Здраво, би сакал да прашам како да се уплатат на сметка 30000 евра кои се семејна заштеда на петчлено семејство со години наназад, дел се одданочени преку плати и пензија, но дел не се и истите треба да бидат искористени за купување на стан. Во банка ми кажаа дека може на сметка да се уплатат максимум 15000 евра по лице во кеш, па решивме како купувачи да се јават две лица во договорот (станот со изјава да се води на едно лице) и на две одделни сметки да уплатиме по 15000 евра, па истите да бидат префрлени на сметка на продавачот. Постои ли можност ујп да не гони после извесен период? Се уште не е потпишан никаков купопродажен договор на нотар.