Правосуден испит

Дали има некој образци/урнеци по кривично за обвинителен акт, барање за спроведување на постапка и решение за спроведување на постапка?
 
Дали има некој образци/урнеци по кривично за обвинителен акт, барање за спроведување на постапка и решение за спроведување на постапка?
полагаш на 4 и 5 а? Ај скрши нога. Овие ти се веројатно за истражна постапка барањето и решението? Пиши ми меил по пп може да ти најдам барање
Него како иде спреми нешто?
Поздрав
 
од искуството на колегите што полагале до сега кривично имало само првостепена и второстепена пресуда, Други работи не се паѓале
 
Kolegi dali nekoj znae po koj zakon za krivicna postapka ke se polaga vo dekemvriska ispitna sesija,po stariot ili po noviot,ili mozebi dvata ke trebaat?

p.s poso nekoi spomna imal skripti za email da pusti pa ako moze dami gi preprati bi bil blagodaren todorovskiivan@yahoo.com Falaaaa
 
За урнеци одите на било кој основен суд- на пример осскопје1 или осскопје2 и ке најдете урнеци колку сакате за се што сакате.

За полагање писмено по кривично се паѓаа и жалби.
 
Знам дека треба да се има некое искуство/практика пред да се полага и имам прашање конкретно во врска со тоа. Дали е потребно само да се има работно искуство од една од организациите наведени во законот за правосуден или тоа треба да биде регистрирано некаде баш како практика.

Пример, работам во нотарска канцеларија. Ама тоа е работен однос, никаде не се води како практика.
Друга ствар, од еден колега начув дека потребни биле само 240 кредити за да се почне со практиката. Ја моментално имам толку (ја немам завршено магистерската).

Дали ова работно искуство ќе ми се рачуна како практика и кога ќе ја завршам магистерската ќе можам да полагам?
Ај ве молам, кој знае да помогне.
 
Колешке, колешке, Вие веќе го практицирате правото со тоа што сте вработени во нотарска канцеларија:

Член 3
Право на полагање на испит стекнуваат дипломираните правници кои работеле на правни работи во суд, Jавното обвинителство, Државниот правобранител, Народниот правобранител, други државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа,
адвокатура, нотаријат, извршители, трговски друштва и други правни лица и здруженија на граѓани.
 
Ја го знам тоа ама ти изгледа не го сфати прашањето. Прашањето е од кога почнува да ти тече тој приправнички стаж? Дали ако се вработиш во четврта година или петта, или пак, треба да имаш завршено. Разбираш сега?
 
Кој дел од твоето прашање „Дали ова работно искуство ќе ми се рачуна како практика“ не сум го разбрал? Инаку ова веќе сега ти е друго прашање на кое со задоволство повторно и многу конкретно ќе ти одговорам:

II. Услови и начин на спроведување на испитот
Член 5
(1) Испит можат да полагаат лица кои се дипломирани правници со завршено
четиригодишно високо образование на правни студии со работа од најмалку две
години на правни работи во суд, јавно обвинителство, државен правобранител,
народен правобранител, адвокат, нотар и извршител.
(2) Испит можат да полагаат и лица кои се дипломирани правници со завршено
четиригодишно високо образование на правни студии со работа од најмалку три
години на правни работи во други државни органи, органи на единиците на
локалната самоуправа, трговски друштва и други правни лица и здруженија на
граѓани.
(3) Испит можат да полагаат лица кои се дипломирани правници кои студирале
според Болоњската декларација и имаат 300 кредити според европскиот кредит-
трансфер систем (ЕКТС) со работа од најмалку една година на правни работи во
суд, јавно обвинителство, државен правобранител, народен правобранител,
адвокат, нотар и извршител.
(4) Испит можат да полагаат и лица кои се дипломирани правници кои
студирале според Болоњската декларација и имаат 300 кредити според
европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) со работа од најмалку две години на
правни работи во други државни органи, органи на единиците на локалната
самоуправа, трговски друштва и други правни лица и здруженија на граѓани.
(5) Времето поминато на практика заради стручно оспособување во суд, јавно
обвинителство, државен правобранител, народен правобранител, адвокат, нотар
и извршител, во согласност со законот, во однос на условите за полагање на
испитот се смета како време поминато на работа во тие органи.

Дали ти разбираш сега?
 
Pravnici ne znaete da si procitate vo zakon za uslovi za polaganje pravosuden???
se izvinuvam za latinicata
 
колешки споделете некое искуство за писмениов дел од правосудниов испит, што се паѓа, тешко ли е, дали може да ги користиме законите, секој совет би бил добродојден.
 
кривично се пагаа првостепени пресуди а граганско баш се ( жалба, тужба, пресуда, ревизија и тн) зак0он можеш да користиш
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom