Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Nikoj ne se pojavil na notar nema ni dogovor na izvrsitel
Разговарај со адвокат.
Nie isto imavme stari smetki neplateni pa vo 2006 mislam deka bese godinata, ni bea preckrtani taka da kazam...
Тигрица, што му кажуваш? Гледаш дека е соочен со извршител? Нему му е потребен адвокат, не форум
 
@mihajlo101 Михајло ситуацијава не е едноставна, ќе мораш да ангажираш адвокат, тој прво да направи увид во документацијата кај извршителот и нотарската исправа па да преземе понатамошни дејствија.
 
Дечки колку изнесуваат даноците кога се купува стан? Во ценава што ми ја кажуваат велат дека даноци се вклучени, но што опфаќа тоа? Кои даноци ќе треба јас да си ги платам?
 
Ако ти велат дека се вклучени, не треба да платиш. Обично градителите премолчуваат за данокот на заедничкото земјиште што ти следува. Ако за него не е платено, ќе поминеш со 3-4.000 денари
 
Ок значи вклучен е и данок на пренос. Исто да прашам, знам дека имаше некој данок кога купуваш стан 2-3% од вреноста на станот дека се плаќа кон држава, како иде тоа? Или и тоа е вклучено?
 
Вклучено. Ти велам, евентуално 3% од вредноста на заедничкото земјиште, најчесто така прават
 
Ок значи вклучен е и данок на пренос. Исто да прашам, знам дека имаше некој данок кога купуваш стан 2-3% од вреноста на станот дека се плаќа кон држава, како иде тоа? Или и тоа е вклучено?
За исто збориш, од 2 до 4% варира во зависност од општина/град Скопје.
Практика е купувачот да го плаќа данокот на промет кога се купува недвижност, ама има случаи кај што е засметан во цената.

Друг данок кој те збунува е данокот на имот кој се пресметува годишно, ама тоа е ако си веќе даночен обврзник.
 
Здраво

Ми се поплави станот пред 1 месец од следнава ситуација.
Се наоѓам во зграда на втор спрат, комшијата над мене (трет спрат) кој живее во Италија и тука е само на лето му пукнала цефката за вода, но пукнал делот пред главниот водомер т.е. тоа би било делот од ВОДОВОД (според мене), и тој ја имал исклучено водата пред да заминува надвод од Македонија. Кај мене штетата е голема (од причина што станот е празен), од 5 соби, 4 се поплавени т.е. зидовите се многу водени и слабо се сушат на ладново време. Од тие 4 соби, 2 се скоро целосно водени. Кај комшијата над мене само WC-то е поплавено затоа што таму пукнала цефката.

Е сега прашањето ми е, дали можам да го тужам комшијата за штетата кај мене (според мене тешко, но затоа тука прашувам) доколку не сака да се договориме некако, или дали можеме двајцата да го тужиме ВОДОВОД (па тоа уште потешко според мене, зашто со државно нема излегување на крај), или ништо од наведеното?

Секој совет е добредојден :D
 
Според мене, пукнатата цевка не е на Водовод, туку заедничка, на зградата. Цевката на Водовод е онаа, на која сте се приклучиле пред зградата. Мислам дека ништо нема да постигнете ако го тужите Водовод. Од друга страна, мислам дека нема да ти пројде ни тужбата против комшијата, бидејќи не пукнала цевката која е негова. Ако зградата е постара, не можете да го тужите ни градителот, односно изведувачот на водоводните инсталации. Имам впечаток дека секој ќе си ја покрие својата штета
 
Здраво.Сакам да прашам нешто. Продавам стан,е сега ми се јавија сигурни купци,со тоа што луѓето ќе земаат кредит станбен за да го купат станот.Може ли некој што се разбира ,која е постапката и дали и кои се ризиците.Знам дека треба преддоговор на нотар и треба проценител за хипотека.Дали прво ми ги префрлаат парите па,отпосле од кога ќе го префрлат на нивно име се отвара хипотека?Фала и поздрав
 
Здраво

Ми се поплави станот пред 1 месец од следнава ситуација.
Се наоѓам во зграда на втор спрат, комшијата над мене (трет спрат) кој живее во Италија и тука е само на лето му пукнала цефката за вода, но пукнал делот пред главниот водомер т.е. тоа би било делот од ВОДОВОД (според мене), и тој ја имал исклучено водата пред да заминува надвод од Македонија. Кај мене штетата е голема (од причина што станот е празен), од 5 соби, 4 се поплавени т.е. зидовите се многу водени и слабо се сушат на ладново време. Од тие 4 соби, 2 се скоро целосно водени. Кај комшијата над мене само WC-то е поплавено затоа што таму пукнала цефката.

Е сега прашањето ми е, дали можам да го тужам комшијата за штетата кај мене (според мене тешко, но затоа тука прашувам) доколку не сака да се договориме некако, или дали можеме двајцата да го тужиме ВОДОВОД (па тоа уште потешко според мене, зашто со државно нема излегување на крај), или ништо од наведеното?

Секој совет е добредојден :D
јас знам дека комшијата е должен да ти ја надомести штетата, водовод овде нема врска, консултирај адвокат.
јас викнав мајстор да санира на комшијата и си платив да доведе во првобитна состојба. не е лошо да си го осигураш станот, во вакви ситуации тие ќе те обештетат!
 
Здраво.Сакам да прашам нешто. Продавам стан,е сега ми се јавија сигурни купци,со тоа што луѓето ќе земаат кредит станбен за да го купат станот.Може ли некој што се разбира ,која е постапката и дали и кои се ризиците.Знам дека треба преддоговор на нотар и треба проценител за хипотека.Дали прво ми ги префрлаат парите па,отпосле од кога ќе го префрлат на нивно име се отвара хипотека?Фала и поздрав
ризик немаш доколку тие ти дадат пари за станот и ти нив им го продаиш со законски документ
хипотека може да земе само сопственик на стан, така да додека е на твое име тие не ножат да го дадат како гаранција за стамбен кредит.
види убаво со нив како планираат па појасни ни
 
Ми рекоа дека треба преддоговор на нотар да направиме. Имотниот лист да е чист.Ќе дошол проценител од банка за да може да се утврди колку ќе им одобрат кредит И дека банката ќе ми ги префрли директно мене парите .
 
Здраво.Сакам да прашам нешто. Продавам стан,е сега ми се јавија сигурни купци,со тоа што луѓето ќе земаат кредит станбен за да го купат станот.Може ли некој што се разбира ,која е постапката и дали и кои се ризиците.Знам дека треба преддоговор на нотар и треба проценител за хипотека.Дали прво ми ги префрлаат парите па,отпосле од кога ќе го префрлат на нивно име се отвара хипотека?Фала и поздрав
Проценител праќа банката, врз основа на склучен Преддоговор. Се оди на нотар, каде се изготвува Нотарски акт. Потоа се оди во банка, каде ти ги исплаќаат парите. Банката заведува хипотека на име на новиот сопственик. Немаш ризик, бидејќи Нотарот мора да го приложи доказот за уплата, за да се изврши промена. За друго не се замарај, купувачот со банката му ја мисли. Впрочем, најверојатно ќе треба да биде вклучен и адвокат
 
Здраво.Сакам да прашам нешто. Продавам стан,е сега ми се јавија сигурни купци,со тоа што луѓето ќе земаат кредит станбен за да го купат станот.Може ли некој што се разбира ,која е постапката и дали и кои се ризиците.Знам дека треба преддоговор на нотар и треба проценител за хипотека.Дали прво ми ги префрлаат парите па,отпосле од кога ќе го префрлат на нивно име се отвара хипотека?Фала и поздрав
Мораш адвокат да си ангажираш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom