Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    777
Очигледно ситуацијата е потешка отколку што мислев, затоа ќе ги поставам трите ситуации со дополнително објаснување. Од три ситуации ја искоментира само третата - природна катастрофа.

1.Како што кажав, мој познаник имаше сообрајќаjна несреќа пред две недели (човечка грешка). Cui bono?

2.Во 1993 г. авион на Авиоимпекс се сруши во близина на Охрид со 116 патници од кои сите погинаа (компјутерска и човечка грешка). Cui bono?

3.Во 2004 г. имаше цунами во Индискиот Океан кое предизвика околу 280 000 жртви (природна катастрофа). Cui bono?

И еве една гратис ситуација.

4.Во 2001 г. патнички авион беше срушен над Црното Море. Cui bono?

На мене ми реплицираш поставувајќи ми ги истите прашања со кои избегнуваш да дадеш одговор на истото прашање кое ти го поставуваме @Vanlok и јас, но не му реплицираш на @Vanlok ?

Како што спомна @Vanlok, сите тие настани кои ти ги спомнуваш, не се случиле на бојно поле, туку во мирни услови, па од тука твојата споредба не држи вода.

Како и да е, расипани плочи #3:

Cui bono ?
 
Русија ги брани сопствените национални интереси, а можеби ќе излезе и во одбрана на интересите на граѓаните на Донецк и Луганск со цел да ги заштити од хунтата во Киев.
Русија ако до толку ги брани интересите на жителите од Донбас зошто не го анексира регионот?
Може без никаков проблем да го направи тоа, да ги земе под своја капа, да им ја изгради уништената инфраструктура и да им ја исполни желбата за припојување кон (Ново)Русија.
Ама не го прави тоа, и излегоа на виделина вистинските руски интереси, формирање на нова кукла-држава во Донбас од типот на Осетија и Абхазија.
Им го остави обновувањето на Донбас на украинците и им ја оневозможи примарната цел на сепаратистите. Информирај се колку се сепаратистите ‘среќни‘ заради договорот во Минск.
 
Русија ако до толку ги брани интересите на жителите од Донбас зошто не го анексира регионот?
Може без никаков проблем да го направи тоа, да ги земе под своја капа, да им ја изгради уништената инфраструктура и да им ја исполни желбата за припојување кон (Ново)Русија.
Ама не го прави тоа, и излегоа на виделина вистинските руски интереси, формирање на нова кукла-држава во Донбас од типот на Осетија и Абхазија.
Им го остави обновувањето на Донбас на украинците и им ја оневозможи примарната цел на сепаратистите. Информирај се колку се сепаратистите ‘среќни‘ заради договорот во Минск.

Нема потреба од дополнително информирање, бидејќи е општо познат фактот дека новоруските бунтовници во источна Украина се незадоволни од договорот во Минск.

Но истовремено општо е познат фактот дека западот очекува од Русија да ја анектира источна Украина за да има оправданија за уште поголеми санкции, а можеби и за конкретни воени дејствија против Русија.

Ако ги пратиш сегашните настани - падот на цената на нафтата, падот на американската берза, падот на американскиот долар и економската криза која се очекува секој момент - повеќе од јасно е дека на западот сега му е потребна војна повеќе од било кога, а Русија и Владимир Путин не планираат да им ги задоволат профитерските потреби.

Но најважни во наредниве 8 месеца се изборните циклуси во САД и во Велика Британија - големите партнери во воениот профитерски сојуз наречен НАТО.

Во ноември 2014 во САД ќе се одржат редовни генерални избори - што е друг израз за парламентарни избори, на кои се очекува статус кво - Барак Хусеин Обама и Демократската Партија на САД да останат опозиција во американскиот Конгрес, но истовремено да го задржат и мнозинството во американскиот Сенат. Но секако дека има простор за пресвртница - можеби демократите ќе останат опозиција во Конгресот, а истовремено да го изгубат и мнозинството во Сенатот, но исто така можно е спротивното - да го задржат мнозинството во Сенатот, а истовремено да го освојат и мнозинството во Конгресот.

Во мај 2015 во Велика Британија ќе се одржат редовни парламентарни избори, на кои се очекува да изгубат Дејвид Камерон и Конзервативната Партија, но се очекува нова опозициска сила да биде Партијата за Независност на Обединетото Кралство на Најџел Фараж, која пред 2 дена го освои своето прво пратеничко место во британскиот Парламент, а во мај 2014 победи на европските парламентарни избори во Велика Британија. Сите овие години кои Фараж и неговата партија ги поминаа низ најразни потсмевања и понижувања конечно почнуваат да им се исплаќаат, не се очекува да победат на редовните парламентарни избори во 2015, но се очекува на големо да им ги поматат сметките на Дејвид Камерон и конзервативците и на Ник Клег и либералдемократите. Се разбира и тука има простор за статус кво - Камерон и конзервативците да останат на власт, но сепак се очекува Фараж и неговите евроскептици да освојат по некое пратеничко место.

Во вакви околности, Русија и Владимир Путин можат да негуваат надеж за пресвртница во САД и во Велика Британија после редовните парламентарни избори во ноември 2014 и во мај 2015 во овие држави, или доколку конечно избувне економската криза која не само Русија и Путин, туку и самиот запад ја очекува изминативе 2 години, што можеби ќе придонесе за попуштање на западот околу Украина.

Иако јас лично мислам дека ништо од ова не е баш така лесно изводливо, сепак надежта последна умира, а во вакви околности, статус кво во источна Украина најмногу им одговара на Русија и на Владимир Путин.
 
Русија ако до толку ги брани интересите на жителите од Донбас зошто не го анексира регионот?
Може без никаков проблем да го направи тоа, да ги земе под своја капа, да им ја изгради уништената инфраструктура и да им ја исполни желбата за припојување кон (Ново)Русија.
Ама не го прави тоа, и излегоа на виделина вистинските руски интереси, формирање на нова кукла-држава во Донбас од типот на Осетија и Абхазија.
Им го остави обновувањето на Донбас на украинците и им ја оневозможи примарната цел на сепаратистите. Информирај се колку се сепаратистите ‘среќни‘ заради договорот во Минск.
Не зезај, стратешки изиграно, потег пар екселанс. Крим е анексиран, а најбогатото подрачје на Украина е под огромно Руско влијание и контрола.
Само со Донбас во рамките на Украина, Украина ќе биде далеку од НАТО. Тоа значи дека интересот на Русија е поголем од Донбас. Впрочен вистинските Руски интереси се уствари Руски интереси, а ситуацијата во Украина е очигледно добро скроен одбранбен механизам против класичен CIA takeover.

Што се однесува до среќата на сепаратистите, тоа мора да е така, пошто тоа го нагласува разумот на Москва.
 
Стандардна пракса на врабецот. Тој не е тука да дискутира туку да агитира.
Во моментот кога дискусијата оди во правец кој оди против агендата што му е зададена: врабец го менува правецот на дискусијата, или едноставно игнорира... во надеж дека соговорникот ќе се фати на замката и самиот ќе го смени моментот на дискусијата.

На жалост си имаме работа со обучени агитатори и платеници на локалниве НВО. Никакви дискутантски способности нема да доведат до нивно соочување со вистината, тие од неа бегаат како вампир од сонце. ;)

Ванлок, можеби и си во право, но мислам дека пренасиленото повторување на овие обвинувања на рачун на Врабецот исто така не допринесува во корист на дискусијата.
Од време на време, кога ќе претера слободно, ама во некои случаи и он бил во право, затоа нека има спротивни мислења оти најголем дел луѓе тогаш ќе одлучат полесно за својот избор, страна, аргументи и здрав разум.
 
lg.php




БЛЕКВОТЕР

Платениците што ја разгореа Украина ѝ нудат на американската влада да ги уништат џихадистите

„Ако американската влада не сака да испрати копнени сили да се борат против исламистите, нека ги пуштат приватните компании да ја завршат работата“, изјавил деновиве основачот на најпознатата фирма за платеници Блеквотер. Работата за која беа ангажирани во Ирак, каде беа обвинети за убиства на цивили, ја наплатиле, според американските медиуми, округло една милијарда долари, пишува Вашингтон пост.


mkd-154251.jpg

Ерик Принс, христијански фундаменталист и милијардер, кој во моментов има нов бизнис во Африка, кажал: „Да се собере старата екипа од Блеквотер, сигурен сум дека брзо би можела да се формира една ударна бригада“.

Тоа, според него, би бил решителниот тег на вагата кој би бил клучен за победа над џихадистите. Принс е најдобриот пример дека војната е профитабилен бизнис. Но вистинското прашање е кој плаќа и зошто?

Независниот институт за стратешки и буџетски проценки, ЦСБА, ги објавил трошоците за борбата против ИС во Сирија и Ирак. Американските воени операции во тој регион засега, поточно до 24 септември, чинеле меѓу 780 и 930 милиони долари. Сепак, војната се разгорува, а ЦСБА предвидува конечна цифра од околу 1,8 милијарди долари. Месечно.

Ерик Принс за американските медиуми изјавил дека во акцијата мора да бидат вклучени приватните војници кои, според него, имаат најголеми шанси да ја „довршат работата“, а би го решиле и проблемот со негативното јавно мислење врзано за копнената офанзива. Дури ги повикал републиканците да се заложат за тоа во Конгресот.

mkd-154252.jpg

Но, претходно годинава беше објавено дека ирачката влада на платниот список има околу 5.000 приватници, од кои најмалку 2,000 се Американци. Репортерите од теренот јавуваат дека на ирачка територија има најмалку 1.200, а некои зборуваат и за дури 1.600 „специјални воени советници“ од Западот.

Во изминатата деценија во Ирак и Авганистан владата на популарните „контрактори“ потрошила 200 милијарди долари. Кога на крајот на приказната се расчистиле сметките било утврдено дека меѓу 30 и 60 милијарди долари биле залудно потрошени, злоупотребени или украдени, а на најмалку шест милијарди долари им се изгубила трагата.

Конгресот го зголеми воениот буџет, но, како што истакнуваат критичарите на војната, го „скастрил“ буџетот за боновите за храна, кои ги добиваат најсиромашните Американци за дури 8,7 милијарди долари.


Со кастрењето на боновите за храна 850.000 американски семејства ќе останат без очајно потребните пари – околу 90 долари месечно. Од друга страна, во американските војни во изминатите 10 години, исчезнале или поради недоволен надзор биле украдени 12 милиони долари. Дневно.

http://www.mkd.mk/svet/analizi/plat...i-nudat-na-amerikanskata-vlada-da-gi-unishtat
 
^ Само што во оригиналниот артикал од Вашингтон Пост воопшто не се спомнува Украина.
Сензационалистички наслов што нема благе везе со артиклот. Што друго да се очекува од македонски портали.

8 мртви, 15 цивили повредени од ГРАД напади во Мариупол.

Колку сега ќе рипнат на темава во одбрана на цивилите?
 
^^

За жал одамна на никој не му е грижа за цивилите и оние кои се присилно регрутирани (на двете страни). Луѓето се само бројки, само статистики кои гинат во бесмисленава и непотребна војна.
 
^^

За жал одамна на никој не му е грижа за цивилите и оние кои се присилно регрутирани (на двете страни). Луѓето се само бројки, само статистики кои гинат во бесмисленава и непотребна војна.
Јас не можам да се изначудам на ова незаинтересираност и рамнодушност за секојдневни трагедии со толкав број на секојдневни невини жртви во европски град. Луѓе со граѓанска култура, кои живеат во средина иста како нашата. Ниту политичари, ниту медиуми, ниту граѓаните посебно не се возбудуваат. Изгледа дека потребно е да се почувствува истата мака врз себе за да се сфати човечкото промашување во безчувствителноста.
 
Последно уредено:
Јас не можам да се изначудам на ова незаинтересираност и рамнодушност за секојдневни трагедии со толкав број на секојдневни невини жртви во европски град. Луѓе со граѓанска култура, кои живеат во средина иста како нашата. Ниту политичари, ниту медиуми, ниту граѓаните посебно не се возбудуваат. Изгледа дека потребно е да се почувствува истата мака врз себе за да се сфати човечкото промашување во безчувствителноста.

жртвите станаа само бројки и статистика
 
жртвите станаа само бројки и статистика
жртвите станаа само бројки и статистика
:(

Фигаро: Западњаците спремни да ги ублажат санкциите, Путин „голем победник на мегданот со Западот“
Американците и Европејците размислуваат за укинување на санкциите спрема Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин даде нови гаранции за смирување на ситуацијата, пишува францускиот весник „Фигаро“.“

До кога ќе трае ова мекнеење. Да помине зимата, Путин да не ја осакати европската економија во текот на зимата, да дојде пролет кога ќе се намали потребата од рускиот гас и тогаш повторно примирјето нема да важи.
 
Порошенко и Путин ја зафркнаа Меркел

52917383-e1413590806526.jpg


Во Милано двајцата претседатели се договориле Русија на Украина да и испорача гас а Европската Унија да го плати. Путин го одбил барањето на Порошенко Русија да и даде кредит на Украина, тој ја повикал Европската комисија да и помогне финансиски на Украина бидејќи неможе да ги плати долговите за гас кон Русија.

Ова европските даночни обврзници би ги чинело 4.500.000.000 €.
:facepalm:

Извор: DEUTSCHE WIRTSCHAFTS NACHRICHTEN
 
Последно уредено од модератор:
Украинците го распуштиле баталјонот „Шахтјорск“: Повеќе крадци, помалку херои
По големиот број критики, украинските власти сепак морале да признаат дека одреден број доброволци на источниот фронт се занимавале со – кражби.

http://www.mkd.mk/svet/vesti/ukrain...jonot-shahtjorsk-povekje-kradci-pomalku-heroi
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom