Правна помош и совети

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
порано имаше закон дека делото/долгот застарува после **** години ама сега делото или долгот не застарува ти ако земиш кредит и се случи недај боже ненадејна смрт твоите деца ке го плаќат тоа.
Тотално погрешни работи збориш, застаруваат гонење на кривично дело, застарува извршување на казна, застарува и долг. Времето кое треба да помине за еден долг да застари зависи од видот на долгот.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
1.920
Поени од реакции
925
здраво знам дека тука има правници и сл па сакам да ве прашам во врска со мојов проблем :D
епа јас сум условно осуден на 5 години од кои имаат поминато веќе 3 и пол години. за трава малце поголема количина (ова го спомињам за тежината на делото) .... а претходно не сум имал никакви проблеми со законот.
е сега проблемот е што ова условното ми смета у животот и тоа што сум осудуван исто така ми смета
што може да се направи со овој проблем?
имам слушнато за тоа дека јас сум осуден 5 години на условно и од кога ќе поминат тие 5 години треба да поминеле уште 5 и делото автоматски ми се бришело.
ова така е или не е така? и ако не е така како е? :icon_lol:
 
Последно уредено:
Член од
25 јануари 2016
Мислења
46
Поени од реакции
17

можеш да бараш бришење кога ќе помине 1 година од времето на проверување, во твојов случај 5 години, па после 6 години од правосилноста на пресудата ако не сториш ново кривично дело ќе можеш да бараш бришење
 
Член од
8 јануари 2010
Мислења
126
Поени од реакции
37
Луге вака сега конечно денес ми стигна одговор за поднесено барање за приватизација на земјиште и има нешто што не ми е јасно значи дедо ми има купо-продажен договор судски заверен во 4 примероци еден во катастар еден во суд еден за него и еден за човекот што му го продал земјиштето.Барањето беше поднесено 2011 година и конечно денес пристигна и во него е наведено дека се е во ред дека парцелите одговараат дека има и граджена дозвола и дека се водело порано на поранешниот сопстевник подоцна на негово име ама немало докази дека континуирано било негово и дека тој му платил на поранешниот сопственик за парцелата и затоа морало да се одкупи од државата за евро квадрат.Е сега прашањето кој се тие докази и што ти треба повеке од купопродажен договор потпишен од странките и судски заверен ?
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727

Самото тоа што сте поднеле барање за приватизација значи дека и Вие сте знаеле дека земјиштето, предмет на договорот за купопродажба, не било приватизирано и продавачот не го имал приватизирано, односно продавачот претпоставувам дека имал само право на користење на тоа земјиште, а не и право на сопственост (правото на сопственост на земјиштето било на РМ), па затоа во моментот кога му го продал зежјиштето на дедо ти можел да му го пренесе само правото на користење, а не и правото на сопственост. Сега ќе си платите по едно евро за квадрат и ќе го имате и правото на сопственост. Доколку поранешниот сопственик претходно извршил приватизација и во моментот на продажба му било запишано и правото на сопственост, тогаш и дедо ти ќе го имал правото на сопственост и немало нити да има потреба да поднесува барање за приватизација.
 
