Преспав

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Поентата да оди на Телевизија24 беше да освои и регионални гледачи. На Тотал ТВ во Србија, Хрватска и БиХ каналов е блокиран додека оди Преспав, па искрено не гледам и некоја логика со емитување баш на овој канал.
 
доста бе логичари напнавте со тоа на која тв оди серијата
 
Поентата да оди на Телевизија24 беше да освои и регионални гледачи. На Тотал ТВ во Србија, Хрватска и БиХ каналов е блокиран додека оди Преспав, па искрено не гледам и некоја логика со емитување баш на овој канал.
А зошто да го гледаат ако не платиле? И Монтевидео кога го даваа на РТС - сат кај нас во Македонија беше блокиран каналот.

Плус ако планирале да го даваат на регионални канали (како што кажа главниот на ОХО) сигурно дека треба премиерно да го емитуваат на таа територија.
 
Викаат дека сендвичон боље ја глумел улогата од Џамбазов.
Ја не знам, неам намера да потрошам пола саат на македонска продукција. Боље Хартстоун ќе играм пола саат. Ова викаат тие шо гледаат.
 
Викаат дека сендвичон боље ја глумел улогата од Џамбазов.
Ја не знам, неам намера да потрошам пола саат на македонска продукција. Боље Хартстоун ќе играм пола саат. Ова викаат тие шо гледаат.
Затоа не бидува држава од нас.
 
Види, ако фирмата за која што работиш бара лојалност од тебе, што да кажеме за државата...
 
Затоа не бидува држава од нас.
Имаш „македонска продукција“ и македонска продукција.
Ова преспав е од тоа „македонската продукција“.

Имаш супер работи што се македонска продукција, пример Панкот не е мртов, Балканкан, еве сеа Исцелителот.
Не значи дека треба на се што е наша продукција да паѓаме у несвест, само зошто е македонско.

Преспав според мене е чиста глупост, посебно па со Тијана...
 
Точно, има многу глупи продукти што за интелигентната публика не се препорачливи, но сепак треба да се даде шанса пред да се донесе одредена одлука. За разлика од многу претходно пропаднати телевизиски проекти, оваа продукција нуди некаков квалитет. Џамбазов засега ми е промашен лик, но останатите актери одлично си ја извршуваат работата. И на крај успева да ме насмее серијата, не многу често, но успева. Тоа е целта на комедијата, нели?
 
А зошто да го гледаат ако не платиле? И Монтевидео кога го даваа на РТС - сат кај нас во Македонија беше блокиран каналот.

Плус ако планирале да го даваат на регионални канали (како што кажа главниот на ОХО) сигурно дека треба премиерно да го емитуваат на таа територија.

Па не ми е јасно зошто оди на 24 Вести, мислев дека така ќе освојуваат регион, со канал кој е присутен на сателит и го има на платформата Тотал ТВ која е регионална.
 
Па не ми е јасно зошто оди на 24 Вести, мислев дека така ќе освојуваат регион, со канал кој е присутен на сателит и го има на платформата Тотал ТВ која е регионална.
Будала си или се правиш? Па кој во Србија или Бугарија би гледал Преспав на 24ка без титлови?

Ако освојуваат пазар ќе биде продадена на канали од тие земји. ;)
 
Во право е Shawn Spencer тие литературен македонски не разбираат не па на дијалекти се измешано, јас сметам дека и превод да има нема да има толку успех серијата во регионот оти често смешното во епизодите смешно само ако изговорено на тој начин и тој македонски дијалект или пак ситуациите и дејството се од нашата реалност која е многу блиска со соседните земји ама пак мислам дека нема да има исто толку добар прием како кај нас, можи грешам ама...
 
Будала си или се правиш? Па кој во Србија или Бугарија би гледал Преспав на 24ка без титлови?

Ако освојуваат пазар ќе биде продадена на канали од тие земји. ;)

А ти што викаш а? Има многу будали во двете земји на кои не им треба титлови, коа што мене не ми требаат да гледам серија на српски, хрватски па и бугарски.

Поентата ми беше дека подобра опција за Преспав ќе беше терестријална, а не сателитска ТВ за да се прикажува.
 
Ја па ја гледам понекогаш само затоаш што е македонска И ми има некоја прелазна оценка кај мене, што рече @Гард понекогаш успеваат да ме насмеат, понекогаш... да беше странска немаше ни да се замарам воопшто. Дека има cringeworthy моменти и лоша глума, има, посебно Тијана, ама не сакам да ја гледам серијава од некоја не знам каква висина. Не е ни лесно да направиш добар ситком, мислам дека имаше некој фејл проект на Алфа, овие барем изгледаат ко да се трудат и има некаков професионализам во проектот. Па и на светско ниво серииве што беа многу мејнстрим популарни ко How I Мet Your Mother и Big Bang Theory од она што сум ги загледал по некоја епизода, освен што повеќе луѓе работат на нив и имаат поплатени актери не се ни тие нешто да паднеш на гз, посебно вторава.

Другава македонска серија што беше, Инсајдер, и дадов шанса неколку епизоди, ама ми беше премногу лоша за да продолжам да ја гледам :D
 
HIMYM ја споредуваш со Преспав... really ?!?!?!?!

У моментов ја глеам HIMYM по втор пат и прво ликовите им се убаво смислени, друго имаат добри глумци и на нивните сцени стварно се смеам. У Преспав ликовите им се „шта да ти причам“ (хрватско педерче, газда папучар, тијана...), а тие што ги глумат се па бетер (на страна што на тијана ваљда ова и е прво искуство со глумење).
Отварам дома фрижидер, оп и таму Тијана ја глеам...

Едноставно слабо не бива за вакви работи. И оноа „на терапија“ еднаш сакав да изглеа една епизода, ми идеше да се самоубијам...

Имаме капацитет еднаш на неколку години да извадиме нешто добро, ама ништо повеќе од тоа. И колку сака нешто нека е македонско, ако не го бива, не го бива и не го глеам па макар и задње на светов нека било.

И знам дека никој од екипата нема да падне у депресија ја ако не им ја глеам серијата, ама муабетов го кажувам у однос на тоа „па македонско е...“.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom