Инаку на овие уметнициве сепак им текнало нешто по 17 години:
Зимскиот салон на Друштвото на ликовни уметници, 12-ти по ред, годинава со тема „Шенген - непристоен предлог“. Раководството на ДЛУМ прес-конференцијата денеска ја одржа на меѓуградската автобуска станица во Скопје со куфери и пасоши за кои не треба виза.
Уметниците проговорија за проблемот на неможност за комуникација со Европа.
„Парадоксално звучи фактот дека уметноста не познава граници, дека универзалниот јазик на уметноста нема меѓи, нема ограничувања, но секојдневно се соочуваме со фактот дека границите постојат, со неможноста да излеземе од оваа наша голема Македонија, да посетиме други колеги, да се стекнеме со нови искуства“, изјави Тања Балаќ, претседател на ДЛУМ.
Зимскиот салон ќе биде отворен в петок во Мала станица, а поканети се и странските дипломати.
„Тој би требало да изврши одредено влијание на нивната свест и етика, ако сакате, тие да извршат исто така во понатамошните нивни дипломатски дејанија да се сочувствуваат со оваа тема и со оваа голема неправда направена на сите граѓани на Република Македонија“, рече Милош Коџоман, претседател на Управен одбор на ДЛУМ.