БЛЕКВОТЕР
Платениците што ја разгореа Украина ѝ нудат на американската влада да ги уништат џихадистите
„Ако американската влада не сака да испрати копнени сили да се борат против исламистите, нека ги пуштат приватните компании да ја завршат работата“, изјавил деновиве основачот на најпознатата фирма за платеници Блеквотер. Работата за која беа ангажирани во Ирак, каде беа обвинети за убиства на цивили, ја наплатиле, според американските медиуми, округло една милијарда долари, пишува
Вашингтон пост.
Ерик Принс, христијански фундаменталист и милијардер, кој во моментов има нов бизнис во Африка, кажал: „Да се собере старата екипа од Блеквотер, сигурен сум дека брзо би можела да се формира една ударна бригада“.
Тоа, според него, би бил решителниот тег на вагата кој би бил клучен за победа над џихадистите. Принс е најдобриот пример дека војната е профитабилен бизнис. Но вистинското прашање е кој плаќа и зошто?
Независниот институт за стратешки и буџетски проценки, ЦСБА, ги објавил трошоците за борбата против ИС во Сирија и Ирак. Американските воени операции во тој регион засега, поточно до 24 септември, чинеле меѓу 780 и 930 милиони долари. Сепак, војната се разгорува, а ЦСБА предвидува конечна цифра од околу 1,8 милијарди долари. Месечно.
Ерик Принс за
американските медиуми изјавил дека во акцијата мора да бидат вклучени приватните војници кои, според него, имаат најголеми шанси да ја „довршат работата“, а би го решиле и проблемот со негативното јавно мислење врзано за копнената офанзива. Дури ги повикал републиканците да се заложат за тоа во Конгресот.
Но, претходно годинава беше објавено дека ирачката влада на платниот список има околу 5.000 приватници, од кои најмалку 2,000 се Американци. Репортерите од теренот јавуваат дека на ирачка територија има најмалку 1.200, а некои зборуваат и за дури 1.600 „специјални воени советници“ од Западот.
Во изминатата деценија во Ирак и Авганистан владата на популарните „контрактори“ потрошила 200 милијарди долари. Кога на крајот на приказната се расчистиле сметките било утврдено дека меѓу 30 и 60 милијарди долари биле залудно потрошени, злоупотребени или украдени, а на најмалку шест милијарди долари им се изгубила трагата.
Конгресот го зголеми воениот буџет, но, како што истакнуваат критичарите на војната, го „скастрил“ буџетот за боновите за храна, кои ги добиваат најсиромашните Американци за дури 8,7 милијарди долари.
Со кастрењето на боновите за храна 850.000 американски семејства ќе останат без очајно потребните пари – околу 90 долари месечно. Од друга страна, во американските војни во изминатите 10 години, исчезнале или поради недоволен надзор биле украдени 12 милиони долари. Дневно.
http://www.mkd.mk/svet/analizi/plat...i-nudat-na-amerikanskata-vlada-da-gi-unishtat