Premier League - 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?


  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе се ми е тоа јасно, ама Роналдо беше оставен на клупа поради тоа не се совпаѓаше во системот на Тен Хаг. Тоа што се случи со него е оправдано од страна на Јунајтед.

Ама не ја гледам логиката да ако Роналдо не се совпаѓал во системот сега Вегхорст да се совпаѓа и да ја игра секоја минута од кога е дојден, а исти играчи.
Јунајтед играше многу подобро пред Вегхорст да дојде.

Тој што треба да игра пред Вегхорст, од 35 меча сезонава, има пропуштено 21. Влегува од повреда во повреда. Црниот Фил Џонс.
 
Пепот квичи денес на прес, језиво, вели било докажано со претходната постапка дека се невини, ја колку што памтам, баш напротив, спротивното се докажа и беа парично казнети, ама делото беше застарено, така нешто, нека ме поправи некој, ја памтам и ироничната изјава на Мурињо тогаш кога рече дека ова е скандал, како може некој да е парично казнет а да е невин, ова сум сигурен дека вака беше кажано и само посочуваше на апсурдот.

Tешко лигле е Пеп, не знам со кое лице излага денес и ги брани Сити, јавна тајна беше дека ги имаат заобиколено правилата и не знам со кој памет излага со вакви изјави јер за месец-два од сеа може да изгледа премногу глупаво и бедно. Боље да се тргнеше на страна од ова и да се фокусира на следниот натпревар, отколку да им лиже гз на смрдливите арапи.
 
Убаво што измислија ВАР, уште да измислат кадарни судии да раководат со него.
 
Веднаш е забележлива разликата после потрошени 600+ милиони. По бод и по гол против фаворитите Фулам и Вест Хем. Е сега за повеќе ќе треба уште некоја милијарда, па можеби и ќе победат барем една од овие две екипи.
 
Веднаш е забележлива разликата после потрошени 600+ милиони. По бод и по гол против фаворитите Фулам и Вест Хем. Е сега за повеќе ќе треба уште некоја милијарда, па можеби и ќе победат барем една од овие две екипи.
И на што личи ова сеа? Дали стварно мислиш дека тролаш и си смешен?
Што е ова? Ај еве најозбилно, што е ова? Што треба да биде? Што, како, зошто, која е поентата на пишаново? Што сакаш да кажеш со ова? Дали стварно веруваш у ова што си го пишал и мислиш дека е баш така?

На страна тоа што си фан на Манчестер а пробуваш да се исмеваш на други за трошење пари и успеси.
 
За првиот поништен гол на Феликс не ни дадоа објаснување. Во ред, еве им верувам дека беше офсајд.

Сите ситуации 50:50 ги судеше Атвел во корист на Вест Хем, Цуфал го урниса Мудрик во прво и не доби ниту фаул, ниту жолт картон.
Врвот беше со Сучек. Човекот интервенираше како голман, самиот беше свесен што направи, овој ништо. Ајде, брзо се одвиваше, не виде, добро.

Зошто тогаш постојат пет судии во ВАР соба? Не, која е поентата воопшто во Премиер Лига?
Најдобрата лига во светот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom