Многу добро анализираат асални коментатори и ТВ водители - гледам стрим на некојси BEIN SPORT и коментаториве одлично кажаа: потфрлаат многу и одбрамбено и организационо. За првиот гол Мартинез ете конкретно најмногу беше крив дефанзивно.
Општо гледано не ми е јасно како уште Мегуајр е во игра. Може малку подобро играше предсезона, ама ужасен беше во одбрана човекот.
И не е само он проблем во тимот - Рашфорд не е класа играч секогаш го зборам тоа. Лингард на пример десет пати поталентиран играч им беше, ама се фокусираа на Трашфорд. Рашфорд има добар work rate, вреден е, се труди, има кондиција - се тоа супер - ама под притисок не се снаоѓа а и плус нема таков талент да биде следниот најдобар играч во светот. А на јунајтед им треба човек кој ќе биде најдобар играч во светот напред - талент ко Мбапе, Халанд и ним слични.
Позади таков напаѓач им треба креативност. Тука би рекол можат со Ериксен и Бруно одлично да тераат само треба добра тактика и добро да го искористи тоа менаџерот, да направи игра околу таков тим.
Следно крилни играчи треба, Лук Шо беше добар ама некако слабо сега. А на десна страна кој имаат веќе? Бисака? Значи сите трансфери кои ги прават веќе со години зимаат подпросечни играчи а ги плаќаат премногу.
А среден ред да не збориме. Фред и Мектоминеј - катастрофа.
И пак да се вратам одбрамбено - Маласија и Варане на клупа а ете Мартинез игра и Мегвајр.
Значи сто проблеми имаат и ништо не решаваат.
------------
Толку од мене на тема Јунајтед за сега
