Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Дали се плаќа за изработено полномошно од адвокат кое не е потпишано од клиентот, односно дали адвокатот може да бара наплата само за изработка на документот без потпис на странката која во меѓувреме се предомислува ?

Полномошното не се тарифира.
Ако е потпишано полномошно тогаш ако странката се откаже му должи ма адвокатот како за преземено едно правно дејствие (цена за состав на тужба).
Во конкретниот случај адвокатот има право да бара надомест за даден усмен правен совет, сте одржале средба сте разговарале, колку и што ви кажал не навлагам, исто како од заболекар до заболекар има разлика али на крајот и лошиот заболекар наплаќа како и добриот заболекар.
Сега тој ви бара за полномошно претпоставувам 1300 ден., веројатно тоа е и за консултацијата, али за сигурно прашајте го да си бидете и вие сигурно дека сè е подмирено.
Совет/консултација не се тарифираат за иста правна работа по потпишување на полномошно.
 
Имам прашање се работи за повозрасни луѓе. Ако опоменеш човек да не ти приоѓа околу куќата и прави штета имаш бавча (садници, лук, кромид) и тие лица, имаат крави, и кравите прават штета пред куќата. Пред куќата нема ограда, бидејќи е викенд-куќа во село.И бавчата се остало е буквално пред куќа.
Бидејќи човекот „не се разбира“ на укажување и продолжува со штета, може ли да се пријави во полиција и полицијата да го опомене така што тој сериозно ќе сфати: „не смее да ми приоѓа тука и да прави штета пред куќата“?
Сопственикот на имот (газдата) не сака да тужи ниту да бара обештетување од штета од кравите и газдата на кравите, тој само сака, преку опомена, да не му се приоѓа околу куќата и да не прави штета бидејки не се разбира кога некој ке му каже со зборови да не пушта стока пред куќа со што прави штета.

Крај краева исто така, дали постои судска забрана и како доаѓа до тоа? „не смее да ми приоѓа до имотот куќата.
Благодарам се работи за роднини кои мака мачат
 
Како адвокат ќе ти кажам најискрено, џабе ќе даваш пари по адвокати и ќе плаќаш судски трошоци, засади си детелина и стави една табела со предупредување: Пазете си ги говедата има засеано детелина, не превземам одговорност ако пасат од детелината на мојот имот.

Ќе видиш како магично ем евтино ќе се реши проблемот, никој сопственик нема да си ги пушти говедата да му пасат на твој имот.

Кај нас во село имаше еден човек кому секое лето му го крадеа бостонот (љубеници, дињи), наредна година стави табела: Имам истурено отров врз дел од бостонот, ако крадете, тоа е на ваша одговорност.
Верувајте никој не му го чепна бостонот од тогаш веќе со години, како велат стравот го чува лозјето.

:)
 
Тешка скршеница на рамо(humerus) за време на работно место,ми кажаа дека ми следува цела полна плата за првиот месец и после од вториот месец сум на платен список од државава.
Осигуран сум на работа,ме интересира кога да покренам процедура за оштета и повреда на работа,дали во теков или после завршеток на бoледувањето каде сум скоро 5 месеци.Конзервативен третман е,ме интересира колку приближно оштета следува и како иде процесот,потребно ми е правна поука.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom