Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Нека ме контактира во ПП адвокат, или човек со познавање на законите. Итно е!
 
Здраво ми треба помош/совет.
Се работи за закана на Фејсбук од човек кој што некогаш го познавав. Речиси една година не сум во никаков контакт но имам од негова страна закани ... "Ќе те лежам" , "Пази се" , "Не си свесен што ќе ти направам" итн.
Сметате ли дека принт скрин од Фејсбук може да биде добар доказ во МВР и пред суд (од правен аспект).
Благодарам однапред.
 
Здраво ми треба помош.
Дали предмет на оставина е куката изградена на имотот која не е легализирана, или само имотот за кој се има имотен лист ?
 
Здраво ми треба помош.
Дали предмет на оставина е куката изградена на имотот која не е легализирана, или само имотот за кој се има имотен лист ?
епа во решението ќе го пишува само земјиштето ама нотарот највероватно ќе ви наплати и за куќата т.е. ќе ви го процени имотот заедно со куќата...е сега имате две варијанти..или да чекате да се легализира куќата претпоставувам легализацијата е започната од починатиот,да излезе имотен лист на него па тогаш да ја расправате оставината или втората опција е да се расправа само за земјиштето со што во нотарското решение ќе се напише дека на тој или тие што ќе оди ќуката им се префла и правото на легализација на објектот со што тој на кого ќе оди куќата ќе си поднесе во имотно правно односи едно барање за промена за корисник во кое ќе го приложи оставинското решение и потоа кога куќата ќе се легализира ќе излезе на негово или нивно име
 
можеш да бараш бришење кога ќе помине 1 година од времето на проверување, во твојов случај 5 години, па после 6 години од правосилноста на пресудата ако не сториш ново кривично дело ќе можеш да бараш бришење
хмммм деновиве прашав и една особа која работи во суд али како дактилограф и ми кажа дека требало да поминат уште 5 години. значи 5+5 у овој мојот случај
сега не знам на кого да верувам :D
 
хмммм деновиве прашав и една особа која работи во суд али како дактилограф и ми кажа дека требало да поминат уште 5 години. значи 5+5 у овој мојот случај
сега не знам на кого да верувам :D

Да му веруваш на дедо ;)
еве ти директ цитиран член од КЗ
(2) Условната осуда се брише од казнената евиденција по една година
откако ќе помине времето за проверка ако за тоа време осудениот не стори
ново кривично дело.
 
не биди неверни тома
 
Здраво ми треба помош/совет.
Се работи за закана на Фејсбук од човек кој што некогаш го познавав. Речиси една година не сум во никаков контакт но имам од негова страна закани ... "Ќе те лежам" , "Пази се" , "Не си свесен што ќе ти направам" итн.
Сметате ли дека принт скрин од Фејсбук може да биде добар доказ во МВР и пред суд (од правен аспект).
Благодарам однапред.
Направи си принт скрин, отвори го овој линк, внеси ја адресата на неговиот ФБ профил (ќе се снајдеш на самиот веб сајт пишува) - http://findfacebookid.com/,и зачувај го неговиот ID број на профилот.
Само по себе пораките и ова погоре што го напоменав не може да биде доказ и доволно за постапка, но добро е да имаш барем нешто, како и да е ако сметаш дека заканата е сериозна мораш да се обратиш до МВР и од страна на Секторот за компјутерски криминал ќе си преземат мерки за обезбедување на соодветни докази и ќе постапат како што треба.
 
Да му веруваш на дедо ;)
еве ти директ цитиран член од КЗ
(2) Условната осуда се брише од казнената евиденција по една година
откако ќе помине времето за проверка ако за тоа време осудениот не стори
ново кривично дело.
епа ок друже ти верувам :)
а тоа поднесувањето за бришење... дали е можно да не ми одобрат пошто не е обична условна пресуда тоа моето? или тоа е како процедура стандардна без разлика на тежина на делото?
 
нема врска делото..само кога ќе поминат всушност кај тебе 6 години од правосилноста на пресудата ќе си поднесиш барање до суд за бришење, судија ќе го разгледа предметот дали се поминати доволно години, дали не си бил осудуван во меѓувреме и ако се исполнети сите услови ќе ти ја избришат осудата од казнена евиденција
 
фала ти многу someone :)
ќе можам да си поднесам у 2019 за бугарски пасош :jeeee::icon_mrgr:
 
Не е некоја голема правна помош повеќе е помош околу еден закон. Колку време треба за еден закон да се изгласа во собрание , да го потпиши претседателот и да се појави во службен весник ? И ме интересира дали има некој правилник како можи и смеат да се изменат законите ?
 
Ако може малку да ме упатите...

Фирма има потпишано договор за позајмица со друга фирма во Декември 2014 година со рок на доспевање до 2015 година. Договорот е со потпис и печат и од двете страни. До ден денес нема трага од парите, преварантот (ако не те заебе твој, нема кој) не планира очигледно да ги врати.

Дали има некаков начин како да постапам легално? Дали доколку фирмата (која е ДООЕЛ) нема пари (не знам точно во која состојба се), газдата е одговорен за тоа? Тужба, извршител?

Можеш да тужиш да, само гледај да не ти застари побарувањето.
Инаку во однос на статусот се гледа од тековната дали фирмата е активна или не. Ако е активна можеш да тужиш. А во однос на личниот имот, иако е дооел не е исклучена можноста да одговара и физичко лице доколку истото е предвидено со договорот. А можеби во договорот има и извршна клаузула каде може да се оди директно на извршител. Ако сакаш да ангажираш адвокат слободно пиши ми. Поздрав
 
Зошто ако сака да ангажира адвокат да ти пише тебе???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom