Прегратка На Машкото Постоење

  • Креатор на темата Креатор на темата New Age
  • Време на започнување Време на започнување
Не се согласувам со болдираното. Зошто маж би бил заинтересиран за жена blankwall, а спротивното да не важи? Кои вредности ги носи тоа женско на маса за да привлече некој маж и да го натера да остане покрај неа? Значи збориме за стабилна врска помеѓу нив двајца зашто во спротивно нема да не интересираат вредностите на маса.

Милион луѓе-милион карактери. Од сите тие милион луѓе, секогаш ќе се најде една личност која ќе се заинтересира за blankwall како што велиш ти, различни човекови потреби постојат, за среќа.

Иначе целата поента ми се свиѓа. Наведуваш добра насока за одвивање на животот "Дозволи секоја жена, или секој човек во конкретниов случај, кој ќе погледне во твојот свет, да знаат дека е полн со живот – свет во кој сакаат да бидат дел." Ама за да се случи тоа, за во очите на секој човек да изгледаме полни со живот треба да бидеме полни со живот, а тоа ќе го оствариме само ако излеземе надвор и живееме.

Длабоко во јадрото на секој маж постои обврска и должност, одамна заборавена во модерното време, мажествена енергија која има обврска да креира плодно земјиште каде што жената може да се опушти и ужива, препушти на сопствената женственост, нежност, љубов кон мажот и децата. Одговорноста на мажот, барем според мене е поголема во процесот на градење и одржување на здрава и исполнувачка врска која ќе резултира со взаемна љубов и разбирање, феминистичката енергија на девојката е секогаш мила, нежна, заштитиничка и само поларитет на таа енергија може да ја потикне да се манифестира во својата природно-божествена форма. Стабилна врска се разбира, но јас како машко незнам колку навистина сум релевантен да говорам за вредностите кој една девојка треба да ги носи на маса, но би сакал да се обидам. Моментот на длабок поглед и свесноста што следи дека навистина верува во мене, можеби она е поинаква и ќе остане покрај мене и во моментот на пораз, мајчинската желба и радост кон помислата да јас ќе бидам прекрасна мајка, насмевка која ја открива нејзината внатрешна убавина и бакнеж кој потврдува да на вистинскиот пат си.
 
Одговорноста на мажот, барем според мене е поголема во процесот на градење и одржување на здрава и исполнувачка врска која ќе резултира со взаемна љубов и разбирање, феминистичката енергија на девојката е секогаш мила, нежна, заштитиничка и само поларитет на таа енергија може да ја потикне да се манифестира во својата природно-божествена форма.

Еднаква според мене. Одговорноста е еднаква. Баланс пред се... колку добиваш-толку даваш, колку даваш-толку треба и да добиеш.

Зошто машкото го поставуваш над женското или обратно (зависи како ќе го протолкуваш)?
Зошто мислиш дека машкото треба да се жртвува повеќе од женското?
 
Длабоко во јадрото на секој маж постои обврска и должност, одамна заборавена во модерното време, мажествена енергија која има обврска да креира плодно земјиште каде што жената може да се опушти и ужива, препушти на сопствената женственост, нежност, љубов кон мажот и децата. Одговорноста на мажот, барем според мене е поголема во процесот на градење и одржување на здрава и исполнувачка врска која ќе резултира со взаемна љубов и разбирање, феминистичката енергија на девојката е секогаш мила, нежна, заштитиничка и само поларитет на таа енергија може да ја потикне да се манифестира во својата природно-божествена форма. Стабилна врска се разбира, но јас како машко незнам колку навистина сум релевантен да говорам за вредностите кој една девојка треба да ги носи на маса, но би сакал да се обидам. Моментот на длабок поглед и свесноста што следи дека навистина верува во мене, можеби она е поинаква и ќе остане покрај мене и во моментот на пораз, мајчинската желба и радост кон помислата да јас ќе бидам прекрасна мајка, насмевка која ја открива нејзината внатрешна убавина и бакнеж кој потврдува да на вистинскиот пат си.

Ти реплицирам и на првиот текст, имаш многу теорија пракса НУЛА во текстот како некои духовни учења за кои плаќаш скапи пари за коа ќе ти заврши семинарот да те држи „влага“ 3 дена и после пак се враќаш на старо.

Не е кај сите заборавена, не генерализирај, има секакви машки од тешко феминизирани до јаки момци и една палета измеѓу, не можеш така паушално да тврдиш (односно авторот на текстот) дека е заборавена од сите.

Одговорноста на мажот е да обезбеди пари и да ја бутка жената да напредува како личност и жена, и да и помогне да се реализира до крај а за се друго жената има многу поголема одговорност и за деца и за дома така да во најлош случај равноправна одговорност имаат а ако и она заработува тогаш нејзината одговорност е многу поголема.

Преска пиша дека треба да и понудиш живост и слично за да ја заинтересираш а сеа викаш и во пораз да остане со тебе епа контрадикторен е текстот.

Инаку знам тешки идиоти кои ама баш ништо не нудат од твојот прв пост освен јако секс поле па вртат жени колку сакаат а мозок три грама немаат. Дали живоста без ум е за тебе ок?

Што живот ти нуди идиот без мозок па пак фаќаат жени, примери еден милион.

Текстот ти е како од книга за комунизам, теорија супер, пракса нула. Излези во диско бркни некоја во живо и повеќе ќе научиш него од текстот.

Дури и наркоманите фаќаат женски па нишо живо не и нудат на женската, така да текстот е онака за читање и тепање време.

А и онака е препишан од некаде, без лутење :).
 
Еднаква според мене. Одговорноста е еднаква. Баланс пред се... колку добиваш-толку даваш, колку даваш-толку треба и да добиеш.

Зошто машкото го поставуваш над женското или обратно (зависи како ќе го протолкуваш)?
Зошто мислиш дека машкото треба да се жртвува повеќе од женското?
Не можи така да размислуваш. Не е ова „кило јаболка 50 денари - за 50 денари кило јаболка“ .
Даваш, колку што можиш и колку што сакаш да дадеш. Добиваш колку што можи и сака да ти даде некој.
Ако не добиваш колку што сакаш, имаш две опции, или трпи, или кажи ајде пријатно. Simple as that. Услови никој не можи да поставува.
 
Погледнете во луѓето околу вас. Стоев на метро денес во контемплативна состојба. Имав топло пријатно чуство во стомакот штотуку завршувајќи еден пристоен тренинг. Слушајќи малку од Tolleпред некој час –ме остави со чуство на поголема стабилност,сигурност, смиреност (centared). Како што стоев со раката подржувајќи го моето тело опуштено потпрен, погледнав во луѓето околу мене. Имаше многу малку шум. Тивки разговори некое кашлање и урамнотеженот откуцување на возот кој се движеше по своите шини. Лицата околу мене беа студени. Blank expressions кои потсетуваат на роботи или лица во транс. Смирено погледнав наоколу, имаше многу малку движење, речиси никакој не погледнува во очи никого...
тогаш ме погоди.

Како може да очекуваш девојка да сака да биде со тебе кога ќе те погледне и гледа празнина т.е. blankwall. Маж ќе погледне атрактивна жена и инстанто реагира на неа без разлика дали девојката изгледа исцрпено, уморена и незадоволна од животот, скоро секогаш има нешто атрактивно за нас.
Нешто што треба да биде земено, објект кој треба да биде поседуван, инстинктивна потреба за себе сатисфакција преку неа.

Сега погледнисе себеси. Зошто девојка би сакала да влезе во твојот свет? Зошто би сакала да разговара со тебе? Зошто би сакала да биде со тебе? Да постојат причина во позадината од твојот мозок. Можеби си мислиш дека си опасен, фраер, доминантен алфа маж. Но ако го поминуваш твоето време замаглено во полу свесна и едвај “поминувајќи” низ животот, кој реален потик е тука за неа да сака да разговара со тебе, да го сподели животот со тебе, да сака да те ебе.

Сета ова ми текна во неполни неколку секунди додека стоиев во подлабока медитивно – свесна состојба од нормално. Ако сакаш да внесеш девојка во товојот живот, што нудиш? Кои вредности ги носиш на маса? Ако си заглавен во неразположлив базен на огорченост и твојот живот изгледа како безмислен, повторувачки пулс на срцев монитор зошто би постоела некоја привлечност помеѓу вас двајца?

Што можеш да направиш? За мене... ова е начинот на кој учам да станам по свесен и centered. Можеш да бидеш атрактивен маж само стоејќи во возот и чуствувајќи ја убавината и доминантноста на сегашниот момент. Позитивноста ти помоага и таа состојба ти е од корист но во реалноста се се сведува од тоа како се чуствуваш и како го живееш секој момент од твојот живот. Кога ќе погледнеш во очите на девојката, несакаш она да го осети она безчуствително, празно, школка лице како што голем дел од генералното општество изгледа. Ја сакаш таа искра, здивот на животот, таа ЖИВОСТ која манифестира не само на неа, но на секого beautyandgloryoflivinglife. Таа сексуална намерна, позитивното доминантно присуство и свесност на невино дете. Кога ќе те погледне, и ти погледнеш во неа, она ќе знае. Таа ќе посакува. Таа ќе копнее по твојата реалност и што имаш да и понудиш.

Биди свесен и запознаја својата машкост, почуствуваја во текот на денот. Движисе со намера имај зацртано цел во твојот живот (благодарна цел), биди исполнет и благодарен на себе. Кога ќе погледнеш во убава девојка, нека знае дека ти си на сопствен пат, пат на длабоки вредност без зборови искажани. Биди жив и биди слободен. Дозволи секоја жена, или секој човек во конкретниов случај, кој ќе погледне во твојот свет, да знаат дека е полн со живот – свет во кој сакаат да бидат дел.

сакаш пичка да ќариш. То можеше да го кажеш и во 5 збора.
 
Еднаква според мене. Одговорноста е еднаква. Баланс пред се... колку добиваш-толку даваш, колку даваш-толку треба и да добиеш.

Зошто машкото го поставуваш над женското или обратно (зависи како ќе го протолкуваш)?
Зошто мислиш дека машкото треба да се жртвува повеќе од женското?

Затоа што сме мажи, и тоа ни е у генот, нема објаснување за тоа.
 
Не можи така да размислуваш. Не е ова „кило јаболка 50 денари - за 50 денари кило јаболка“ .
Даваш, колку што можиш и колку што сакаш да дадеш. Добиваш колку што можи и сака да ти даде некој.
Ако не добиваш колку што сакаш, имаш две опции, или трпи, или кажи ајде пријатно. Simple as that. Услови никој не можи да поставува.

Па тоа и го зборев, не мислим на фиксно давање и земање по мерка ама не може секогаш едната страна да биде жртва а другата да ужива. Во случајов како што е поставена темава испаѓа дека машкото мора да се жртвува и да дава повеќе од женското, за што ја не се согласувам.
Зошто да биде машкото жртва а женското не (или обратно)?
 
Се сложувам потполно со тебе, ерата на матријархатот и патријархатот заврши. Модерното време исполнето со стресови налага во еден машко- женски однос да постои баланс. Односно, двајцата меѓусебно да си бидат поткрепа и утеха. Компромис од двете страни за успешен крај на таа приказна...
 
Еднаква според мене. Одговорноста е еднаква. Баланс пред се... колку добиваш-толку даваш, колку даваш-толку треба и да добиеш.

Зошто машкото го поставуваш над женското или обратно (зависи како ќе го протолкуваш)?
Зошто мислиш дека машкото треба да се жртвува повеќе од женското?
Машкото и женското се дизајнирани во различни дела, со различни енергии и различни интереси. Комплементарноста што креираме заедно е неверојатно импресивна. За жал во последните 50години, предусловени сме да бидеме еднакви и изгледа како општеството сакаше од нас да ги елиминираме т.е. негираме различностите што постојат длабоко во половите. Хух! Постигнувајќи го тоа жртвуваме толку многу во нашите романтични врски.

Машкото не жртува ништо, напротив добива многу повеќе. Кога девојката ќе го почуствува тоа плодно земјиште и реалноста што мажот ја креирал, ќе може мирно да се опушти, свесно ќе ја изложи нејзината убавина и женственост, највозбудливот дел е што тогаш мажот ќе може да комуницира дирекно со нејзината природно – женствена енергија, која е фасцинантна и ги буди оние убави чуства и прекрасни времиња. Како што машкото навлегува подлабоко во сопственото јадро, креирајќи го тоа плодно поле, автоматски ја поларизира неа во по-женствена форма, кое го храни него кон неговите идни креации, а те ослободува тебе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom