да се облече тога и да се одржи проповед на светото место. Тој го опишал случајот на една 35-годишна жена од христијанска религиозна група која по три-четири дена неспиење почнала да верува дека е Богородица. Жената излегла од својот хотел завиткана во бел чаршав и почнала да проповеда против гревовите. Ваквите „епизоди“ траат неколку дена, по што пациентот не се сеќава на ништо. Кац раскажува и како пред неколку години жена стара 60-ина години исчезнала на Пасха кога нејзината група го посетила Ерусалим. Нејзиниот преплашен сопруг ја повикал полицијата.
- Ја најдовме следното утро во Витлеем близу до гробот на Рашела. Старицата ноќта пешачела сама девет километри. Таа ни рече дека не се сеќава на ништо освен дека добила знак - вели тој.
Други психијатри велат дека ерусалимскиот синдром не е нарушување само по себе, туку манифестација на други психози.
- Ексцентричното однесување и бизарните настапи на овие шаренолики, но бизарни посетители станувале драматично јавни кога ќе стигнат во Светиот град: географската точка во која се наоѓа „центарот на светот“ на нивните религиозни убедувања - запишал Моше Кали-ан, обласен психијатар во Ерусалим.
izvor