velinova no-ma, del od tekst
http://www.novamakedonija.com.mk/De...d=2&fCat=1&top=1&EditionID=170&ArticleID=6291
Лудило? Не бре брате, но е чиста есенција на македонски државнички резон.
И сега, на онолку вложен труд, на вака велемајсторски поставена тактичка игра, доаѓа од некаде едикојси Груевски со слаб државнички капацитет, кој сè што макотрпно ем обмислено искормиларил Бранко сака да го задржи. Замислете само! Поставил скулптури пред Владата, се мота таму по некакви археолошки дупки, како што вели Фрчкоски, го менува идентитетот на скопскиот аеродром, пишува глупи писма, прима некаквиси Хунзи и со тоа опасно ја подрива добрата преговарачка позиција на Македонија. Се разбира, постои квалитетна разлика помеѓу еден градоначалник од форматот на Ристо Пенов (стратегиски партнер на Црвенковски), кој со гордост и достоинство на авангарден црв службено ќе ја прими Касандра од Колумбија и протоколарноста во гестот на Груевски, кој го примил Мирот на Хунза. Првото е доказ за високите естетски критериуми и прозападната ориентација на светогледот на СДСМ (ЛДП), а второто е еклатантен пример за вмровска националистичко–популистичка провокација насочена против Грција.
Да. Не е никаква случајност што сите клиенти на САД имаат карактеристики на безрбетници. Така најлесно се остваруваат плановите по најмала цена на коштање. Тие дури имаат и сличен надворешен изглед: блиску сместени очи, зевзечки поглед, горда понизност носена со елегантна ноншалантност на маалски џилкош, глумен авторитет, срцепарателна демагогија, лажат на ангро како и што крадат, немаат ни став ни идеологија ни политика, оперирани се од совест и морал и многу сакаат да бидат моќни во своето село. Во меѓународната политика тие имаат една единствена функција – „да наранат кучета и да не пипаат копчета“. Таквите, опиени од сопствената важност, си ласкаат дека се стратегиски партнери на Вашингтон и, за да го засилат визуелниот ефект, редовно крај парталот во што го претвориле државното знаме, со страхопочит го ставаат знамето на САД за да добијат на тежина.
Загледајте се во фаците на Сакашвили, Јушченко и на Мушараф, споредете ги со „достоинствените“ изрази на лицата на Црвенковски, Заев и на Фрчковски, за да ви биде недвосмислено јасно зошто карактерни глисти, и покрај евидентно погрешните процени на Вашингтон дека ќе ја разубедат Атина да не става вето на Македонија за прием во НАТО, и покрај неуспехот на усогласената македонска државна позиција за прифаќање промена на името и привремената спогодба, продолжуваат одлучно да го следат летот на бумбарот. Така нашите државни стратези Бранко и Фрчко, сега засилени со бистроокиот Заев и логистички потпомогнати со Сем Вакнин блискоисточен мистик–пророк, специјализиран за Македонија, тргаат во својата последна офанзива за достоинствено поразување на лудата Грција. Азар се да ги вложат своите индивидуални капацитети за Македонија конечно да „победи“ во бесмислениот спор, така што ќе се самоукине и формалноправно, за да почне нов живот, декодирана до даска, ама па евроатлантски интегрирана.