Правосуден испит

Не мешај баби и жаби! :D
Значи, Законот за правосудниот испит од 2010 год. ќе биде во сила и ќе се применува до 14.10.2014 год. (Прочитај го чл. 35 од новиот закон од 2013 год.)
Додека пак, новиот Закон за правосудниот испит од 2013 год. ќе биде во сила и ќе се применува од 15.10.2014 год. (Прочитај го чл. 36 од новиот закон од 2013 год.)
Значи, писменото полагање по електронски пат ќе почне од октомври 2014 година, а до тогаш ќе биде како до сега - писмено и усмено! ;)
Сите информации околу правосудниот испит тука:
http://pravda.gov.mk/resursi.asp?lang=mak&id=16

napraviv previd, fala za ispravkata
 
НОВА ИСПИТНА КОМИСИЈА ОД ДЕКЕМВРИСКА СЕСИЈА 2013 ГОД.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
1– ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА - Кривично право, претседател на Врховниот суд на Република Македонија

ЧЛЕНОВИ

2. ИЏЕТ МЕМЕТИ – Уставно уредување, Народен правобранител на Република Македонија.

3.ФАИК АРСЛАНИ – Граѓанско право, судија на Врховниот суд на Република Македонија

4. .ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ – Трговско право, судија на Врховниот суд на Република Македонија

5. НИКОЛЧО НИКОЛОВСКИ – Трудово право, судија на Врховниот суд на Република Македонија

СЕКРЕТАР НА КОМИСИЈАТА
АЛЕКСАНДАР АЛЕКСОВСКИ –Министерство за правда

Значи, наместо БЕСА АДЕМИ, испитот по ГРАЃАНСКО ПРАВО ќе го држи ФАИК АРСЛАНИ !!!
 
ако останат еден или два предмети за во поправна сесија и истите не се положат во поправната сесија , дали има уште некоја шанса за друга поправна или после ќе треба се одново ?
 
Како што разбрав пред релативно скоро време се донела одлука адвокатите повеќе да не можат како награда од добиениот спор да земаат процент од добиената сума. Дали некој знае на кој начин би се договарала наградата што би ја добил адвокатот. На пример ако со тужбата се бара 100.000 денари надомест на штета, за колкав износ би се договориле двете страни( адвокатот и странката) кога не се знае судот колкава штета ќе надомести( на пример судот наместо бараните 100.000 денари би можел да донесе одлука странката да добие 60.000 ).
Благодарам однапред.
 
Дали се излезени прашањата за новата програма која треба да се спроведува од октомври?
 
некој скоро да не полага правосуден испит ???
 
Здраво,

Дали некој може да ми даде информација во врска со правосудниот испит? Јас скоро се вратив од странство, каде што студирав и ќе треба да го полагам овој испит. Секаква информација од типот, колку време е потребно за да се спреми (знам дека е индивидуално, но отприлика), дали е многу тежок, дали комисијата е позитивна, од каде да најдам материјали за испитот?
Би сакала да разменам искуство со некого во врска со подготовката околу испитот. Буквално секаква информација би ми била од корист затоа што прв пат ќе полагам испит во Македонија.

Однапред благодарам.
 
последното ти е програмата за учење , законите симни ги од pravo.org.mk или ako знаеш некој што е претплатен на akademika.com.mk ( тука се вметнуваат измените во законот).За времето на спремање отприлика 3 месеци , ама тоа си е како што кажа индивидуално.
 
можеш да си ги симнеш законите и од овде:
http://www.justice.gov.mk/LDBISReader/
 
Здраво,

Дали некој може да ми даде информација во врска со правосудниот испит? Јас скоро се вратив од странство, каде што студирав и ќе треба да го полагам овој испит. Секаква информација од типот, колку време е потребно за да се спреми (знам дека е индивидуално, но отприлика), дали е многу тежок, дали комисијата е позитивна, од каде да најдам материјали за испитот?
Би сакала да разменам искуство со некого во врска со подготовката околу испитот. Буквално секаква информација би ми била од корист затоа што прв пат ќе полагам испит во Македонија.

Однапред благодарам.
Има закон за правосудниот испит. Можеш да го најдеш на право.орг.мк.
За материјали, се има на интернет. На академика можеш да ги најдеш пречистените верзии на законите. Ќе те кошта нешто ама ќе се претпалтиш на еден месец и ќе спуштиш се што ти треба.
 
Има некој шо полагаше во априлска сесија,да сподели некое искуство?:)
 
Има некој шо полагаше во априлска сесија,да сподели некое искуство?:)
Јас бев да слушам, трговско фатив. Многу лесно беше. Ако те види дека знаеш нема ни 30 секунди да одговараш на прашањето, одма на следното ќе премине. Една девојка од мојот град полагаше заврши за помалку од 5 минути.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom