Предлог за филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата VeGaS
  • Време на започнување Време на започнување
Што гледав....
Еден чудак кој неодамна го запознав,а сепак ми е странец :) :back: ми даваше предлози за филмови вчера,и ми вели- после овој филм можеби нема ни да ми прозбориш или ќе ме замразиш.
Јас од сега па натаму се префрлам на класици,дефинитивно.

ingmar_bergman_-_persona.jpg


Филм од 1966 год.Според многу филм кој требало да добие Оскар за најдобар странски филм истата година.Интересен сплет на психоза и драма,многу хаотичен и многу замрсен,што на крајот ќе ве остави со зборовите- Кој сум јас?
Елизабет Воглер( Лив Улман) ја губи способноста за говорење,нема некоја причина,единствената трага која Бергман ја дава е хоророт кој го искусува гледајќи телевизија,проживувајќи го длабоко во себе масакрот,геноцидот,бесот и деструкцијата...
Следна доаѓа Алма ,болничарката која е надредена да се грижи за Елизабет откако таа ќе изгуби волја да работи и зборува whatsoever.
Гледајќи дека попусто е да се труди да ја тера да зборува,Алма го пополнува просторот и времето со нејзините настрани приказни кои што треба да пополнат празнина,а таа празнина е секако Елизабет,која ја има улогата на слушател со голем интерест.Ако Елизабет ја има улогата на ''молчеливата'' која ги трпи лузните на светот,Алма е онаа која ја прави чистката на траумите и еротските искуства на една пониска скала.
Фактот дека лежи гола до жената која што се обидува да ја рехабилитира и што од пациент започнува да ја смета како интересен субјект - од негователка,станува одмаздољубива. Живее преку неа
,но џабе е да ви кажувам вака со зборови,тоа мора да се види па да ме сфатите. Не е никакво лезбејско дело,дело кое краде идентитет за некаков интерес,не....ова е сензационална мешавина на болка и екстаза во едно.
Поуката на филмот е- реалноста е она што е взаемно за сите нас-како се гледаме самите,како не гледаат другите,како нашата идентификација преминува во сочувување на сопственоста наречена идентитет,живеејќи низ животите на другите,искуствата на другите,добри или лоши или комбинација од двете.
masterpiece. 10/10,сепак,треба да сте љубител на црно бела слика и сиров ручек затоа што режисерот така сервира- сирово,без мачканици,како што е.
 
еј предлог за филм со коли мотори и сл. ( во стилот на fast and furious , torque , biker boyz , supercross ) и да не само 1 филм предложете повеќе
 
Exorcist: The Beginning (2004)

Многу години пред отец Ланкастер Мерин да помогне во спасувањето на душата на Реган Мекнил, прво се сретнал со демонот Пазузу во Источна Африка. Ова е приказна за првата борба на отец Мерин со Пазузу и повторното откривање на неговата вера...


Одличен филм за љубителите на хорор трилерите

За тие што не го гледале или сакаат повторно да го гледаат, филмот игра вечерва на А1 на полноќ.



И јас го гледав на А1 од почетокот мислев дека е никаков филм но излезе феноменален..
Им го препорачувам на сите што сакаат ваков тип на жарн нека го погледнаат и нема да зажалаат..
 
Препорака за некој многу страшен хорор ? Нешто како Exorcist , Grudge .
 
Прифатено (Accepted)

не видов дали има ваква тема слична али еве како омилен филм би го дал како препорака и накратко би ви го раскажал. Значи се работи за филм од жанр на комедија. Почнува така што група средношколци завршуваат 4та година и сите треба да се запишат во некој колеџ. Главниот лик (незнам како се викаше точно) поднесува пријава за во најјакиот колеџ, но за жал нема да го примат па затоа со неговата помала сестра ќе се обидат да најдат решение. И секако решението е да се запиши во друг колеџ со помал степен. Но за несреќа него не го примаат ниту во еден колеџ. Незнаеќи што да прави мора типов да кажи дома. Но татко му кога дознава заедно со својата сопруга го убедуваат синот и го караат како знај и умеј да се запиши на некој колеџ. Така типов седи со група деца (најдобри другари) кои не се примени во никој колеџ само неговиот најдобар другар (хакер) е примен во тој јак колеџ. Групата од неговите најдобри другари се состои од 4-5 деца во кои само еден е примен во најдобриот колеџ, а едното е девојче а останатите се машки. Смислуваат идеа како да се запиши некаде.Одеднаш на главниов тип му текнува идеа да направат лажно училиште , лажна веб страна и лажна достапница за дека е примен (тоа со помош на хакерот) и да најдам лажен директор. Да скратам малце значи тие најдуваат се ..се испаѓа ок родителите доајѓаат во училиштето . "демек" зборуваат со директорот и така натаки. Но еден ден ќе дојдам група на деца (100-150 деца некаде) кои не се примени никаде и биле преку лажната веб страната примени на тој колеџ. И така сите влегуваат се забавуваат даваат пари што му дале родителите за запишување..и понатаму видете сами пошо не е интересно цел да ви го кажувам а и ме заболеа рацеве x). Заборавив и да кажам, во филмот меѓу времено се случуваат и други дејства..значи филмот е комедија x)

Еве ви трејлер од филмот.

 
Не може за секој филм тема. Точка.

Некој познат филмски серијал, нешто што привлекува посебно внимание... може да пројде. Вакви просечни комедии, не. Имаш тема Предлог за филм со кратка рецензија. Го префрлам ова таму.
 
THE FALCON AND THE SNOWMAN MOVIE.




Ова е филм правен спрема вистинска прикана, во кој главните улоги ги толкуваат Тимоти Хатон и Шон Пен. Ликовите кои што ги толкуваат овие двајца актери се другари уште од детство. И двајцата сакаат да уживаат во опасните и забранети нешто, фатени во костец со барање на возбуда и нивното размислување за исправно нешто нивните акции ги доведуваат до...
 
Не може за секој филм тема. Точка.

Некој познат филмски серијал, нешто што привлекува посебно внимание... може да пројде. Вакви просечни комедии, не. Имаш тема Предлог за филм со кратка рецензија. Го префрлам ова таму.


ОК без нервози незнаев :)
 
Препорака за некој многу страшен хорор ? Нешто како Exorcist , Grudge .



The Grudge е само американсата верзија. Што треба да се види е оригиналната јапанска верзија, со правилно име Ju on и Ju on 2. Многу јак хорор кој продира длабоко.
 
Препорака за некој многу страшен хорор ? Нешто како Exorcist , Grudge .

Ju-on или REC (HIGH RECOMMENDATION)

А за сите љубители на цртани филмови со многу борба и самураи, ги препорачувам Afro Samurai (1 до 5 епизода) и филмот Afro Samurai: Resurection
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom