Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
ОБСЕ, пробај кај нив такви работи. Иако голема е вероватноста да те пратат кај правобранителот, али пробај си ја таму среќата. Ако ништо друго, барем се дискретни ако не можат да ти помогнат.
Се наоѓаат кај Хипериум, или кај МИДА, барај го одделот Rule of Law (Владеење на правото)
 
Градските зонаши се по итри и ставаат лисици, а општинските ливчиња и со нив е лесно
Значи немој да размислуваш. штом видиш вакво ливче - во канта
ако не треба законски да ти го наплаќаат паркингот (киниш ливче) како може законски да ти стави лисици на кола и оневозможи - попречи да си користиш своето возило?
 
ако не треба законски да ти го наплаќаат паркингот (киниш ливче) како може законски да ти стави лисици на кола и оневозможи - попречи да си користиш своето возило?
Никој неможе да ти ја попречува сопственоста, дури и да се паркираш на некој приватен имот газдата не смее да ти го оштетува возилото или да ти го помера, туку треба да те пријави, а не пак ова да ти става канџа на возилото, најубаво бонсек во гепек и решен проблем па нека те даваат по судови и шта ти ја знам, па тмау нека докажуваат врз основа на што ти ставиле канџа на возилото, ми се плаче кога ке помислам во колку несредена држава живеам, пример во Куманово гледам тие што наплаќаат паркинг па ти се и курчат ако нешто им кажеш, а во ``братскиот`` дел на ниту еден паркинг не се наплаќа паркирање, што би рекол мој добар другар `` во оваа држава само да се врати бугарин и се да запали``
 
ако не треба законски да ти го наплаќаат паркингот (киниш ливче) како може законски да ти стави лисици на кола и оневозможи - попречи да си користиш своето возило?
Во право си... Во ниту една европска држава нема лисици. Нема ниту во Србија и Хрватска и ако таму има зонско Ама ние немаме држава, туку прќија на коекакви „ политички опции “
( прќија е чејз од вдовица - секој гледа нешто да дрпне )
 
Дали се плаќа данок за подарок на недвижен имот од брат на сестра? Братот е сопственик на имотот, неженет и нема деца, исто и сестрата.
 
Ми треба помош од некој што знае и сака да помогне.
На 11.07 бев во ОНЕ да сменам пакет од селект промо кој е со 1 гб интернет во селект промо М кој е со 5 гб интернет. Потпишав договор, земав телефон за 0 ден. На 15.07 ми пристигна СМС порака дека имам направено сметка од 8000 ден. Се јавив на оператор каде што излезе дека сеуште се водам на стариот пакет и дека ќе провери зошто сеуште не е активиран новиот пакет. 10 мин после разговорот со операторот стигна СМС дека пакетот селект промо м е активиран.
Значи од 11 до 15.07 ме воделе на стариот пакет. До 15.07 имав направено 2.3 гб интернет и сега 1.3 гб сакаат да ми наплатат како надминат интернет.
Се тоа би имало некаква логика ако во анексот не пишуваше дека договорот почнува да важи од денот на неговото потпишување кој е на 11.07. Они тврдат дека тоа било барање кое подлежи на одобрување и кое било одобрено на 15.07 и дека сметката си е во ред и треба да си платам. Никаде, ни во барањето ниту во анексот не стои никаква друга дата освен 11.07. Планирам да поднесам приговор до АЕК.
Како можат да тврдат дека договорот почнал да важи од 15ти кога на договорот под член 2 стои дека договорот почнува да важи од денот на негово потпишување од двете страни.
Ме интересира ваше мислење.
29bdc7e60110a9cd44bc092d729041fd.jpg
96780c5cb6ac2e1f38de0e86b1f22ba7.jpg
fa83c73cbdfad1d953e325588b846259.jpg
 
Ja усрале работата, некој од вработените заборавил да ти го смени пакетот. Пријави го случајот у АЕК, нема никаква твоја вина.
И во Телекабел кога сум работел знаеле да се случат вакви работи, па се пазеше ептен со пакетите. Или некој потпишал договор за раскинување на Интернет, а во централа да се заборави да се изврши тоа барање и уште си стои вклучен. Човекот си има потпишано договор за раскинување валиден од таа дата, а он уште си користи интернет. Правно, тој е во право.

Пред 2 месеци во ВИП кога префрлав договор од правно на физичко лице, прво чекав неколку дена да го одобрат барањето од Скопје централа, па после потпишував било каков договор. Не знам овие Оне толку ли се шушумиги...
 
Последно уредено:

Ма шушумиги со тапија се. Им поднесов приговор и ми го одбија.
Ги прашувам: Еве одиме на суд, јас го носам анексот со дата од 11.07 , кој документ ќе го донесете да докажете дека документот почнува да важи од 15.07 ?
-Епа господине овој договор го правеле правници...
-СИТЕ ДА ГИ ОТПУШТИТЕ !!!!
 
2000 год направив сооракајна незгода притоа немав возачка дозвола ,али и возилото со кое се судрив не беше регистрирано.Е сега тој некако ја има наплатено штетата од моето осигурање и од мене беше побарано од кјуби да платам зошто сум бил без возачка ,потпишав некоја си спогодба за отплата на долгот на рати али не ја испочитував , е сега има решение од судот со правосилност ,ие пуштено на извршител дали можам некако правно да го оспорам предметов или нема никакви шанси оти е доста голема сума со се камати.
 
Ахаххаха помоли му се на Аце на плоштад. Ќе имаш работа.
 
Би сакал да Ве прашам дали е можно по закон да добијам целосно старателство на дете на кое сум биолошки татко и го имам признаено како мое и по извод го носи моето презиме меѓутоа со мајката не сме венчани.Мајката живееше со мене во вонбрачна заедница повеќе 1 година детето го роди кај мене дома и по 3 месеци си отиде.Сега ми се заканува дека ќе му го смени презимето на детето и дека ќе ми дозволи да го гледам само кога таа ќе сака.Имам аудио снимки на кои таа кажува дека не и е битно детето и дела ќе ми го остави и ќе си оди ама кога свати дека мојата љубов кон него е неизмерна почна да го користи како инструмент за да манипулира со мене.Ќе ве молам за совет и ако може и контакт од некој добар адвокат по оваа проблематика.Однапред Ви благодарам
 
Најубаво оди до социјално, они ќе ти кажат што треба да превземеш.
 
Значи вака, мајка ми и татко ми се разделени од пред 15 год. но не и разведени (од финансиски причини), така да мајка ми со помош на баба ми не има издржувано од тогаш како знае и може. Тој во меѓувреме ниту еднаш се нема појавено за помош (финансиска или било каква) иако го баравме во неколку тешки ситуаации во случај на болест или за школување и се остана така. Во меѓувреме ние некако завршивме школо и работиме кој како се снашол, со оглед на ситуацијата во која бевме. Но мислам дека не е фер да остане на тоа, некој со три деца (од кои едното со ментална заостанатост која идеше во посебна установа) да се извлече без даден денар, само ние знаевме како ни помина детството! Постои документ од социјалното дека мајка ми е самохрана мајка без работа која не е разведена но ги чува децата бидејќи тој не сакаше да плати за развод а таа не беше во можност па дури и сакаше да го прима детскиот додаток на времето иако не бевме кај него. Прашањето ми е дали можам да го тужам сега после толку време за да исплати за тие години?!?
Фала однапред
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom