Преписка Бранко-Грујо-Бранко

  • Креатор на темата Креатор на темата Arszin
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 јули 2008
Мислења
126
Поени од реакции
10
После повикот јавно да се изјасни за ставот што го има околу проблемот со името, Бранко пак филозофира:

Црвенковски: Предлогот не го давам јас, туку медијаторот Нимиц
Председателот Бранко Црвенсковски на вчерашната трибината во Куманово “Македонија – предизвици и перспективи”, му одговори на премиерот Никола Груевски дека тој не дава предлог, туку предлог дава медијаторот Метју Нимиц откако Груевски вчера го повика „конечно да го каже неговиот предлог за името“.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=38383&kategorija=3

Грујо пак прашува:

ВМРО-ДПМНЕ: Како планира претседателот Црвенковски да го реши проблемот со името?

ВМРО-ДПМНЕ со денешното соопштение го запрашува претседателот Црвенковски како планира да го реши спорот што Република Грција го има со нашето уставно име.
Тие посочуваат дека зачленувањето во НАТО е од врвен приоритет, и за нас и за сите граѓани на Република Македонија, а единствена пречка за нашето евро-атлантско интегрирање е спорот со Република Грција.
„Ние, инсистираме на прецизен и детален одговор, а во интерес на македонската јавност, какви се неговите позиции, во врска со спорот кој Република Грција го има со нашето име и со каков план има намера да го реши овој спор“, стои во соопштението.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=38442&kategorija=3

Реплика, Бранко:

Претседателот Црвенковски изненаден од неукоста и неодговорноста која ја демонстрира владејачката партија

Претседателот Црвенковски е изненаден од неукоста и неодговорноста која ја демонстрира владејачката партија и нејзиното раководство за едно вакво клучно прашање за Македонија, се вели во реакцијата од страна на кабинетот на претседателот на Македонија во врска со денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ претседателот да се изјасни за неговите позиции за прашањето околу спорот со името.
Во реакцијата се додава дека и покрај тоа што една јавна дебата со која би се подучиле и едуцирале челните луѓе на оваа политичка партија во делот на надворешната политика би била корисна, сепак, имајќи во предвид дека на тој начин може да се нанесе штета на државните интереси на Македонија, Претседателот Црвенковски ќе се воздржи од понатамошни коментари.
„Веќе две години Никола Груевски е премиер на македонската влада и активно учествува во сите разговори кои ги водиме со медијаторот Метју Нимиц. Ако во тој временски период не сфати која е суштината на разговорите, тогаш ниту тој ниту неговата партија неможе тоа да го разберат од едно соопштение или изјава", стои во реакцијата.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=38449&kategorija=3

Е сега мене тука ми боде очи една реченица:

... Ако во тој временски период не сфати која е суштината на разговорите, тогаш ниту тој ниту неговата партија ...

Според секој нормален човек ако си влегол во разговори за промена на име тогаш „суштината на разговорите“ е промена на името и тоа може да заврши само со ПРОМЕНА НА ИМЕ!!!

Дали Бранко индиректно му го кажува на Грујо кој е неговиот став за решението на проблемот???

Ако не е така, тогаш ни ја објасни Бранко „СУШТИНАТА НА РАЗГОВОРИТЕ“ на сите. Која е другата суштина на разговорите???
 
Немој така сега.
Ние преговараме за промена на меѓународното име, односно за непромена на Уставното име.
Односно тоа за 3 месеци од 1995 рачунато, ама чим не се договоривме сеа само се заебаваме.
Мислам ќе промениме име ама таа промена нема да значи непроменување на идентитетот, односно малкуцка само некое додавче, малецко, колку да не испадне дека џабе преговараме, односно преоговараме колку да се преговара.

Ти знаеш што е слаба тачка на комуњар.
Провизија !
А во овој бизнис со името има добра паричка.

Која каша ни ја замесија комуњариве и сеа спасители се тие.
Чисти као суза а друго се не чини.
 
После повикот јавно да се изјасни за ставот што го има околу проблемот со името, Бранко пак филозофира:

Црвенковски: Предлогот не го давам јас, туку медијаторот Нимиц
Председателот Бранко Црвенсковски на вчерашната трибината во Куманово “Македонија – предизвици и перспективи”, му одговори на премиерот Никола Груевски дека тој не дава предлог, туку предлог дава медијаторот Метју Нимиц откако Груевски вчера го повика „конечно да го каже неговиот предлог за името“.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=38383&kategorija=3

Грујо пак прашува:

ВМРО-ДПМНЕ: Како планира претседателот Црвенковски да го реши проблемот со името?

