Ова е една причина ради која веројатно Арсенал ќе изгуби титула, втората е поради лошо менаџирање после водство, особено во вторите полувремиња. Не ја гледав денес, ама пример против Ливерпул беа криминал во второ полувреме, не викам дека на водство од 0-2 или 1-2 на Енфилд да напаѓаат како да нема утре, ама не можеш бункер да играш и да избиваш топки како тим што се бори за опстанок. Ваљда и денес правеле такви глупости, а паничење и прерано повлекување скоро секогаш резултира со примање голови.
Голема маана за Арсенал е што немаат клупа, имаат 13-14 добри играчи и другото е се просек или испод просек. Од друга страна Сити има 20 добри играчи и простор за бесконечни ротации.