R
Razorblade Kiss
Гостин
Што гледав....
Еден чудак кој неодамна го запознав,а сепак ми е странец :back: ми даваше предлози за филмови вчера,и ми вели- после овој филм можеби нема ни да ми прозбориш или ќе ме замразиш.
Јас од сега па натаму се префрлам на класици,дефинитивно.
Филм од 1966 год.Според многу филм кој требало да добие Оскар за најдобар странски филм истата година.Интересен сплет на психоза и драма,многу хаотичен и многу замрсен,што на крајот ќе ве остави со зборовите- Кој сум јас?
Елизабет Воглер( Лив Улман) ја губи способноста за говорење,нема некоја причина,единствената трага која Бергман ја дава е хоророт кој го искусува гледајќи телевизија,проживувајќи го длабоко во себе масакрот,геноцидот,бесот и деструкцијата...
Следна доаѓа Алма ,болничарката која е надредена да се грижи за Елизабет откако таа ќе изгуби волја да работи и зборува whatsoever.
Гледајќи дека попусто е да се труди да ја тера да зборува,Алма го пополнува просторот и времето со нејзините настрани приказни кои што треба да пополнат празнина,а таа празнина е секако Елизабет,која ја има улогата на слушател со голем интерест.Ако Елизабет ја има улогата на ''молчеливата'' која ги трпи лузните на светот,Алма е онаа која ја прави чистката на траумите и еротските искуства на една пониска скала.
,но џабе е да ви кажувам вака со зборови,тоа мора да се види па да ме сфатите. Не е никакво лезбејско дело,дело кое краде идентитет за некаков интерес,не....ова е сензационална мешавина на болка и екстаза во едно.
masterpiece. 10/10,сепак,треба да сте љубител на црно бела слика и сиров ручек затоа што режисерот така сервира- сирово,без мачканици,како што е.
Еден чудак кој неодамна го запознав,а сепак ми е странец :back: ми даваше предлози за филмови вчера,и ми вели- после овој филм можеби нема ни да ми прозбориш или ќе ме замразиш.
Јас од сега па натаму се префрлам на класици,дефинитивно.
Филм од 1966 год.Според многу филм кој требало да добие Оскар за најдобар странски филм истата година.Интересен сплет на психоза и драма,многу хаотичен и многу замрсен,што на крајот ќе ве остави со зборовите- Кој сум јас?
Елизабет Воглер( Лив Улман) ја губи способноста за говорење,нема некоја причина,единствената трага која Бергман ја дава е хоророт кој го искусува гледајќи телевизија,проживувајќи го длабоко во себе масакрот,геноцидот,бесот и деструкцијата...
Следна доаѓа Алма ,болничарката која е надредена да се грижи за Елизабет откако таа ќе изгуби волја да работи и зборува whatsoever.
Гледајќи дека попусто е да се труди да ја тера да зборува,Алма го пополнува просторот и времето со нејзините настрани приказни кои што треба да пополнат празнина,а таа празнина е секако Елизабет,која ја има улогата на слушател со голем интерест.Ако Елизабет ја има улогата на ''молчеливата'' која ги трпи лузните на светот,Алма е онаа која ја прави чистката на траумите и еротските искуства на една пониска скала.
Фактот дека лежи гола до жената која што се обидува да ја рехабилитира и што од пациент започнува да ја смета како интересен субјект - од негователка,станува одмаздољубива. Живее преку неа
Поуката на филмот е- реалноста е она што е взаемно за сите нас-како се гледаме самите,како не гледаат другите,како нашата идентификација преминува во сочувување на сопственоста наречена идентитет,живеејќи низ животите на другите,искуствата на другите,добри или лоши или комбинација од двете.