ВМРО-ДПМНЕ со денешното соопштение го запрашува претседателот Црвенковски како планира да го реши спорот што Република Грција го има со нашето уставно име.
Тие посочуваат дека зачленувањето во НАТО е од врвен приоритет, и за нас и за сите граѓани на Република Македонија, а единствена пречка за нашето евро-атлантско интегрирање е спорот со Република Грција.
„Ние, инсистираме на прецизен и детален одговор, а во интерес на македонската јавност, какви се неговите позиции, во врска со спорот кој Република Грција го има со нашето име и со каков план има намера да го реши овој спор“, стои во соопштението.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=38442&kategorija=3

Реплика, Бранко:

Претседателот Црвенковски изненаден од неукоста и неодговорноста која ја демонстрира владејачката партија

Претседателот Црвенковски е изненаден од неукоста и неодговорноста која ја демонстрира владејачката партија и нејзиното раководство за едно вакво клучно прашање за Македонија, се вели во реакцијата од страна на кабинетот на претседателот на Македонија во врска со денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ претседателот да се изјасни за неговите позиции за прашањето околу спорот со името.
Во реакцијата се додава дека и покрај тоа што една јавна дебата со која би се подучиле и едуцирале челните луѓе на оваа политичка партија во делот на надворешната политика би била корисна, сепак, имајќи во предвид дека на тој начин може да се нанесе штета на државните интереси на Македонија, Претседателот Црвенковски ќе се воздржи од понатамошни коментари.
„Веќе две години Никола Груевски е премиер на македонската влада и активно учествува во сите разговори кои ги водиме со медијаторот Метју Нимиц. Ако во тој временски период не сфати која е суштината на разговорите, тогаш ниту тој ниту неговата партија неможе тоа да го разберат од едно соопштение или изјава", стои во реакцијата.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=38449&kategorija=3

Е сега мене тука ми боде очи една реченица:

... Ако во тој временски период не сфати која е суштината на разговорите, тогаш ниту тој ниту неговата партија ...

Според секој нормален човек ако си влегол во разговори за промена на име тогаш „суштината на разговорите“ е промена на името и тоа може да заврши само со ПРОМЕНА НА ИМЕ!!!

Дали Бранко индиректно му го кажува на Грујо кој е неговиот став за решението на проблемот???

Ако не е така, тогаш ни ја објасни Бранко „СУШТИНАТА НА РАЗГОВОРИТЕ“ на сите. Која е другата суштина на разговорите???

Бранко убаво му кажува на Гвујо дека треба да ги прекине преговорите доколку не размислува да го смени името.Нема тука дали,што,како,дрн,мрн.....Друга суштина на разговорите нема,и тие се само со една намена:-ПРОМЕНА НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА,или сакате да се заебаваме до бесвест.:toe:
 
Јасно е како ден, дека секој поминат час во преговори со Грција, се оди кон промена на името на Македонија, а вака како што гледам некои дури почнаа да прифаќаат и мали, мали додавки, сметајте дека за 2 месеци многу ќе почнат да прифаќаат големи додавки така да перењето на мозокот кое деновиве се случува е премногу кристално јасно дека некој веќе спрема нешто.

Само се чудам што би се случило денот кога Грујо ќе излезе со соопштение дека името ќе се менува, тој ден сигурно ќе има некоја експлозија во Прилеп, можно е да се урне авион, ќе има и по некој уапсен пред камера - ексклузива, само колку да се потисне настанот, ама џабе бро.... Само нека пробаат да го менваат името....
 
Дали тоа значи дека Бранко знаел 93-94 (не знам веќе кога беше) дека со самото тоа што влегол во преговори (заедно со Киро) ќе мора „кад-тад“ да се мења име???

Ако е така, што кој к*р не замараа 15-16 години и не држат во агонија бе мамата нивна??? Зошто не го сменија одма и да ја завршат таа приказна, него сега ќе ми филозофира вака требало, онака требало. Не знам само „која е суштината“ што такво говедо уште егзистира на политичката сцена во Македонија.

А ако мислел Бранко да му каже на Грујо дека треба да се откаже од преговори ако неќе да мења име, тогаш јас имам прашање за Бранко:

ЗОШТО ТОЈ (СО НЕГОВОТО СДС) ДО СЕГА НЕ СЕ ОТКАЖАЛ ОД ПРЕГОВОРИ АКО МИСЛЕЛ ДА НЕ МЕЊА ИМЕ???

Дали тој цело време планирал да мења име???
 
Тој ден ќе се поделат пензии со зголемување колку што изнесува реалната инфлација,или можеби малку помалку но сепак ќе се рачуна за зголемување,онака колку за придавката да биде во втор или трет план,Паско Кузман ќе најде некоја нова античка склуптура,на Табановце ќе се заплени малку дрога или некој стар велосипед на кој што Ченто се учел да вози,владата ќе им даде поголема субвенција на млекарите,на земјоделците уште еднаш ќе им гарантира одкуп на нивните производи,ќе се ветат по два комјутери за секое дете,владата ќе пушти бесплатен но непристапен интернет,ќе вети дека учебниците ќе бидат бесплатни со содржина како Шпиц,ќе ни “намигне“ дека тука некаде е и визната либерализација која еден ден ќе мора да се случи.......и има уште многу други работи кој се поголема вест од онаа дека одекнала некаква експлозивна направа за која виновниците ќе се бараат со месеци па одкако ќе се најдат ќе бидат ослободени во недостаток на докази дека биле тие.......ииии така некако би одело сценариото кое одамна е подготвено.:toe:
 
'Штетата' што ја направија Киро и Бранко во 1992 година може да се корегира за една минута... Доволно е Груевски да испрати едно писмо (докажа дека го бива за писма) до Бан Ки-мун во кое што ќе го извести дека Македонија се откажува од членство во ОН со референцата FYROM...
Приказните дека СДСМ погрешиле во таа 1992 година (иако Груевски НЕ ГИ НАПУШТА ОН) ми изгледаат исто глупи како и приказните дека Груевски не сака да го смени името (иако ПРЕГОВАРА)!?
 
Не оди тоа така.
Целата игра е тој другиот да се откаже.
Ова е меѓународен ангажман не е од типот, Глигоров - Изтебегович.
 
Тој ден ќе се поделат пензии со зголемување колку што изнесува реалната инфлација,или можеби малку помалку но сепак ќе се рачуна за зголемување,онака колку за придавката да биде во втор или трет план,Паско Кузман ќе најде некоја нова античка склуптура,на Табановце ќе се заплени малку дрога или некој стар велосипед на кој што Ченто се учел да вози,владата ќе им даде поголема субвенција на млекарите,на земјоделците уште еднаш ќе им гарантира одкуп на нивните производи,ќе се ветат по два комјутери за секое дете,владата ќе пушти бесплатен но непристапен интернет,ќе вети дека учебниците ќе бидат бесплатни со содржина како Шпиц,ќе ни “намигне“ дека тука некаде е и визната либерализација која еден ден ќе мора да се случи.......и има уште многу други работи кој се поголема вест од онаа дека одекнала некаква експлозивна направа за која виновниците ќе се бараат со месеци па одкако ќе се најдат ќе бидат ослободени во недостаток на докази дека биле тие.......ииии така некако би одело сценариото кое одамна е подготвено.:toe:

Ако има било какво решение на повидок, ќе има референдум, народот ќе одлучи дали е прифатливо или не.

Тоа е кажано веќе десетина пати од Грујо, и нема потреба вие да смислувате некакви сценарија, затоа што едноставно ќе се распише референдумот и ќе се гласа, без никакви сценарија и незнам ти ја што. (точка)

Само решение најверојатно нема да има.
 
Дали тоа значи дека Бранко знаел 93-94 (не знам веќе кога беше) дека со самото тоа што влегол во преговори (заедно со Киро) ќе мора „кад-тад“ да се мења име???

Ако е така, што кој к*р не замараа 15-16 години и не држат во агонија бе мамата нивна??? Зошто не го сменија одма и да ја завршат таа приказна, него сега ќе ми филозофира вака требало, онака требало. Не знам само „која е суштината“ што такво говедо уште егзистира на политичката сцена во Македонија.

А ако мислел Бранко да му каже на Грујо дека треба да се откаже од преговори ако неќе да мења име, тогаш јас имам прашање за Бранко:

ЗОШТО ТОЈ (СО НЕГОВОТО СДС) ДО СЕГА НЕ СЕ ОТКАЖАЛ ОД ПРЕГОВОРИ АКО МИСЛЕЛ ДА НЕ МЕЊА ИМЕ???

Дали тој цело време планирал да мења име???

Па чекал некој друг политички опонент како Грујо да му дојде на сцена и нему да му го префрли жешкиот костен за менување на име со што се намалува голем рејтинг,практично рејтингот скоро исчезнува за таква работа.Или сега ќе испадне Бранко е крив што толку долго не го сменил името како овој “храбриот“ Гвујо кој за две години успеа да го направи тој “херојски“ подвиг.:bravo:
 
'Штетата' што ја направија Киро и Бранко во 1992 година може да се корегира за една минута... Доволно е Груевски да испрати едно писмо (докажа дека го бива за писма) до Бан Ки-мун во кое што ќе го извести дека Македонија се откажува од членство во ОН со референцата FYROM...
Приказните дека СДСМ погрешиле во таа 1992 година (иако Груевски НЕ ГИ НАПУШТА ОН) ми изгледаат исто глупи како и приказните дека Груевски не сака да го смени името (иако ПРЕГОВАРА)!?

Абе штетата што е направена, направена е. Ама Бране сака друг да го пере изметот што тој го прави, па ја сили работата. Демек побрзо да се решел спорот. Сака човекот пак да биде претседател. А како ќе биде претседател со рејтинг 2%???

Ќе направи се Грујо да смени име, да му падне рејтингот на ВМРО и тој да ни се претстави како единствена „државничка“ опција. Не пушта бране позиција лесно, па макар и да и смени личен опис на државата. (како што еднаш веќе направија со Љубче.)
 
Ако има било какво решение на повидок, ќе има референдум, народот ќе одлучи дали е прифатливо или не.

Тоа е кажано веќе десетина пати од Грујо, и нема потреба вие да смислувате некакви сценарија, затоа што едноставно ќе се распише референдумот и ќе се гласа, без никакви сценарија и незнам ти ја што. (точка)

Само решение најверојатно нема да има.

Референдум,па името не е селски водовод за кого треба да се распише референдум за месен самопридонес,што има мене Албанецот или Турчинот во Македонија да ми одлучува како ќе се викам,па и Македонецот,ете на пример мојот комшија не може да ми ја определи националната припадност која е неразделиво поврзана со името.Тоа е мое лично и основно човеково право и за тоа не смее ни да се помисли некој да го стави на референдум,или Гвујо мисли дека сите ние сме “дебили“ кој не знаат ни како треба да се викаат?:toe:
 
Абе штетата што е направена, направена е. Ама Бране сака друг да го пере изметот што тој го прави, па ја сили работата. Демек побрзо да се решел спорот. Сака човекот пак да биде претседател. А како ќе биде претседател со рејтинг 2%???

Ќе направи се Грујо да смени име, да му падне рејтингот на ВМРО и тој да ни се претстави како единствена „државничка“ опција. Не пушта бране позиција лесно, па макар и да и смени личен опис на државата. (како што еднаш веќе направија со Љубче.)

Sto samo pokazuva deka ovie "iskoristenive" se navistina gwupavi... :) smeska ziva....za sega gi vrtat na prst , kaj i da e ke gi kacat na..... ( doduse dooobro gi plakaat za toa..milioneri gi napravija..., ama.. :) )
...........problemot e sto nie ke si ostaneme briceni , a ne celivani ... :)
 
АВЦ дали има различни ставови во државата по повод името на државата ?
Има.
Како се разрешуваат тие дилеми ?
Со РЕФЕРЕНДУМ.
Друго е ти внатре да имаш консензус дека Македонија и по цена на НАТО не смее да разговара за име.
Но го немаш.
Референдумот ќе ги запечати преговорите или пак ќе го промени името.
 
Значи колку е патетичен овој Николче.
Коа треба да билда рејтинг...тогаш ставовите на Бранко се антимакедонски, антидржавнички и Бранко е предавник.
А сеа коа увиде дека освен пресметка со опозицијата и продавање популизам и квазипатриотизам, дојде моментот кога треба да се превземе вистински државнички чекор, со кој или ќе ги прекине преговорите, или ќе се дојде до компромис....Николче почна наеднаш да цвили и да вика вика..."Кажи Бране чаре, не биди пеер".

Епа Николче, Бране ти се нудеше две години да ти поможи, и да превземе дел од одговорноста врз него. Ама ти тие две години се понашаше како детуле на кое женската после 5 месеци прв пат му дала, па после чинот...оди дома, пали цигара, гледа у таван и мисли дека е најбољи ј*бач у град.

Е сеа после две години ти разбра дека не си.
И сеа тешко е.
Епа тешко е Никола, тешко.
Две години сите други ги правеше предавници.
Еве ти мегдан.
Бранко е предавник, СДСМ се предавници, новинарите се предавници, интелектуалците се квази, народот е издајник....Ти си само патриот.
Бујрум Никола.
Докажи дека си.
Не ти требаат совети и милсења од никој за да го направиш тоа.
А најмалку нели...од предавници.
 
Back
На врв Bottom