Член од
24 август 2015
Мислења
248
Поени од реакции
364
здраво знам дека тука има правници и сл па сакам да ве прашам во врска со мојов проблем :D
епа јас сум условно осуден на 5 години од кои имаат поминато веќе 3 и пол години. за трава малце поголема количина (ова го спомињам за тежината на делото) .... а претходно не сум имал никакви проблеми со законот.
е сега проблемот е што ова условното ми смета у животот и тоа што сум осудуван исто така ми смета
што може да се направи со овој проблем?
имам слушнато за тоа дека јас сум осуден 5 години на условно и од кога ќе поминат тие 5 години треба да поминеле уште 5 и делото автоматски ми се бришело.
ова така е или не е така? и ако не е така како е? :icon_lol:
планираш да го повториш хаха:pos:
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.175
Поени од реакции
3.422
Луге вака сега конечно денес ми стигна одговор за поднесено барање за приватизација на земјиште и има нешто што не ми е јасно значи дедо ми има купо-продажен договор судски заверен во 4 примероци еден во катастар еден во суд еден за него и еден за човекот што му го продал земјиштето.Барањето беше поднесено 2011 година и конечно денес пристигна и во него е наведено дека се е во ред дека парцелите одговараат дека има и граджена дозвола и дека се водело порано на поранешниот сопстевник подоцна на негово име ама немало докази дека континуирано било негово и дека тој му платил на поранешниот сопственик за парцелата и затоа морало да се одкупи од државата за евро квадрат.Е сега прашањето кој се тие докази и што ти треба повеке од купопродажен договор потпишен од странките и судски заверен ?
Ќе ти дадам многу добар совет,
Саше ти пишал нешто ама сметам дека не ти доволно објаснил, ви бараат основ како претходниот сопственик стекнал право врз тоа земјиште, значи вие требало да побарате некое оставинско решение, купопродажен договор и сл.
Самото тоа што сте поднеле барање за приватизација значи дека и Вие сте знаеле дека земјиштето, предмет на договорот за купопродажба, не било приватизирано и продавачот не го имал приватизирано, односно продавачот претпоставувам дека имал само право на користење на тоа земјиште, а не и право на сопственост (правото на сопственост на земјиштето било на РМ), па затоа во моментот кога му го продал зежјиштето на дедо ти можел да му го пренесе само правото на користење, а не и правото на сопственост. Сега ќе си платите по едно евро за квадрат и ќе го имате и правото на сопственост. Доколку поранешниот сопственик претходно извршил приватизација и во моментот на продажба му било запишано и правото на сопственост, тогаш и дедо ти ќе го имал правото на сопственост и немало нити да има потреба да поднесува барање за приватизација.
Проблемот тука е што многу на тие што им е пишано право на користење, тоа им е нивен личен имот, на времето во екс ЈУ им се одзимани парцелите и на тие парцели се правени ДУП-ови со исцртани парцели за плацови, некој се реализирани ДУП-ови, а некој не се реализирани и уште си стојат целосно парцелите.

Значи мора да побара од претходниот сопственик, како го има стекнато тој имот, ако е подарен/купен од некоја фирма (обично така им ги давале), ќе мора да си плати, ако е запишан како сопственик при првото геодетско мерење во тој регион ќе биде ослободен од плаќање.
 
Член од
8 јануари 2010
Мислења
126
Поени од реакции
37
Човекот од кој е купено змиштето е починат е сега неговите синови се живи ако тие имат таков документ со тој документ што да направам да понесам жалба и со неа да го доставам документот или како бидејки имам краток рок за средуванје на ситуацијата 30 дена?
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.175
Поени од реакции
3.422
Човекот од кој е купено змиштето е починат е сега неговите синови се живи ако тие имат таков документ со тој документ што да направам да понесам жалба и со неа да го доставам документот или како бидејки имам краток рок за средуванје на ситуацијата 30 дена?
Побарајте документи од претходниот продавач, поточно од неговите синови, документот мора да биде наследно решение, решение за поклон или нешто слично и со тој документ треба да се докаже како го стекнал имотот претходниот сопственик,
потоа треба да отидете во катастарот и да побарате уверение за историски преглед на извршени запишувања на таа парцела кое чини 600 денари и ги содржи сите движења на парцелата од 50-60 години кога ги вршеле геодетските снимања (секоја општина е различно)..

Тоа уверение се вади по службена должност, но бидејки кај вас има проблем подобро е вие да отидете и да си го извадете, службеникот и претходно требало да го има извадено и сигурно го извадил, ама за да се отарасат побрзо од предметот, којзнае дали го има и разгледано.

Значи ако обезбедиш документи каде се гледа дека тој е првиот сопственик, обавезно да отидеш или некако да се јавиш во тоа оделение каде ти е изготвено решението и да поднесеш жалба,
предметите се разнесени низ цела Македонија и ако не е во твојот град малку ќе ти биде потешко да се разбереш,
како што кажав тие гледаат само да се отарасат од предметот, па ако помине помине, пола така си ги елиминираат ;)

Ти си еден од посреќните што ти доставиле решение во овој краток рок од 6 години, со тоа темпо на работа можеби ќе стасаат до 2025г да ги решат сите:icon_mrgr:
 
Член од
9 февруари 2007
Мислења
441
Поени од реакции
61
Zdravo da prasam dali nekoj bi znel kade da me upati
Znaci vaka majka mi ima stan so pogolema kvadratura i saka da go podeli na 3 dela eden del ke bide za mene eden za nea i eden za sestra mi
Prasanjeto mi e kako moze da se napravi taa fizicka delba? koja e procedurata i kolku bi kostalo da site trojca imame po eden imoten list?
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.175
Поени од реакции
3.422
Zdravo da prasam dali nekoj bi znel kade da me upati
Znaci vaka majka mi ima stan so pogolema kvadratura i saka da go podeli na 3 dela eden del ke bide za mene eden za nea i eden za sestra mi
Prasanjeto mi e kako moze da se napravi taa fizicka delba? koja e procedurata i kolku bi kostalo da site trojca imame po eden imoten list?
Ќе отидете на нотар и таму ќе склучете договор за поклон во кој мајка ви ќе ви даде по 1/3 на двајцата и така ќе бидете запишани во имотниот лист со идеален дел од 1/3 сите тројца.

Физичката делба е можба само ако предметот (станот во случајот) е физички делив, во тој случај ќе ви треба геодетски елаборат од вештак, во кој ќе стои кој дел на кого е, оваа е пожелно да го изготвите пред време и потоа на нотар врз основа на елаборатот да ви се запише кој дел од тие 1/3 е ваша сопственост, само тогаш ќе бидете запишани во 3 различни имотни листови.

Ќе си видете самите дали има услови да се подели, па потоа одете да го делете, во спротивно за џабе ќе си ги потрошете парите кога во иднина пак станот по физичка делба би припаднал на 1 од вас, со обврска да ги исплати деловите на другите
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Zdravo da prasam dali nekoj bi znel kade da me upati
Znaci vaka majka mi ima stan so pogolema kvadratura i saka da go podeli na 3 dela eden del ke bide za mene eden za nea i eden za sestra mi
Prasanjeto mi e kako moze da se napravi taa fizicka delba? koja e procedurata i kolku bi kostalo da site trojca imame po eden imoten list?
Како што ти пиша претходно мајка ти ќе направи договор за подарок на тебе и на сестра ти, али врз станот нема да може да се изврши физичка делба затоа што е неделив имот, туку ќе има еден имотен лист на кој ќе сте запишани сите тројца сопственици по 1/3 идеален дел, а не кој дел од станот на кого му припаѓа.
 
Znaci fizicki e vozmozno da se napravi 3vleza zatoa prasuvam dali e izodlivo da se izvadat 3 imotni lista pa poslem koj sto saka da si pravi so svojot del??
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Znaci fizicki e vozmozno da se napravi 3vleza zatoa prasuvam dali e izodlivo da se izvadat 3 imotni lista pa poslem koj sto saka da si pravi so svojot del??
Како можеш да направиш три влеза да има еден стан???
Ти пишав во постот дека ќе има еден имотен лист на тројца сопственици по идеален дел, а кој дел на кого тоа најдобро ако сакате само меѓу вас можете да се договорите.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Zdravo da prasam dali nekoj bi znel kade da me upati
Znaci vaka majka mi ima stan so pogolema kvadratura i saka da go podeli na 3 dela eden del ke bide za mene eden za nea i eden za sestra mi
Prasanjeto mi e kako moze da se napravi taa fizicka delba? koja e procedurata i kolku bi kostalo da site trojca imame po eden imoten list?
Не треба да одиш кај нотар за да се состави договор, туку кај адвокат, нотарите не се надлежни да составуваат договори, туку истите да ги заверат, а геодетот во својот елаборат ќе каже дали е возможна физичка делба и доколку е возможна на кој, односно на кои начини, а Вие ќе одлучите која странка кој дел ќе го добие.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom