Околу Вагнер ситуацијата, од јавно достапни, не толку јавно достапни информации и мое толкување како се одвивало се:
1. Дур Пригожин си ќутел и си ја работел работата и носел резултати, се ок.
2. Со доаѓањето во Украина, добива на популарност и почиња да стануе инфлуенсер. Се толерира јер се смета дека прави ПР за регрутација. У меѓувреме на терен сеуште носи резултати. Сеуште генерално се е ок, но се палат првите аларми јер ипак не личи да биде толку присутен у медиуми.
3. Троши и постојано бара се повеќе и повеќе оружје и опрема, кои сепак ги добива најмн од МО. Успесите на терен се неоспорни ама во своите ПР стантс се повеќе си припишува се на себе, као божем он сам штанца се од оружје и муниција до секаква логистика. Тука почнуе јавно да го прозива лидерството као божем не му даваат намерно, а уствари во споредба со било која друга регуларна единица он добива пута 100, на што голем дел од неговите успеси се темелат. Тука уште повеќе аларми се палат.
4. Почнуе јавно да критикува лидерство, да руши авторитет и да ствара сомнежи и поделби. У меѓувреме има збрано огромни количини техника, муниција, тешко вооружање и ги накачува нападите кон лидерството и ги доведува во прашање нивните цели или способности, ПР појачува, оштрина на говор и радикалност појачува и стига до стадиум да е толку моќен да биде во позиција да поставува услови и да уценува. Тука алармите горат, пиштат.
5. Се носи одлука дека станува закана, од повеќе аспекти. Настрана што као паравоена структура има невидена офанзивна моќ собрано на располагање, воопшто не е на иста линија околу стратешкиот пристап на руководството, т.е. неговата радикалност станува се поизразена. Они имаат пристап на минимални жртви и никакво трзање во руско општество, он има пристап на јуриш без оглед на жртви. Само што за тие жртви од кај него и жртви кај регуларната армија, народот има сосем друго ниво на "жалење".
6. Го разрешуваат проблемот околу Бахмут, му даваат што сака и бара и завршува работа таму. Донесена е одлука за скоро време да се расформира Вагнер. Претходно им се нудат договори со МО, он не дозволува, што укажува дека веќе и он сваќал колку е саат, дека не е посакуван веќе. Он вика Вагнер требало да престане да постои на 01.07. Дали му било директно понудено мирно да се деси или пак не било воопшто преговарано со него, засега незнам.
7. Ставен во таква положба, почнува со време да планира некаков "push back". Одлучува да ги напаѓа Шојгу и Герасимов јер Путин е бетон и народ не иде против него, ама за овие двајца владее некое мислење дека заради нив иде све споро. Америте дознаваат негде пред 2 недели, русите ден-два пред тоа, но веројатно никој не знаел детали каде што како.
8. Путин и компанија носат одлука дека мора да се оди до крај и да се имплементира планот за разходовање. Гангрена мора да се исече иако ќе има последици, подобро сега отлолку кога последиците може да бидат фатални.
9. Пригожин го користи моментот што многу добро го знае Путин, и на врв од се му е да нема жртви или што помалку особено цивилни. Затоа го напаѓа кај што најмн ќе биде трпелив, внатре во Русија. И затоа не наидува на некој отпор.
10. Се постигнува компромис. Вагнер нема да биде расформиран, само нема да оперира под капата на Русија. Пригожин може да продолжи со бизнисот од Белорусија. Засега.
11. Путин на крај го добива тоа што го сака, го трга од врат (засега) Вагнер и Пригожин, нема многу жртви, нема ич цивилни жртви, нема граѓанска војна, кропролњвање и нема влијание врз руското општество. Нема моментален и директен ефект врз СО. Ама ја губи веројатно најсилната офанзивна потенција.