Silvio
Strength And Honor
- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 311
- Поени од реакции
- 166
Дали има брачна сопсвеност тука е дискутабилно. Не појаснија дали парите на таткото се стекнати пред бракот али еве да кажеме дека биле од пред бракот. Иако таткото ги дал неговите пари, тој без неговата сопруга немал право првенствено и повластено да го купи станот. Ако се одело кон нормална продажба на станот тогаш цената би била далеку повисока и би имало веројатно и други купувачи. Што укажува на фактот дека без неговата сопруга тој стан можеби и немало да го купат (можеби поради немање доволно средства, станот би бил продаден на друго лице итн.), тоа се потврдува и со тоа што мажот го става станот на име на жената баш поради оваа причина. Веројатно во имотниот лист стои дека жената е целосен сопственик на станот.Не, тоа е комплетно негов стан нема тука брачна сопственост, за таква сопственост се смета коа имотот е стекнат у време на брак со средства стекнати во времетраење на бракот. Битно е потеклото на средствата со кои се стекнува имотот дали се пред или после стапување у брачна заедница.
Па овака се уредува како и секој друг имот при наследување, поклон итн.
И претходно читав негде дека секогаш по половина идел имотот што мажот и жената го стекнале у брачната заедниница.
Ова е само претпоставено ништо повеќе, си постои постапка каде што се докажува лесно кој колкав удел има.
И да се докаже дека станот припаѓа на таткото како посебен а не заднички имот, сепак мајката ке има свој дел бидејќи секако имала придонес во станот со одржување, некакво инвестирање макар и секојдневно, самото тоа што живее во тој стан во заедница има свој дел, и свој дел како наследник на брачен другар.
На прашањето сега на @badluckguy, во негова корист иде членот 92 од Законот за сопсвеност, кој гласи Заедничка сопственост во семејна заедница.
Ке цитирам дел од чл.92 став 3 -
„големината на делот на секој член се утврдува врз основа на придонесот на членовите кои учествувале во стекнувањето на правото на сопственост, зависно од вложениот труд, заработувачката, водењето на домашните работи, грижата за одржување на имотот и секоја друга форма на работа и соработка во неговото управување, одржување и зголемување.“