ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „Јустинијан Први“ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Mortisha
  • Време на започнување Време на започнување
Доколку некој од Вас Колеги на Правен факултет ги има доленаведените книги за да ги продаде/даде, нека ми пише во порака да се договориме... Ви благодарам.
Административно право 2011год, автори: Гризо Наум, Симеон Гелевски, Давитковски и Ана Павловска-Данева..

Казнено право општ дел 2011год, автори: Ѓорѓи Марјанович и Каневчев...+ посебен дел казнено 2011год. Камбовски и Тупанчевски

Трудово право - Гзиме Старова + Законот за работни односи
 
Некое советче за предметите од 6ти семсетар ? :D
Трговско право- Материјалот е ептен лесен. На усен испит треба да имаш знаење. Оцените се реални според тоа што си го кажал, ама не напинаат многу , не бараат детали и тоа прави предметов да е уште полесен. За испит меница ОБАВЕЗНО! Меѓународно приватно право- Ахххх јас во предметов бев заљубена! Тони можда не е најинтересниот професор, ама човекот има оооогромно знаење за материјата што ја предава и мене ми беше мило да го слушам. Оди редовно на предавања, фаќај белешки и ќе немаш проблем на испитот иако за многу ова беше најтешкиот предмет. Казнено процесно право- Предметов беше океј. Дел интересен дел тапа :) Испитот е писмен и да ти кажам искрено малце згора-здола ги имаа прегледувано изгледа :). Ииииии најлошото за крај. Граѓанско процесно право- светов ќе беше подобро место да живеење ако не постоеше испитов! Предавањата тапа, испитот претежок! На писмен испит само 2ца положивме тоа треба доволно да ти кажува. Немој да мислиш дека нешто не треба или дека не е битно. Се' може да се падне! И на усен испит не знам дали имаше повисока оцена од 8ка. И доста пишувам за предметов зошто ќе се изнервирам:)! За кај Татјана зборувам не знам кај Арсен како е. Среќно.
 
Немав услов за 5ти семестар есеноска и фатив сега оваа сесија,ги запишав заедно и 5ти и 6ти семестар пошто нели има таква опција. Е сега, додека немав запишано семестар не ми ги отвараше предметите од 5ти, пишуваше 'не постојат податоци за логираниот студент по избраниот предмет' пошто се водев како Е2. Сега пробувам гледам исто а семестрите ги запишав,нема да ми ги регистрира предавањата вака, џабе одам на факултет. Знае некој што е работава?
 
Последно уредено:

Мислaм декa тoa немa дa биде прoблем, зoштo и мене пример oд 5ти семестaр предметите не ми ги oтвaрaше,се дo првиoт кoлoквиум, пa немaв никaкви прoблеми нa крaј. Акo сaкaш дa бидеш 100% сигурен нaјди гo дрaги нa фб и пиши му.

Инaче другaри итнo ми требa мејл oд некoј oд кaтедрaтa пo вoвед вo прaвo нa ЕУ aмa oд некoј штo врaќa нa мејл. Anyone ?

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Ако има некој што бранел магистерска со ментор од катедрава по Облигации нека ми се обрати на консултации :)
 
Сакам да прашам, дали по предметот Политичка економија кај Владимир Кандикјан може да се користи копија (скрипта) или мора да се фукнат 1000 денари за оригинал книгите?
Истото прашање и за Политички систем книгата кај Марика Ристовска и Јелена (не знам презимето)?

И да, пол. економија лесен или предмет кој си бара повеќе напор е?
 
Немора оргинал, само не го носи учебникот на предавање :)
Пол. Економија е можеби најтешкиот предмете од 2 семестар, така да со време почни да си учиш. Поготово зезнат е колоквиумот.
 
По ништо не купувај оригинал книги! фрлање пари само! земи си скрипти и уживај.
 
А оти да не го носам? Да не го бара случајно оригиналот на испит? :unsure:
Што може да биде зезнато на влезниот колоквиум по пол. економија? :confused:

ps: иначе на двајцата фала на одговорите :)
 
А оти да не го носам? Да не го бара случајно оригиналот на испит? :unsure:
Што може да биде зезнато на влезниот колоквиум по пол. економија? :confused:

ps: иначе на двајцата фала на одговорите :)

За политичка економија ти препорачувам ако ви дава да бирате усно или писмено за испит да избереш писмено, полесно е.
 
Не не, никој не бара на испит учебник. Али да не носиш на предавања пошто може да се навреди, да се изнервира, пошто сепак нели е кршење на авторски право, итн итн. Иако на некои не им смета, дури и кога нивни се учебниците.
За политичка економија ти препорачувам ако ви дава да бирате усно или писмено да избереш писмено, полесно е.
Мислам дека иам слушано дека кај Кандикјан полесно било усно отколку писмено.
 
Не не, никој не бара на испит учебник. Али да не носиш пошто може да се навреди, да се изнервира, пошто сепак нели е кршење на авторски право, итн итн.

Мислам дека иам слушано дека кај Кандикјан полесно било усно отколку писмено.

Добро сеа, јас од лично искуство зборам. Дава три прашања и на тоа и на тоа. Јас бев прво усно ми рече 6ка не бев задоволна, си преполагав после и писмено добив 9ка. Така да, од моја гледна точка писмено подобро беше и имаш време и да размислиш и се.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom