Полека, не оди тоа баш така... Точно е дека согласно Законот за облигациони односи сметките кои стигаат месечно застаруваат за една година.... НО! На застареност не се внимава по службена должност туку должникот треба да се повика на застареност. Кога должникот може да се повика на застареност? - Кога доверителот ке ги утужи сметките на суд тогаш пред судот должникот треба да се повика на застареност односно одкако нотарот ке му го доставио решението во рок од 8 дена од приемот треба да направи приговор по што предметот ке оди на суд каде должникот треба да се повика на застареност! Како се смета рокот? Рокот за застареност тече до денот на поднесувањето на тужбата во судот односно кај нотарот по што се прекинува застареноста, на пример ако за сметка за струја чии рок за плаќање бил до 18.08.2014 година доверителот поднесе тужба најдоцна до 18.08.2015 година тогаш должникот неможе да се повика на застареност а ако се поднесе и еден ден подоцна тогаш должникот може пред судот да се повика на застареност и тужбата ке биде одбиена а ако не се повика на застареност тогаш судот неможе да ја одбие тужбата поради застареност на побарувањето бидејќи истиот не внимава по службена должност на застареност. Е одкако судската пресуда, платниот налог, нотарското решение... стане правосилно... тогаш доверителот има рок од 10 години одлуката да ја даде на извршување (значи може и на последниот ден од истекот на 10 години од правосилността односно извршноста на одлуката) а одкако ке ја даде на извршување тогаш веќе неможе да настапи застареност. ЗНАЧИ: На застареност треба да се повика должникот и тоа само во постапката за донесување на извршната исправа а одкако извршната исправа ке биде донесена практично АМИН застарување. Тоа е накратко и во глобала....