Пречекот на кошаркарите - впечатоци

  • Креатор на темата Креатор на темата _Тони_
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе присуствувате на пречекот на Македонските кошаркари?


  • Вкупно гласачи
    246
  • Гласањето е завршено на .
Абе отидете во школо сабајле кажете каква е работата на класната/директорот (не дека тие не знаат) и таман после првиот час сите пред БТ.Или па уште подобра варијанта сабајле на лекар вадете оправдание и правец Борис Трајковски... :) Бреееј ич да незнаете да се снајдете :D
Македонија е четврта сила во Европа вие ќе се школувате.Има време за факултете/чколија...секој ден ќе бидете таму а ова се случува еднаш во којзнае колку години.
 
Чива верзија е ова?

Поише личи на погребна песна, дајте нешто јако, да звучи моќно, а не ко некоја балада јбт...

Па, да не очекуваше хард рок од Александар Митевски? :pos:

Јас одам утре! Во петокот успеав се` да презакажам за од вторник натаму. :vozbud:
Жалам за оние кои не можат да дојдат.
 
Немој да разберам дека некој утре го штедел гласот :icon_lol:
Има да грми и на аеродром и на плоштад :vozbud:
 
Абе какво црно школо, ја утре втора смена сум од 13:30 па не идам, шо ви е, ретко ваков успех некој да постигне, а и заслужуваат момците што поголем број на граѓани да ги пречека!
 
дечки дајте му пречек како што заслужуваат хероите, штета нема да бидам таму ама ќе гледам на ТВ и ќе се дерам ко да сум во живо :)
 
За тие што имаат изговор школо, ма дај ви се молам па и професорите нема да ме чуди да ги видам киднати од работа еден ден е ова, еднаш се случува ова.... За тие со работа нека се снаоѓаат јебига :)
ps. Секако дека ќе присуствувам од Аеродром па до плоштад :)
Браво бе, и ти со генијални идеи како организаторите! Па не се сите партиски војници во државава што работат во државна администрација и можат кога сакаат да излагаат од канцеларија. Му ускратија можност на народот да ги поздрави своите херои како што им доликува!
 
Ако сакате вечерта околу 19:00 да се собереме на плоштад, за гласот да си го бараме групно, оти утре не го штедам ама баш ич :)
 
Браво бе, и ти со генијални идеи како организаторите! Па не се сите партиски војници во државава што работат во државна администрација и можат кога сакаат да излагаат од канцеларија. Му ускратија можност на народот да ги поздрави своите херои како што им доликува!
Друже, така е во секоја земја, пишав поназад, незнам што се чудите, пречек не е кога тебе ти одговара и кога завршува 6ти час у школо, пречекот се прави веднаш по слетувањето на тимот, а не да слетаат, да идат дома па ај да ги собираат ...

Незнам како одат летовите, ама ако они решиле рано да се враќаат од Литванија јебига, не е тука крив организаторот, они го средуваат она што ќе се случува по слетувањето, така да ако нешто критикувате, тогаш критикувајте ја одлуката на кошаркарската експедиција која се решила толку рано да се враќа во Макеонија.

А некој да замери на тоа што сакале они што побргу да се вратат во својата земја е бедно, така да, deal with it.
 
дечки дајте му пречек како што заслужуваат хероите, штета нема да бидам таму ама ќе гледам на ТВ и ќе се дерам ко да сум во живо :)
Епа како да им приредиме пречек каков што заслужуваат, кога генијалците од АМС ставаат термин во сред работно време?! Морони класични!
 
дечки дајте му пречек како што заслужуваат хероите, штета нема да бидам таму ама ќе гледам на ТВ и ќе се дерам ко да сум во живо :)
Ќе има директен пренос ?
 
Нормално дека ке идеме,утре рано по сабајле со кола се иде накај Аеродром,па после накај плоштад,излеа ке има и по некој бакљи утре,мора заслужуваат феноменален пречек.
 
сакав да одам и на аеродром али 20те автобуси ке бидат преполни и чисто се сомневам дека ке има народ за сите да го собере у автобусите.. сигурно ке има некои што нема да можат да отидат на аеродром од што ке бидат преполни автобусите. планирав да одам со кола преку обиколница ама не ми се оди сам башка неам скршен денар и нема да иам за патарина :( ама затоа на плоштад ке дојдам па што сака нека биде!!!

П.С на видео бимот ОБАВЕЗНО да им се прикаже клипот на кошаркарите како беше за прославата кога ги победија литванците особено моментот кога завршува утакмицата и кога грмеше цел плоштад! - со тој момент мислам дека ке ја имаат комплетно јасната слика што се сл учувало тука додека они победувале таму!

еве го клипот​


2:59 момент на кулминација!!!
 
Можи да ми кажи некој дали ќе има пренос и ако има во колку сатот, и дали ќе биди на Сител? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom