Да се разбереме. И да победеше Челзи денес, Сити повторно ќе станеше првак. Шансите за кикс со малите екипи ги имаат сведено на минимум. Челзи без проблем, овој Челзи, би кикснал веќе во вторник со Брајтон.
Кажував неколку пати и пред и во текот на сезоната. Сити беше и е јасен фаворит. Шест ипол години со врвен тренер и конструиран тим за долги стази, нема промашување. Особено што некои други фактори им се погодија. Фит се цела сезона, не кубурат со повреди и отсуства, таман.
Најголемата предност нивна пред останатите е симетричноста во тимот. Нешто кое на Челзи ужасно му недостасува.
Коментарите за интегритетот на лигава и воопшто целава сезона се оправдани во голема мера. И тоа не значи дека некој ја оспорува потенцијалната титула на Сити. Дополнително, затоа што Сити покрај Челзи е единствена екипа која не ползуваше од овие одложувања и пандемиски околности.
Лигата го загуби интегритетот кога дозволи надворешни фактори да влијаат врз борбата за топ четири, борбата за опстанок. Само, залудно муабет.
Честито до симпатизерите на Сити, Гвардиола, што и да е. Само, далеку е овој колектив од разноразни суперлативи и хвалоспеви. Овој Сити е послаб од Сити од пред две-три сезони и тоа убаво ќе се види во ЛШ. Барем така мислам. А дека генерално се фантастични и заслужено на прво место, нема збор.